македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

"Младинска иницијатива за еднаквост на жените"

 Од 1 до 10 Август во одморалиштето "Папаз Чаир" близу градот Гоце Делчев во Република Бугарија се одржа 10-дневна младинска размена насловена како "Младинска иницијатива за еднаквост на жените". Проектот е реализиран од страна на организацијата "Евроалтернативи 21" од градот Јакоруда со претседателка Фетие Шаранска и е финансиран по програмата "Млади во акција 2007-2013".

 
     
 

Проектот е насочен кон стимулирање на младинската активност во областа на човековите права, рамноправноста помеѓу мажите и жените и борба против половата дискриминација. Целта на оваа 10-дневна размена беше младите да го зголемат знаењето за меѓуполовата еднаквост и поефикасно да работат за надминување на предрасудите и стереотипите претсавени во улога на жените меѓу локалните заедници. Во младинската размена учествуваа 28 малдинци од четири земји: Бугарија, Македонија, Турција и Босна и Херцеговина. Претставници од Македонија беа: Тодор Димов, Анета Дачева, Марјан Наумов, Дарко Јованчевски, Душица Горгиева, Љупка Антова и Моника Додева.

 
     
 

Во рамките на проектот беа спроведени пет тренинг обуки и беше планирана информативна кампања во Европската недела за полова еднаквост. Во европски контекст беа дискутирани резултатите од две истражувања спроведени од страна на организациските партнери - за односот на младите кон прашањето на еднаквоста поме”у мажите и жените и улогата на медиумите за борба против дискриминација на жените. Проектот вклучуваше многу корисни информациии, теоретски и тренинг обуки, културна програма, креативни работилници и имаше изработка на тренинг материјали и беа дистрибуирани информации за проектот и за програмата "Младите во акција" на Европската Унија.

 
     
 

Марјан Наумов
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster АлексанДАР Богатинов