македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

“Локални и претседателски избори

Во месец Февруари 2009 се одржаа 6 едукативни работилници за правата од изборниот процес , важноста од излегување на избори и искористување на своето законско право на глас. Проектна активност на Организацијата на жените , а финансиски подржана од Шведската фондација Kvinna Till Kvinna.
Целна група беа жени од 6 руралните средини на општина Свети Николе сметајки дека жените од руралните средини се понемотивирани за учество во изборниот процес и дека во доминантната позиција се мажите. Овие жени вообичаено гласат под притисок или по убедување на своите сопрузи и други машки членови од семејството, незнаејки дека нивното право на глас на тој начин е злоупотребено.

 

Теми на едукативните работилници беа : информирање за правата од Законот за изборите , новитети од Изборниот Законик , важноста за гласање и промовирање на кодексот за фер и демократски избори. Едукаторка на работилниците беше правничката Даниела Панева.

Предавања се одржаа во 6 села:

На 17.02.2009 во с.Амзабегово во просториите на ОУ”Даме Груев” се одржа првата работилница,втора работилница се одржа во с Црнилиште, на 18.02.2009 во просториите на ресторан “Илинден”. На 19.02.2009 во с.Мустафино се одржа третта по ред работилница, четвртата едукативна работилница се одржа на 25.02.2009 во с Кадрифаково.

 

На 26.02.2009 во с Ерџелија, во ОУ”Даме Груев” се одржа 5та едукативна работилница и последната , 6та едукативна работилница се одржа на 27.02.2009 во с Горобинци.

 

На сите работилници учеснички беа вкупно 106 жени од 6 села кои на обуката имаа можност да се запознаат со новините кои ги нуди Изборниот Законик , начинот на гласање но и улогата на локалната власт и придобивките кои ги носи децентрализацијата. Во две села (с.Амзибегово и с. Кадрифаково) имаше присутни и млади девојки кои сега станале полнолетни и на кои за првпат ќе им се укаже можност за гласање , затоа заради подобро информирање за постапката и начинот за гласање учесничките импровизираа избирачки одбор.

Во презентациите на работилниците учесничките се информираа и за работата на Комисијата за родова еднаквост. Секоја едукативна работилница траеше по 90 минути.

Даниела Панева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2011 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster