Работилница во Дебар на тема “Превенција од
Трговија со луѓе”
Во рамките на проектот “Креирање на услови за
поправедно општество 2” беше одржана работилница на 07.12.2009
година во Дебар на тема Превенција од Трговија со луѓе. На неа беа
присутни 19 млади на возраст од 15 до 18 години од различен
социо-економски статус и национално потекло. На почетокот младите беа
запознаени со проблемот трговија со луѓе,беа разграничени разликите што
е проституција а што е трговија со луѓе и се разговараше за состојбата
во Македонија општо како и во самиот град.
|
|
|
Работата беше интерактивна а се работеше и во мали
групи. Учесниците беа поделени во три групи. Првата група имаше за
задача да ги напише причините за појава на трговија со луѓе, втората
група да напише за начините на вовлекување во трговија со луѓе, а
третата да напише за последиците и можностите за извлекување од мрежата
на трговија со луѓе. Потоа следеше презентација на секоја група
пооделно. Во текот на работилницата активно учествуваа сите присутни. На
крајот на работилницата се зборуваше што треба да направат и како да се
заштитат при заминување во странство а да не западнат во мрежата на овој
организиран криминал. На учесниците им беше поделен пропаганден
материјал, тефтерчиња , пенкала и папки.
Фросина Мишева
Организација на
жените на општина Свети Николе