РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДОВИ ОДНОСИ ЗА КОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ
МОЖНОСТИ
Во рамките на проектот “Креирање на услови за
поправедно општество” финансиран од Шведската фондација Kvinna till
Kvinna , на 30.06.2009 година се одржа еднодневна работилница за родови
односи за членовите од Комисијата за еднакви можности при Советот на
општина Свети Николе. На работилницата присуствуваа : Даниела
Арсенова претседателка на Комисијата, Валерија Ивановска,
Славица Панева, Стојче Анастасов членови на
Комисијата и Маја Серафимова советничка во Советот на
општина Свети Николе.
Целта на работилницата беше зајакнување на
капацитетите на членовите на комисијата, со цел поуспешно планирање и
спроведување на планираните активности на Комисијата во наредниот период.
На работилницата, членовите на Комисијата се запознаа со основниот
концепт на родовите односи, женските човекови права, најчестите форми на
дискриминација и прекршување на првата на жените, начините и
инструментите за заштита на жените жртви на овие прекршувања. Воедно се
дискутираше за потребата од превземање на активни мерки и политики со
цел подобрување на положбата на жените во општината. Членовите се
информираа за начинот на работа и функционирање на комисијата и за
можностите за заедничка соработка со женските НВО со цел подобрување на
положбата на жените во општината. Членовите на Комисијата се запознаа со
Законот за еднакви можности на жените и мажите. Од работилницата
произлезе потребата за поактивно спроведување на активностите планирани
со трогодишниот акционен план за родова рамноправност кој беше усвоен во
2008 година од страна на Советот на општината.
|
|
|
Радмила Сандева Крстова
Организација на жените на општина Свети Николе