Работилници на тема Семејно
насилство
Во рамките на проектот “Креирање на услови за
поправедно општество 2” на 08.12.2009 година во Свети Николе беa
одржани две работилници на тема Семејно насилство.
На едната работилница целна група беа жени од општина
Свети Николе, a на втората работилница присуствуваа младинци на возраст
од 12 до 18 години од различен социо-економски статус. Според програмата
се работеше на тема сензибилизирање на семејното насилство и улога на
институциите и НВО секторот во борба против семејното насилство. На
почетокот учесниците беа запознати со проблемот и видовите на семејно
насилство, сензибилизација и улогата на релевантните фактори во
спречување на семејното насилство . На крајот од работилниците на
учесниците им беа поделени флаери и виолетови машнички –симбол за борба
против семејното насилство.
|
|
|
На 08.12.2009 година во рамки на 16 меѓународни дена
борба против семејно насилство во локалното радио Свети Николе беше
одржана и една едночасовна радио емисија на тема препознавање на
семејното насилство и информирање за работата на канцеларијата за
бесплатна правна и психосоцијална помош за жени жртви на семејно
насилство која веќе трета година ефективно работи во состав на
Организацијата на жените на општина Свети Николе.
Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе