“Различни бои една игра - со спорт
против расизам и дискриминација“
Организација на жените на општина Свети Николе во
партнерство со Друштво за развој на доброволна работа Јагодина-Србијa,
Плави телефон Загреб-Хрватска, Друштво за развој на доброволна
работа Ново Место-Словенија, Младински центар Херцег Нови-Црна
Гора и Лотос Зеница-Босна и Херцеговина го реализираа
проектот “Различни бои една игра - со спорт против расизам и
дискриминација“, финансиски подржан од Европска Младинска Фондација
при Советот на Европа. Цел на проектот е придонес во надминување на
предрасудите и стереотипите на спортските терени.
|
|
|
Како една од проектните активности беше објавениот
литературен и ликовен награден конкурс на тема „Различни бои една
игра, со спорт против расизам и дискриминација“. На отворениот конкурс
учествуваа млади од 13 до 18 години од училиштата во сите 6 градови на
партнерските организации. За првите три места и од литературниот и од
ликовниот конкурс имаше парични награди. Од наградените творби се
изработи каталог кој потоа беше дистрибуиран во сите шест градови.
|
|
|
Друга проектна активност беше караван од волонтери
на Организација на жените на општина Свети Николе кој започна на 17
Октомври во Свети Николе и продолжи низ партнерските градови се до 24
октомври кога во Зеница-Босна и Херцеговина се одржа завршна
манифестација. При посетата на караванот во секој град се одигра
перформанс во подготовка и изведба на 8 волонтери од Организација на
жените на општина Свети Николе, се делеа флаери и каталози, се
организира ликовна изложба со сите пристигнати ликовни трудови на
конкурсот и се одржа литературно читање на трите наградени трудови.
Завршната манифестација се одржи во Зеница-Босна и
Херцеговина каде што покрај перформансот, ликовната изложба и
литературното читање, се одигра и фудбалски натпревар со мешани тимови
од по двајца волонтери од сите шест партерски организации.
Јасмина Трајчева
Организација на жените на општина Свети Николе