Семинар за оценување "Let’s
EVALUATE with our Neighbours"
Од 06 до 10 Октомври 2009
година во Констанцин Језиорна, Полска се одржа семинарот за оценување
"Let’s EVALUATE with our Neighbours" на
кој учествуваше и нашиот претставник Александар Богатинов.
Семинарот како единствен настан од таков вид во последните три години во
Европа беше во организација на:
-SALTO за
Источна Европа и Кавказ;
-SALTO за
ЕуроМед земјите;
-SALTO за
Југоисточна Европа ;
-Полската, Француската и Словенечката национална
агенција за Програмата “Млади во акција”
Цели на семинарот беа:
-Евалуација на претходно завршени проекти во рамките на програмата
“Млади во акција”;
-Размена на искуства;
-Презентација на добри практики од спроведени проекти во партнерство со
соседните партнерски земји;
За време на семинарот беа развиени препораки
за добри партнерски проекти со соседните земји во иднина. Препораките
заедно со некои од примерите за добри практики ќе бидат објавени во
публикација која во наредните години ќе биде дистрибуирана низ Европа,
Русија и Медитеранските земји.
Од семинарот
произлезе и базата со проекти-примери за добри практики која од
15 Октомври веќе е објавена на интернет:
http://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/
Во ова база
нашата организација е претставена во 2 проекти:
http://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/100.html
http://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/119.html
tp://www.salto-youth.net/NPC_good_practise_projects/119.html
Учесници на семинарот:
На семинарот учествуваа 60 искусни младински работници (30 од
програмските земји, по 10 од трите региони соседи на Европската Унија -
Југоисточна Европа, Источна Европа и Кавкаски регион и Медитеранските
земји) со искуство во проекти со земји соседи на Европска Унија во
рамките на Акциоја 2 и Акција 3.1. На семинарот освен младинските
работници учествуваа и раководни лица од 8 Национални агенции (меѓу кои
и од Македонската) и од три SALTO регионални
центри.
Александар БОГАТИНОВ
Организација на жените на Општина Свети Николе
|