СЕМИНАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ ЗА ЧЛЕНКИТЕ НА
МРЕЖАТА
Во рамките на проектот “Креирање на услови за
поправедно општество 2” финансиран од Шведската фондација KVINNA
TILL KVINNA на 23-24.05.2009 година Организацијата на жените на
општина Свети Николе го реализираше дводневниот семинар на тема
“Управување со проекти”. На семинарот учествуваа 26 учеснички од 11
женски НВО-и: ОЖО Свети Николе, ОЖ Пробиштип, ОЖ Крива Паланка, ОЖ
Гевгелија, ОЖ Струмица, ОЖ Кумановка, ЗЖ Искра - Битола, ОЖ Китка -
Прилеп, Нов живот- Штип, ОЖ Кочани, Ауреола- Струга.
Целта на семинарот беше обука на членките на мрежата со цел
зајакнување на нивните капацитети за изработка и реализирање на проекти.
Учесничките во текот на семинарот се обучија како полесно да ги
планираат проектните активности, да го напишат проектот и да аплицираат
со цел реализирање на нивните проектни активности. Семинарот беше
поделен во два дена така што првиот ден се обработија 4 теми за тоа што
е проект, дефинирање на проблемите и потребите, анализа на
заинтересираните страни и целните групи, дефинирање на целите и
планирање на проектните активности. Во вториот ден се обработија две
теми и тоа: утврдување на потребните ресурси за реализација на проектот,
определување на индикаторите на успешност, ризиците и претпоставките кои
можат да се јават при реализацијата на проектот и креирање на буџет на
проектот. Исто така на учесничките им беше презентирана и постапката за
аплицирање кај определени донатори. Секоја од темите се обработуваше по
90 минути.
|
|
|
|
Радмила Сандева Крстова
Организација на жените на општина Свети Николе