english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

Едукативен камп

По завршување на меѓународната конференција во Струга во месец мај работниот тим започна со подготовките околу одржувањето на едукативен камп за 150-те волонтери во Дојран.

Менторите одпжаа 4 средби каде што се извршија сите подготовки околу одржување на едукативниот камп (обезбедување на сместување, обезбедување на превоз, печатењена сертификати за волонтерите и др.) Беа одржани две средби ментори – волонтери со цел волонтерите да се информираат за активностите кои престојат за реализирање на едукативниот камп. За секој волонтер беше побарано согласност од страна на родителите. Се одржа средба со Градоначалникот на која што беше побарано Локалната Самоуправа на општина Свети Николе да партиципира за сместување на волонтерите во детското одмаралиште – сопственост на Локалната Самоуправа. На ова барање Локалната Самоуправа на општина Свети Николе одговори позитивно.

Во период од 12 до 14 јуни 2009 година се реализира едукативен камп во Дојран.

На кампот учествуваа 150 волонтери и 8 ментори. Во рамките на едукативниот камп во Дојран се организираа едукативни работилници. На работилниците беа разработени теми за: тимска работа, очекувања, искуства, проблеми , придобивки од волонтерската работа.Вoлонтерите преку работа во групи ги изнесоa нивните очекувања, видувања и размислувања за придобивките од волонтерската работа, потешкотиите и проблемите со кои се соочиле во текот на пружањето на услуги на корисниците. На овој начин волонтерите разменија искуства и идеи , ги согледаа позитивните работи кои можат да ги применат при пружањето на волонтерски услиги на корисниците и како постапиле во конкретни ситуации кога се соочувале со одредени проблеми и како ги надминале истите.

Организирањето на едукативниот камп во Дојран на 150-те волонтери им овозможи да ги зголемат своите знаења за волонтерската рабоta и им се даде нов поттик да продолжат со пружањето на волонтерски услуги на лица на кои им е најпотребна помош.Овозможувајќи да се сретнат сите на едно место се продонесе волонтерите подобро мегу себе да се запознаат и неформално да се дружат.

На завршетокот на кампот на секој волонтер му беше доделен сертификат како признание за учество и за неговиот личен придонес во проектните активности.

 
     
 
     
 
     
 
     
 
 

 

 

     
 
     
 
     
 

     

Фросина Мишева
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2009 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов