Меѓународен ден за борба против корупцијата - 9
Декември
По повод 9 Декември - меѓународниот ден за борба против корупцијата.
Организација на жените на општина Свети Николе како
член на коалицијата О-Корупција , во Свети Николе дистрибуираше црвени
картони - пропаганден материјал на Коалицијата.
Црвените картони беа дистрибуирани во Локалната
Самоуправа на општина Свети Николе каде беа залепени 3 постери еден на
влезот на општината , еден во инфоцентарот и еден во канцеларијата за
месни заедници. Инаку дистрибуција на пропаганден материјал и поделена
информација со граѓаните на Свети Николе беше направена и во основното
Училиште Гоце Делчев и залепена плакатата на влезот од училиштето, на
случајните минувачи во центарот на градот и плоштадот, во бутици,
цвеќари, ИК Банка, книжари, НВО и други случајни минувачи низ центарот
на градот.
Информација за настанот - меѓународен ден за борба
против корупцијата 9 Декември беше пренесена и на локалната ТВ Свет .
Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе