македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Внимавај на твоите дела, тие стануваат навика

Организација на жените на општина Свети Николе од 15 Март до 15 Јули 2009 година го реализираше проектот “Внимавај на твоите дела, тие стануваат навика” финансиски поддржан од Коалиција СЕГА и Локалната Самоуправа Свети Николе.

Целта на проектот е придонес кон зголемување на свеста кај младите за последиците од дрога, алкохол и цигари.

Оваа цел ќе се постигне преку предвидените активности во проектот:

  • Спроведување на две обуки за пеер едукатори од 7 и 8 одделение од трите основни училишта и I, II, III и IV година од средното училиште во општина Свети Николе.

  • Пренесување на стекнатите знаења од пеер едукаторите на нивните соученици.

  • Изработка, печатење и дистрибуција на информативни флаери

  • Лобирање кај директорите во училиштата и соработник за образование, култура и спорт при Локална Самоуправа Свети Николе за воспоставување на редовна годишна тренинг програма за информирање на учениците за последиците од користење на дрога, алкохол и цигари во трите основни и средното училиште во општина Свети Николе

- На 11, 12 и 23 април беа спроведени две обуки за пеер едукатори на кои учениците/пеер едукаторите беа едуцирани за последиците од користење на дрога, алкохол и цигари од страна на едукаторка - докторка и исто така беа едуцирани за комуникациски вештини кои им се потребни за предавањата наменети за своите соученици.

- Од 27 Април до 18 Мај пеер едукаторите предаваа на своите соученици во училиштата последователно на три одделенски односно класни часа предаваа на овие теми. Исто така секој ученик доби и по еден информативен флаер за последиците од користење на дрога, алкохол и цигари.

На 03 Јули се одржа тркалезна маса на која присуствуваа директорите на ОУ „Кирил и Методиј“, на ОУ „Даме Груев“ – Ерџелија, психологот на СОУ „Кочо Рацин“, Соработникот за образование, култура и спорт при Локална Самоуправа Свети Николе, Градоначалникот на општина Свети Николе, Инспектор за превенција, Самостоен инспектор за превенција, Инспектор за сообраќај и Директорката и стручниот тим од Центарот за социјални работи . На Тркалезната маса се направи преглед на моменталната состојба во градот за користењето на дрога, алкохол и цигари и се презентира идејата за воведување на редовни проектни активности секоја учебна година за информирање на учениците за последиците од користење на дрога, алкохол и цигари во основните и средни училишта во Свети Николе. Се разговараше оваа активност да се реализира преку обука за пеер едукатори која ќе започне во 7 одделение со што во наредните учебни години – 8 одделение и I, II, III и IV година ќе се спроведуваат напредни обуки за дополнување на информациите за овие теми кои пеер едукаторите би ги пренесувале преку различни иновативни пристапи на своите соученици.

 
     
 

Ивана Јордановa
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов