македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Средба со мрежата во рамки на проектот

“Креирање на услови за поправедно општество 2”

Организацијата на жените на општина Свети Николе во рамките на реализацијата на проектот “Креирање на услови за поправедно општество 2” финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA во соработка со 16 женски Невладини Организации од Р.Македонија одржа заедничка средба на тема: сумирање на резултатите од мониторингот на имплементацијата на програмата за рано откривање на болестите на репродуктивните органи кај жената во РМ во 2009 година и превземање на идни активности за доследно спроведување на истата.

Средбата се одржа на 07.11.2009 (Сабота) со почеток од 11 часот во канцеларијата на Организацијата на жените. На средбата присуствуваа 11 преставнички од Организациите : ОЖ ,,Киткаод Прилеп, Организација на Жените од Битола, Организација на Жените од Пробиштип, Нов живот од Штип, Организација на Жени од Кочани, Женски центар од Дебар, Организација на Жените од Гевгелија , Организација на Жените од Струмица , Организација на Жените од Крива Паланка и Организација на Жените на општина Свети Николе.

 

На средбата се дискутираше за моменталната состојба околу спроведувањето на Програмата за рано откривање на болестите на репродуктивните органи кај жената во РМ во 2009 каде целна група се жените во РМ кои не се здравствено осигурени и жени кои се здравствено осигурени но не добиле плави картончиња во последните три месеци на возраст од 20-65 години.

Воедно целта на оваа програма е да се започне со припремни активности за организиран скрининг на цервикален карцином и воспоставување на пилот проект за организирање на организиран скрининг. Акциониот план за организиран скрининг (пилот проект за 2009) опфака скрининг за жените од градот Прилеп.

На средбата преставничките од мрежата изнесоа официјални податоци од нивните градови во врска со спроведувањето на бесплатните пап тестови во рамки на основниот пакет и имплементирање на Програмата за 2009г .

На крај од средбата се донесе заклучок дека имплементацијата на Програмата за репродуктивно здравје за 2009 година во Прилеп не се спроведува адекватно и дека е потребно за тоа да се информира Министерството за здравство за да во иднина се преземат одредени мерки за успешно имплементирање.

Даниела Панева
Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster