|
Почитувани пријатели - наши читатели,
Ми претставува
големо задоволство што сме повторно заедно, а воедно ме радува фактот
што се зголемува бројот на нашите пријатели-читатели.
Драги наши читатели Ви благодариме на сите добри зборови за нашиот
весник. Им се заблагодарувам на сите оние што одвојуваа и ќе одвојуваат
време за нашиот весник , на сите оние кои ни помагаат со фотографии и
текстови.
Од претходниот број имаме и надворешни соработници, повторно ја
упатувам поканата до
сите оние кои имаат текстови кои би биле интересни за нашите читатели да
ни ги испратат на
vavilons_nikole@yahoo.com .
Ве поздравувам сите и Ви посакувам, каде и да сте, со кого и да
сте имајте убав помин и нека среќата и добрите мисли бидат со Вас во
пролетта 2005.
21 Март 2005 година,
Свети Николе |
Искрено Ваш,
Александар Б. |
Во овој број на нашиот
електронски весник „ВАВИЛОН“ може да прочитате за:
Од Свети Николе и Светиниколско
:
-
Мандолинско музицирање во Свети Николе ;
- Моќта на Говедар Камен ;
Македонски преродбеници
:
- Рајко Жинзифов ;
- Григор
Прличев - " Сердарот ";
- Писмото зрак на
светлина низ времето ;
Претставници на Виенската класика ;
- Волвганг Амадеус
Моцарт ;
- Франц Џозеф Хајден ;
- Автомобил класична перфекција -
"Бентли" ;
- Посебни услови
при работа на моторот ;
Познати
филмски актери
:
- Сер Ентони Хопкинс ;
- Мајкл Даглас ;
Надворешни
соработници
:
- Интервју ;
- Констанца - бисерот на Црно Море ;
- Како да преживеете на минус 25 ;
- Здрава исхрана ;
- Техника на сликање - темпера ;
- Избор на СМС пораки ;
- Лични творби на наши
Вавилонци ;
- Вицотека ;
- Песнарка ;
ПРЕТХОДНИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТОНСКИОТ ВЕСНИК
"ВАВИЛОН"
(кликни)
|
|
|
ОД СВЕТИ НИКОЛЕ И
СВЕТИНИКОЛСКО
МАНДОЛИНСКОТО МУЗИЦИРАЊЕ ВО СВЕТИ
НИКОЛЕ
Мандолинското музицирање во Свети Николе има долга
историја. Мандолината како медитерански инструмент е широко
распространета меѓу младите Светиниколчани, кои се големи вљубеници во
овој тип на музицирање. За тоа, голема заслуга има музичкиот педагог
Кирил Трајковски кој со своето
несебично залагање придонесе за популарноста на мандолината, пред се
меѓу младите луѓе не само во Свети Николе туку и пошироко.
Веќе 35 години овој град живее со настапите и успесите на мандолинскиот
оркестар. За жал, градските татковци и домот на културата - единствена
институција во градот многу малку водат грижа за мандолинскиот оркестар
иако свесни за неговаата популарност. Сепак Кирил Трајковски во овие 35
- години со својата музичка дејност е единствениот виновник за неговото
опстојување. Непосреден е фактот дека мандолинскиот оркестар бележи
голем број резултати, во сите овие години. Потврда за тоа се
многубројните пофалници, дипломи, признанија. Оркестарот е редовен
учесник на фестивалот на мандолински оркестри во Прилеп, каде редовно
освојува едно од првите места, а диригентот Трајковски прогласуван за
најдобар диригент на фестивалот. Исто така оркестарот е редовен учесник
на културните збиднувања во градот, но и пошироко. Постарите
генерации многу добро се сеќаваат на
успесите на оркестарот во поранешна Југославија. Далечната 1978
година, Оркестарот како победник на Републичкиот фестивал во Прилеп,
настапи како претставник на Македонија на Сојузот на тамбурашка музика
во Осијек "Звуци
Паноније",
каде беше прогласен за најуспешен, а диригентот за најдобар.
Таа 1978 година длабоко ќе остане
запаметена во аналите на овој оркестар како една од најуспешните и по
фактот што во месец јуни истата година во Пале близу Сараево,
повторно го освојува првото место, воедно приредува програма во чест на
другарот Тито.
Како награда за најдобар оркестар во Прилеп 1979 година настапи на
фестивалот Златно Славејче заедно со Македонската филхармонија. Овде би
ги споменале и многубројните настапи во Ќиќевац - СРЈ, како и
многубројните снимања за потребите на МРТВ.
Низ својот растеж мандолинскиот оркестар стана традиција на музичката
сцена во градот. Со првите настапи младите членови ги мамеа вљубениците
во убавата музика и со внимание го следеа нивното музицирање,
наградувајќи ги со бурни аплаузи. Оркестарот под раководство на Кирил
Трајковски сите овие години работи во рамките на Домот на културата во
Свети Николе, Доброволното противпожарно друштво, ОУ
"Кирил и Методиј
", Ловниот
дом. Успесите се многубројни, но и потенцијалот за уште поголеми успеси
постоеше и уште постои.
Пред извесно време, Кирил Трајковски издаде книга наменета за
мандолински оркестри, во која се опфатени 10-композиции-суити за
мандолински оркестар, со еден заеднички наслов
"Под источно небо".
Единствена книга од ваков вид кај нас. Во
овие композиции преовладува обработка на стари Македонски песни и имаат
големо значење за пополнување на една празнина на мошне сиромашната
литература за овој вид на музицирање.
Промоцијата покажа и докажа дека овој град сместен во Овчеполието е
голем љубител на мандолината, и дека овие млади луѓе се вистински
музички виртуози. На промоцијата како гости свое учество зедоа
мандолинските оркестри од Берово од О.У.Дедо Иљо Малешевски, и од Битола
од КУД Стив Наумов кој со својот успешен настап ја воодушеви
многубројната публика, а таа знаеше да ги награди со бурни аплаузи. Како
рецензенти на книгата се појавија: Коле Тарбески - долгогодишен музички
педагог од Прилеп, и Живко Пармаковски - Диригент и музички педагог во
пензија од Битола.
Интересен е и податокот што неколку ентузијасти, дел од онаа
"златната
генерација"
од 1978 година, веќе денес ја реализираа
својата дамнешна желба за формирање на
градски мандолински оркестар,со кои
вистински би го вратиле духот на мандолината и нејзиниот звук, кој
претставувале и се уште претставуваат гордост на овој град.
Денес овој оркестар го носи називот Градски мандолински оркестар
Свети Николе и работи во рамките на Меѓународниот Славјански
институт од Москва со седиште во Св.Николе. Во овој состав оркестарот
работи од Септември 2004 година под диригенство на маестро Кирил
Трајковски и веќе за само неколку месеци постоење имаше гостување во
Битола по повод Новогодишниот концерт, кој го приредува секоја година
КУД Стив Наумов од Битола.
Оркестарот добива позитивни критики а во план се неколку гостувања низ
републикава и надвор од неа. Овде би ја потенцирале и поканата која
пристигна на адреса на оркестарот за настап на меѓународен фестивал на
мандолински оркестри во Сплит (Република Хрватска) во месец
мај 2005 година.
Оркестарот во овој момент има голема подршка од
градоначалникот г-дин Јордан Ѓорчев а и од своите сограѓани.
Мики Трајковски
на
почеток=
|
|
|
МОЌТА НА ГОВЕДАР КАМЕН
Во срцето на Овчеполието, во атарот на село Пеширово,
на одалеченост од седум километри по магистралниот пат Св.Николе - Штип
од левата страна кон село Ерџелија, скриен од погледот на патниците се
наоѓа популарно наречениот Говедар
Камен - симбол на женската родност.
Верувањето во моќта на најразлични предмети е честа појава кај сите
народи. Во скоро сите региони постојат такви места, меѓутоа со својата
оригиналност и димензии посебно во Овчеполието се издвојува
таканаречениот Говедар Камен. Со својата појава на благата падинка и
неколку метарската висина се издигнува над рамното како тепсија
Овчеполско поле. До каде досегнува погледот од оваа височинка не може да
се најде друго возвишување, или карпа или камен како што е Говедар
Камен.
Специфичноста на каменот не е само по неговата големина туку и по
верувањето дека ја лекува неплодноста кај жените,
ова верувањето за ваквата моќ на каменот се
темели на една легенда.
Многу одамна некој цар имал само ќерки. Затоа кога царицата останала пак
бремена, тој ,пред да замине во војна, и се заканил дека до колку пак му
роди женско дете да не го чека. Царицата родила машко дете, но нејзините
дворјанки , во големиот страв го замениле детето мислејки дека пак ќе
биде женско, со едно циганско машко дете. Кога се вратил царот ја
слушнал саканата вест : Царицата му родила син.
Годините минувале. Несудениот царски син растел и се повеќе ги покажувал
особините на својот цигански род : си играл со децата дека е циган и ги
терал да лајат по него, да му ги кинат алиштата, имитирал како проси.
Напоредно вистинскиот царски син, како цигански посинок, ги чувал
селските говеда. Меѓутоа и тој ги покажувал сите знаци на своето
потекло. Ги чувал говедата околу овој камен и се замислувал дека тие се
војска, а тој од Каменот командува како вистински цар.
На царот му станало сомнително однесувањето на лажниот син. Затоа еднаш
заканувајќи се со најлошото ги натерал дворјанките да ја кажат
вистината. Кога ја дознал вистината веднаш со својата придружба пошол да
го бара вистинскиот син.
Царот го нашол својот син седнат на каменот. Сакајќи да провери дали
навистина говедарчето што седи на каменот е неговиот син, го прашал,
колку вреди тој како цар, облечен во златни алишта и со сета своја
придружба.
Говедарчето го погледнало и му рекло:"Што
е твоето богатство во однос на еден убав априлски дожд врз ова поле".Тогаш
царот сватил дека тоа е неговиот син и прегрнувајки го, благословил
сите оние што немаат деца да доаѓаат овде и да си најдат лек за својата
мака.
Така вели преданието, но и сведоштвата на најстарите жители од овој крај
потврдуваат дека и пред сто години, на каменот доаѓале луѓе барајќи спас
од болест за која и современата медицина често нема лек.
За време на Ѓурѓовденските празници, односно на 5-6 Мај на Говедар Камен
секоја година доаѓаат стотици жени од сите краеви на земјава и странство
да побараат лек за својата мака.
На овој празник секоја жена што нема деца, доаѓа кај каменот и бара
побратим кум - (непознат маж) кој ќе и помогне да го изведе обредот.
Жената зема црвен и бел конец и три пати заедно го мотаат околу каменот.
Потоа со побратимот се качуваат на каменот и од конците плетат појас за
жената која го врзува околу појасот и се замива од водата што е собрана
во вдлабнатината на каменот.
Жената го носи појасот до наредната година и откако ќе добие дете, доаѓа
со детето на каменот и донесува подарок најчесто јагне, машко или женско
во зависност какво е детето.
Освен за ова на Говедар Камен доаѓаат луѓе заради здравје, заради
успех во животот и за се што неможе да се најде лек.
Говедар камен останува над времињата и над просторот, да пркоси на
времето и со својата чудесна моќ да им помага на луѓето.
Ведран Миланов
на
почеток=
МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ |
|
|
РАЈКО
ЖИНЗИФОВ
Македонскиот народ бил многу поробуван. Во едно време
на кулминација на тоа пет вековното ропство на 15
Февруари 1839 година
во Велес
е роден еден од Македонците кои многу
значат за македонската иднина. Рајко Жинзифов е еден член од семејството
на погрчени власи од Јужна Македонија и Јужна Албанија, од мајка Марија
Димзова и татко Јоан Ѕинѕиф, по потекло се од Битола и двајцата. Негоото
правилно име е Ксенофон Ѕинѕиф.
Рајко едно типично словенско име доста
препознатливо за Македонците. Име,
но истовремено и синоним на едно првенче на македонската литература и
јазик. Овој Македонец својата основа ја добил во Велешките училишта.
Преку доста писма Жинзифов остава податоци за неговиот живот. Такви
податоци остава и преку писмото до Петар Иванович Бартенев во кое вели:
“Јас бев 17 години, кога татко ми беше принуден да го напушти своето
семејство и да го остави во мои раце без ништо, и јас не можам да ги
оставам во татковината без парче леб мајка си, сестра ми и малечкиот
брат. Наскоро ми отчука и дваесет и
четвртата година, а мене друг ме облекува, храни и учи...”-преку овие
зборови тој ни го опишува тешкиот младешки живот. Татко му дипломирал на
медицинскиот факултет. Отпрвин бил лекар но сиромаштијата го отуѓила од
семејството. Сепак Жинзифов не се
откажува уште на почетокот на животот и во 1856 година отпатувал во
Прилеп. Овде во овој град се спријателуваат две преродбенички души Рајко
Жинзифов и Димитар Миладинов. Стануваат многу добри пријатели и за две
години оставаат многу спомени за тоа цврсто пријателство. Во 1858 година
Жинзифов не можејќи да живее нормално во својата татковина тој емигрира
во Москва. Москва позната по својата суровост го остава Жинзифов две
години да талка низ неа. Во 1860 година оваа македонска душа среќно се
запишува на Историско - Филолошкиот Факултет, но сепак со мала
стипендија. Тешко е да се живее во Москва за ова се доказ и тие
Жинзифови години поминати во некоја примитивна собичка во големата руска
метропола. Иако во тешки услови Жинзифов го завршува факултетот и добива
престижна диплома. Потоа како активен македонски емигрант остава многу
важни дела како што се песните "На
Велигден”, “Глас”, поемата “Крвава кошула”
и првиот расказ во нашата литература “На
прошедба”. Неколку години пред
смртта ја посетува и Романија. Но студената московска клима му ги
раскинува младешките гради. Заболен од туберкулоза умира на својот
триесет и осми роденден. Далеку
од своето родно место што подалеку од очите тоа поболно на срце. Се роди
новата душа на 15 Сечко, а на исти 15 за 38 години Сечко срцето му го
исече. Наместо слава на триесет и осмата година и подароци, остана само
леден бакнеж на пожолтеното мртво лице. Неговото дело фрли семе на
новата македонска литература и јазик. Од тоа семе и ние денес ги
потхрануваме потребите за култура и речник. Иако неговиот живот беше
поделен на два дела тој стана важна личност. Првата животна доба ја
помина дома како младо недораснато дете оставено само да се снаоѓа уште
од мали нозе, а втората како зрела личност која е принудена да бега од
татковината. Тој вториот животен дел е многу поважен кој иако го
поминува како емигрант тој успева да го искористи доста рационално.
Живееше од 1839 - 1877 скоро четири недовршени децении доволни за да се
постави основа на нешто поробено и насила уништено. Името негово се
вбројува во оние преродбенички писатели од крајот на XIX век. Од голема
важност е неговото дело (поезија, проза, публицистика, превод). Во
неговата поезија многу е изразена лириката која ги прави посебни
песните. Во прозата негова се вбројува
и првиот македонски расказ. Неговиот превод
и публицистика се доста важни за темелите на нашиот речник и литература.
На 15 Февруари оваа година е 128 години откако загубивме човек кој
отсекогаш се вбројувал во оние литературни дејци кои многу придонеле за
татковината. Тој ќе ни биде ѕвезда на
македонското небо која како патоказ ќе ни го осветли вистинскиот пат кон
светла иднина.
Глас
Далеч од баштина, далеч од роднини,
Не в чужда за мене земја,
в полјани кичести, зелени долини,
самичак в планина шетам ја .
Ја сја расхождам, но на душа ми тешко,
и јадни мисли мене борат,
и мене стават то студено, то жешко,
и чувства то гаснат, то горат.
Ја искам сенка, ја искам прохлада,
душевна ја искам тишина,
че клето ми срце доста вече страда
и сја нагледа в секаква злина:
коварство сос бедност, сос гордост, сос лукавство,
сон мртов, глува простота,
љубов на слова, и слога без братство,
и хитрост, л'жлива доброта.
"Безумец, безумец, душа
ти ленива”-
ја чух невиден и таен глас:
"Спрегни плуг за заборавената нива,
че блиска ет доба, близок ет час.
Стани земи остен в раце, работај,
ти ден и ношт, сос пот,
истреби трње, исчисти троскот, изорај
бесплодна нива да дадит плод.
Стани, безумец, сос молитва горешта
ти клетва дај, стори си крст,
стани ти, иди напред, иди на срешта,
но бој сја, бој сја Божји прст!”
-Готов сум, сја к'лнам, да изорам
нива.
Кажи, кој си ти, невиден глас?
"Чуј”-згрме глас сја одзива:
"Јас сум Божји гнев, народен глас!”
Рајко Жинзифов
Мартин КолевVIII2
на
почеток= |
|
|
ГРИГОР ПРЛИЧЕВ - " СЕРДАРОТ
"
Григор Прличев, Крсте Мисирков, Рајко Жинзифов,
Јордан Хаџи Константинов Џинот, Браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев и
Марко Цепенков се Македонски преродбеници кои живеле во деветнаесетиот и
дваесетиот век. Како ученици, студенти се школувале надвор од Македонија
и национално се освестиле, осознале дека Македонскиот народ е посебен
народ, со своја историја, култура, јазик и традиција. Дотогаш секој
поробувач наметнувал свој јазик, образование ... Кога се вратиле во
Македонија се обидувале да ја побудат свеста кај својот народ, станувале
учители и ги учеле децата на Македонски јазик. Пишувале песни, раскази
на мајчин јазик. Собирале народни приказни и песни од Македонија.
Поетската творба "Сердарот”
поетот Прличев ја напишал во 1860
година. Во истата година на 26 март, на
конкурсот во Атина била прогласена за најубава поетска творба, а
нејзиниот автор бил наречен “Втор Хомер” и награден со парична награда и
ловоров венц. Прличев ја напишал
оваа творба на грчки јазик. Му била понудена стипендија за да студира во
Берлин или Оксворд но да се откаже од се она што е македонско во него.
Г.П. тоа го одбил и се вратил во Македонија да биде учител.
Неговиот успех во Сердарот бил молскавичен, ненадеен и за самиот него,
што може да се виде од зборовите во
Автобиографијата :"...
тогаш усетив во мене неописиво волнение,
какво што никогаш не сум осетувал. Тогаш никој не би ме познал.: бев
надвор од себеси. Очигледно, мој беше венецот".
Сердарот е средна по големина епска творба, составена од 8 песни, кои
меѓусебно се поврзани во хармонична целина. Дејството во оваа поема се
случува во западна Македонија, се спомнуваат Галичник, Река, селото Стан
во средината на деветнаесетиот век.
Лирски елементи во поемата Сердарот се лирските расположенија, чувства,
размислувања и тоа го изразуваат во прво лице. Епски елемент е
раскажувањето како мајката Неда
го чека синот Кузман
да се врати од планина; како го донесуваат
мртов и како Албанците раскажуваат за неговата јуначка смрт во двобојот
со Махмуд; како мртвиот јунак го приготвуваат за закопување и како на
селските гробишта секоја приквечер гробот на Кузман го посетува неговата
свршеница Марија. Во раскажувањето на овие настани на преден план се
чувствата на личностите, на Неда, на четворицата Албанци и на Марија.
Мајката Неда изразува чувство на загриженост поради доцнењето на синот;
чувство на револт поради беспомошноста на народот да ги оневозможи
пљачкосувачите и угнетувачите; чувство на неизмерна љубов и болка кога
го оплакува мртвиот син и чувство на омраза и пркос кон ограбувачите и
тираните. Албанците изразуваат чувство на почит и восхит, раскажувајки
за јунаштвото на Кузман. Марија ја искажува преголемата љубов кон него.
Епската творба е составена од три одлики: тема , идеја и композиција.
Третата одлика се состои од експозиција, заплет, кулминација, перипетија
и расплет. Експозицијата започнува со опишувањето на почетните настани,
кога мајката Неда замислено седи на прагот од куќата и го очекува својот
син да се врати од планина. Заплетот започнува кога Албанците го носат
Кузман и се слушаат пискотници од Галичник во Река. Народот жали и тие
пискотници се поради него.
Пискотници се слушаат од
Галичник во Река.
Што тешка несреќа ги збра,
и мажите и жените та гласи тажна ека
и навева сал коб и зла?
Од истата строфа може да
се каже дека настапува и кулминацијата, кога мајката Неда нестрпливо го
очекува Кузман да се врати и кога ги слуша пискотниците се запрашува што
ли се случило , а веднаш потоа помислува и на најлошото.
Перипетијата започнува кога четворицата Албанци го донесуваат во куќата,
односно тоа значи дека доаѓа до пресврт на настаните и од исчекување на
Неда, потоа се разјаснува се што се случило. Кога го донесуваат Кузман,
настапуваат моменти на жалост и тага. Мајката Неда го оплакува мртвиот
син и сака да им се одмазди на оние што го убиле, но сепак вели дека
сеуште не е момент.
Расплетот е на крајот кога Албанците со восхит и почит раскажуваат за
неговото јунаштво. Тие и велат на Неда дека везден и да плаче, тој нема
да се врати но сите ќе се сеќаваат на неговите дела. Поради преголемата
љубов на Марија кон него, таа се заветува дека нема да заљуби друг маж и
се закалуѓерува.
Панева Христина
на
почеток= |
|
|
ПИСМОТО - ЗРАК НА СВЕТЛИНА НИЗ ВРЕМЕТО
Писмото е систем од знаци кој служи за писмено
општење меѓу луѓето. Уште од дамнешни времиња човекот имал потреба од
писмото, имал голема потреба да запише, да овековечи некој настани,
појави, размислувања, мисли. Потребата за писмото уште повеќе се
зголемила кога луѓето почнале во заедници да комуницираат, да се пренесе
една порака од едно племе до друго племе. Значи писмото и било од
непроценлива потреба после гововорот.
Писмото во дамнешни времиња се појавило нешто покасно од говорот. Првите
писма на старите племиња и народи се состоело од примитивни цртежи. Тие
логички поврзувајки ги цртежите сакале да искажат некоја мисла, случка,
размислување и ред други работи кој во тоа време се случувале.
Првите писма се појавиле пред околу 4000 години пред н.е. во Египет и
Месопотамија.
Тоа всушност било
и првото писмо, односно пиктогравското. Пиктогравското писмо
се состоело од знаци кои се викале
пиктограми. Тие биле примитивни
слики кои се логички поврзани. После некој временски период се појавило
писмо кое се смета за попросто, попрактично од пиктогравското, а тоа е
идеогравското Идеогравското писмо
се состоело од знаци кои се викале
идеограми. Разлика од
пиктогравското писмо било тоа што ова покрај цртежите содржело и некој
знаци.
Денес ние пишуваме на кирилично писмо. Писмото кое било создадено од
браќата Кирил и Методиј а подоцна е и упростено од нивните ученици
Климент и Наум. Словенската писменост е многу голема и обемна работа и
за неа може многу да се зборува, но најважно е дека во IX век била
создадена глаголицата која имала 38 букви.
Неа ја создале браќата Кирил и Методиј.
Таа имала свои јазични особености со која
се разликува од другите азбуки. Потоа била создадена кирилицата која
имала 44 букви. Па така јасно е
дека писмото одиграло голема улога во
човештвото и неговиот напредок. Затоа денешниот степен на развој не може
да се замисли без писмото.
Писмото и во тоа време и денеска преставува нешто, свето, зрак на
светлината низ времето, дар од бога. Благодарение на писмото денес имаме
многу пишани културно-историски споменици од кои дознаваме за минатото
на нашите претци и нивната историја, среќаваме пишани наоди од многу
векови наназад, од пред нашата ера, од кои, некој сеуште не се
пронајдени не се дешифрирани, и
преставуваат енигма, која човештвото треба допрва да ја одгатнува.
Дарко Јованчевски
на
почеток= |
|
|
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ВИЕНСКАТА
КЛАСИКА
Почитувани читатели на Вавилон весникот, во овој број
како и во наредните броеви ќе ви пишувам за композиторите од времето на
класиката односно преставниците на Виенската класика.
ВОЛВГАНГ АМАДЕУС МОЦАРТ
Тој е роден во Салзбург 1756 година во музичко
семејство. Уште од детските години тој почнал да се занимава со музика,
и целото свое детство наместо да го помине играјки со своите другари тој
го поминал посветувајки и се на музиката, по што како младинец наидувал
на големи проблеми.
Иако кратко живеел сепак оставил разновиден и богат творечки окус. Иако
живеел во многу лоши услови особено во последната деценија од животот.
Неговиот ведар и полн со оптимизам дух лесно неможел да се сломи.
Неговите дела се полни со живот и радост, богати музички идеи кој
непресушно извираат. Но во некои негови
дела се чувствува и длабока трагика.
Тој напишал околу 600 дела и во нив се среќаваат сите музички форми:
опера, сонати, симфонии, гудачки квартети, камерни состави но најмногу
од се го привлекувале оперите. Во своите опери со извонреден музички
јазик успешно ги слика човечките особини, разни карактери и
протиставувања. Мелодиската линија е широко распејана а оркестарот е
инзвонреден покажувач на драмското дејствие.
Мегу неговите позначајни опери се: "Грабнување
од Сарајот","Дон
Жуан", "Така
прават сите","Свадбата
на Фигаро"
и "Волшебната
флејта".
А само последната од нив била напишана на
Германски јазик. После оперите значејно место и припага на симфониите
кои биле околу - 53. Мегу позначајните симфонии се :
" Окус-39-Es-dur","
Окус-40-G -moll",
"Окус-41-C-dur".
Напишал голем број концерти во строго класичарска форма, за виолина, за
клавир од 3 става, виолина, харфа, кларинет...Потоа пишувал Гудачки
квартети и Гудачки квинтети а особено значење има Гудачкиот квинтет
"Мала
нокна музика"
Клавирска соната во
A-dur,
составена од 3 става а третиот е познатиот "Турски
марш" .
После неколку години работа на дворот во Салзбург тој отишол во Виена,
каде живеел во тешки услови и борба за материјален опстанок, се повеке
запаѓал во бедотија и тешко болен во 1791 год. умрел во Виена во едно
големо невреме.
Ивица Постоловски
на
почеток= |
|
|
ФРАНЦ ЏОЗЕВ ХАЈДН
Роден е 1732 во местото Ронау на север од Виена.
Потекнувал од сиромашно семејство, а татко му бил колар. Од најмали
години се истакнал со својот глас каде пеел во детскиот хор во родниот
крај. По смртта на своите родители извесно време
живеел во Виена и сам се снаоѓал, околу
опстанокот. За да ги реши своите материјални неприлики тој прифатил
службена работа кај грофот Естор Хази, и таму останал 30 години.
Од овој период особено значајни се две негови
патувања во Лондон и во Париз, кој ќе имаат влијание на неговото
творештво. Хајдн е творец на класичната симфонија
која го зазела главното место во неговото
творештво.
До денес се пронајдени 104
симфонии.
Првите се изградени на тековините на пред
класичарите, а во понатамошните ја зацврстува четири ставичноста а во
првиот став воведува сонатна форма. Во неговите симфонии многу често се
среќаваат народни мотиви. Во една од неговите симфонии ја употребил
хрватската народна "девојчица
поток гази".
Неговите симфонии не се со програмско
ограничување а поради некои својства ги добивале насловите
"Утро",
"Симфонија на
разделба", "Плачење","Детска
симфонија","Саат"...
Тој во својот оркестар рамнодушно ги
користел сите инструменти со што добил разни колор ефекти.
Меѓу неговите симфонии најпознати се 6
Париски
и 12
Лондонски симфонии. Во
понатомошното негово творештво огромно значење имаат гудачките квартети
кој имаат сличен развиен пат како симфониите, а меѓу најпознатите
квартети се
"Сончев квартет",
"Руски квартет",
"Жабни квартет".
Во Виена напишал два прекрасни
ораториуми "создавање
на светот"
со духовна содржина, према поемата
изгубениот рај, и "Годишни
времиња",
со световна содржина каде се опишуваат годишните времиња на село. Од
останатите дела се клавирските сонати, клавирски триа, соло песни,
неколку концерти, голем број опери кој се
помалку значајни . Умира во1809 година.
Ивица Постоловски
на
почеток= |
|
|
АВТОМОБИЛ КЛАСИЧНА ПЕРФЕКЦИЈА- "БЕНТЛИ"
Компанијата Бентли моторс била основана од Волтер
Оувен Бентли. Роден е на 16. 09. 1888 година во Лондон. На 16 годишна
возраст започнува со работа во фабрика за производство на локомотиви.
Шестгодишното работење во фабриката му носи непроценливо искуство кое
подоцна ќе го искористи.
Во 1912 година со неговиот брат Х. М. Бентли ја
купуваат француската “ДФП спортс кар” компанијата и така е создадено
првото скалило од Бентли Моторс, откако името било заменето со Бентли
& Бентли Лтд. Со купувањето на компанијата
практично си обезбедиле место на трките и истата година во Ноември во
Бурклендс поставиле рекорд во категоријата за автомобили до 2000цм3,
возејќи десет кругови со просечна брзина од
66,78 милји.
За време на Првата
Светска Војна, Бентли произведувал авионски мотори БР1 и БР2, познати
како Бентли Ротари енџис (Бентлиеви ротациони мотори). Издржливите
авионски мотори со алуминиумски клипови, многу почитувани од пилотите,
биле слични на оние кои се вградувале во тркачките автомобили. По
војната В. О. Бентли одлучил да направи свој автомобил. Во 1919 година ,
со помош на Ф. Т. Бурже (некогашен шеф на конструкторите во Хамбер) и
Хари Верлеј, конструираат автомобил чиј четирицилиндричен мотор имал
зафатнина од 3,0 литри, наменет да
издржи големи брзини на долги растојанија. Во исто време неговиот брат,
со капиталот стекнат од предходната компанија, ја основа Бентли Моторс
Лтд. Во1924 год. В. О. Бентли и Ф. Т. Бурже лансираат автомобили со
шестцилиндрични мотори со зафатнина од 4,5 и 6,5 литри. Издржливоста и
големата брзина на бентлиевите автомобили никој не можел да ја достигне
во тоа време. “Бентлиевите момчиња”: Барнато, Дејвис, Биркин, Даф,
Часан, Бенџфилд и браќата Дафини, поставиле многу светски рекорди со
нивните 3,0; 4,5 и 6,5 литарски
болиди, победувајќи четири пати последователно на трката 24 часа Ле Ман.
Тимот Бентли го
постигнува зенитот на славата во 1929 година кога четири екипажи еден по
друг стигнуваат на целта, а возачот Биркин го извозел најбрзиот круг
соборувајќи го стариот рекорд на патеката со просечна брзина од 82,9
милји. Со победиве Бентли си
изградил име во светски рамки како фабрика во која се прават врвни
тркачки автомобили. Во истиот
период В.О. Бентли гради нова и поголема фабрика за производство на
автомобилите. Шасиите на автомобилите биле купувани од добавувачи како:
Х.Џ. Малинер, Парк Вард, Фристон и Веб, Гарнеј Нутинг и Харисон.
Бентли моторс никогаш не резултирал со голема
заработувачка, а уште помалку со формирарање на некој вид финансиски
фонд кој подоцна би бил трошен за санација на било какви финансиски
дупки. Кога Бентли одлучува да конструира свои мотори, Вулф Бернато во
1926 година, го финансира проектот, позајмувајќи им поголема сума на
пари. Од оваа зделка изникнуваат агрегатите со шест цилиндри ви линија
со зафатнина од 4,5 и 6,5 литри. Паричната помош од Бернато “секнува” во
1929 год. Кога кризата го затекнува претставувањето на моделот Винтаж со
8,0 литарски мотор. Колапсот за Бентли е неизбежен и фабриката го
згаснува производството. Голем број на недовршени шасии од моделот
Винтаж биле купени од Ролс-Ројс.
Сî на се, од 3024 модели Винтаж кои
биле произведени, за 1500 се знае дека преживеале.
Марката Бентли повторно заживеала по Втората Светска
Војна. Првиот лансиран автомобил во "новиот
живот" на
Бентли бил моделот МК ИВ со 4,25 литарски мотор, а подоцна, во мај 1946
година, заменет со Р-Тип. Автомобилот бил дизајниран од А. Евердин,
креатор со конзервативни сфаќања но неретко се случувало неговите
автомобили покрај класичните линии да имаат и многу напредни решенија.
Со претставувањето на Моделот Р-Тип во 1952 година, бил претставен и
првиот автоматски менувач кој започнал да се вградува во Бентли. По три
години, 1955, Бентли го прикажува моделот С1 со четиристепен менувач,
способен да постигне максимална брзина од 162 km/h и до 1959 година биле
продадени 3500 автомобили од овој тип. Потоа следи моделот Ц2 (1959
год.) со V8 6,25 литарски агрегат, прв Бентли со толку моќен мотор,
цилиндри распоредени во V и целосно направен од алуминиум. Последниот
модел од серијата С бил претставен во 1962 година со ознаката С3.
Следната серија на автомобилите Бентли ја носат
ознаката Т. Првиот од нив бил претставен во1965 година и во него за прв
пат е употребена монокок конструкцијата (телото и шасијата претставуваат
еден склоп), независна суспензија со самоподесување и диск сопирачки на
сите тркала. Подоцна се приклучуваат изведбите со две врати (купе) и
кабрио, а од 1968 год. тристепениот автоматски менувач минува во
стандардната опрема, самоподесувањето на предната суспензија е
изоставено, додека зафатнината на моторот зголемена на 6,75 литри. На
почетокот од 1970 година моделот Т доби нова маска и редизајнирана
внатрешност. Редизајнот кај Бентли автомобилите во овој период не
донесол поголеми или подобро кажано видливи измени и само најдобрите
познавачи на автомобилите Бентли можеле да ја приметат “хирургијата” на
конзервативните стилисти.
Втората серија од моделот Т (Т2) се појавува во 1977
год. Со автоматски “сплит систем” клима уред, серво уред на
управувачкиот систем и изменето “лице”. Моделите со ознака Т се
произведувале до крајот на 1980 година, за потоа на сцена да стапи
моделот Мулзејн, задвижуван од V8 6,75 литарски мотор. Во историјата на
Бентли не се памети кој друг модел е продаден
во повеќе примероци од Мулзејн. Големиот
продажен успех на претходно спомнатиот модел, заедно со варијантната
турбо Р, е далеку од профит, но сигурно престижот е надминат за неколку
пати. Последната декада од минатиот век се памети по моделите
Континентал и Турбо Р, а почетокот
од овој век по моделите: Азур, Континентал Т, Континентал П ,
Континентал ГТ. Сличноста на Бентли со автомобилите од Ролс-Ројс се
должи на финансискиот пад на Бентли во 1931, односно кога Ролс-Ројс го
купува Бентли.
Денес “Бентли” и “Ролс-Ројс” се засебни компании и
немаат никаква соработка. Откако “БМВ” го купи “Ролс-Ројс”, "Бентли”
остана сам, но набрзо беше купен од
групацијата ВАГ, односно Фолксваген.
Во новото семејство Бентли полесно “дише” и
се враќа во јатото на автомобилскиот спорт. Минатата година две тркачки
возила Први едно по друго ја минаа легендарната трка на издржливост 24h
Ле Ман.
Чувството на поголема независност се приметува и во
гамата на новите модели, посебно со појавувањето на купето “континентал
ГТ”. Автомобилите од оваа марка секогаш предизвикувале восхит и
стравопочит кај возачите и љубителите. Перфекцијата, прецизната и
темелна изработка и доработка, одбраните материјали и безмалку рачната
изработка ја прават марката потаинствена и пограциозна за обичниот свет.
Спасов Саше
Митров Ѓорѓи
на
почеток= |
|
|
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ПРИ РАБОТА НА МОТОРОТ
(екстремно ладно време)
Почутувани читатели на електронскиот весник на
Вавилон центарот во минатиот број ви презентиравме за системот за ладење
на моторот со внатрешно согорување, а во овој број ќе имате можност да
се запознаете со проблемите на моторот при посебни услови на работа
. (Посебно ладно време температури
помали од - 10оС).
При посебно ладно време се подразбира температура
пониска од 10оС под нулата, при ваква температура сите
материи без разлика дали се во гасна, течна или тврда агрегатна состојба
се собираат, згуснуваат. Во ваква состојба течните материи (електролит,
масло , гориво, антифриз и глицерин) тешко ја извршуваат својата задача.
Системот за гориво има проблеми со стартување на моторот.
Системот за подмачкување создава поголемо
триење и абење на деловите. Во електричниот систем капацитетот на
акумулаторот опаѓа со што има проблем со стартувањето кај Ото- моторот.
Тврдите материјали од кој се направени машинските
делови стануваат крти - лесно кршливи посебно ако е теренот нерамен и
создава вибрации при движење на возилото. При многу ладно време човекот
треба претпазливо да се однесува, посебно да се организира за да не
дојде до поголема амортизација на моторот. Во вакви ситуации се
препорачува гаражирање во топли простпории, а пред употреба постепено
изедначување на температурата за да не дојде до замрзнување на
кондензацијата што се создава во моторот.
Или пак ако правилно не се одржува моторот , односно
посебно се однесува за системот за ладење на моторот на температури
пониски од -10оС може да дојде до замрзнување на течноста за
ладење и до пукање на ладилникот . За да не дојде до такви несакани
дејства во системот за ладење кај моторот , треба да се проверува
одвреме навреме течноста да не е
замрзната .
Или пак ако се случи во ладилникот да нема
доволно количество на течност за ладење тогаш се дотура, но само кога
моторот е ладен. Ако се дотури течност за ладење во врел или прегреан
мотор тогаш може да дојде до пукање на блокот на цилиндрите или пак да
дојде до искривување на цилиндарската глава. Ако во овие случаи треба да
се дотури течност за ладење тоа треба да се направи додека моторот
работи , но работната температура на моторот не треба да биде поголема
од 600С.
При посебни услови на работа на моторот, се
подразбираат температури пониски од -100С
важно е да се внимават и за другите системи и уреди кои користат некаков
вид на течности при извршување на нивната функција бидејки без грижа за
нивното функционирање целокупната машина е вон употреба. Затоа е
потребно правилно да се одржува моторот во вакви ситуации, а ако е
потребно треба да се побара помош од стручно лице.
Почитувани читатели се надеваме дека со неколкуте
идеи што ви ги дадовме за правилно одржување на моторот при посебни
услови , на температури пониски од -100С
ќе ги прифатите и се надеваме дека ќе ги примените во овие студени
денови од годината.
Марјан Наумов
на
почеток= |
|
|
ПОЗНАТИ ФИЛМСКИ АКТЕРИ
СЕР ЕНТОНИ
ХОПКИНС
Многу актери се задоволни ако имаат барем една главна
и голема улога. Но со Ентони Хопкинс во последниве 40 години имаше толку
многу моменти вредни за да се сеќаваме на нив и толку многу необични
изведби. На него се сеќаваме како глумеше луд шизофреничар кој го
загубил разумот во филмот Магија.
Како љубезниот
доктор Фредерик
Тревис, подржувајќи го деформираниот Џон
Харт во Човекот Слон. Потоа тука се и улогите кои беа номинирани
за Оскар: се појавува како претседател на САД во Амистад
и Никсон
и како батлер во Остатокот од Денот.
Преостануваат уште многу, многу улоги на
Ентони Хопкинс, покрај овие.
Без сомнение, Ентони Хопкинс е еден од најдобрите
актери воопшто, со неверојатно чувство за изведба на улогите. Некои го
опишуваат како тивок, набљудувачки
настроен и контролиран Ханибал Лектор од трилогијата на Томас Харис, кој
им го јадеше џигерот на луѓето, пиејќи добро вино. Наскоро, откако тој
го играше овој ѕвер, тој беше прогласен за витез од Кралицата. Навистина
чуден свет.
Филип Ентони Хопкинс
е роден на 31 Декември (Нова Година), 1937
година во Порт Талбот, Јужен Велс. Неговата мајка се викала Мјуриел, а
неговиот татко Ричард Артур, човек чиј очи менувале боја кога бил
возбуден и за кој Хопкинс смета дека починал од тоа што бил премногу
затворен во себе си.
Откако си изгради кариера на сцената во Англија,
Хопкинс ја одглуми својата дебитантска улога на екраните во 1968 година
во Лавот во Зима, заедно со
Кетрин Хепберн. Тој работеше на телевизија и во филмови во седумдесетите
и осумдесетите, вклучувајќи ги и филмовите Човекот Слон,
Магија,
и улогата која го направи ѕвезда, убиецот
Ханибал Лектор во Кога Јагнињата ќе стивнат заедно со Џоди
Фостер, за кој освои и Оскар.
Хопкинс се појавува и во неколку филмови во деведесетите. Прогласувањето
за витез од Кралицата се случува во 1993 година, но за да стане граѓанин
на САД, тој ја одбива титулата. Неговите улоги ги вклучуваат и улогите
на писателот Ц.С.Левис во Земја на Сенките (1993)
и Ричард Никсон во филмот на Оливер Стоун,
Никсон (1995). Хопкинс
повторно го игра Лектор во Ханибал (2001)
и Црвениот Змеј (2002).
Меѓу последните улоги му е и улогата на
раскажувачот во филмот на Оливер Стоун за Александар Македонски .
Катерина Петкова
Американска Гимназија
"НОВА"
на
почеток= |
|
|
МАЈКЛ ДАГЛАС
Мајкл Даглас е роден на 25 Септември 1944 година во
местото Њу Браунсвик, Њу Џерси, САД. Тој како мал е познат како дете на
Кирк Даглас, позната мега ѕвезда. Уште кога тој е дете неговите родители
се разведуваат и тој е одгледан од неговата мајка, Дијана Дил и
нејзиниот нов сопруг, на Истокот, далеку од Холивуд. Тој има брат Џоел и
двајца полубраќа, Питер и Ерик.
Даглас посетува различни училишта, и одеднаш се
решава да не оди на универзитетот Јеил, туку на Калифорнискиот
Универзитет во Санта Барбара, каде и
денес има куќа.
Иако е далеку од својот татко, сепак тој ќе го
почувствува својот талент за глума и тргнува по стапките на Кирк. По
матурирањето како Дипломец на Уметносите во 1968 година, тој добива
некои мали улоги во уште помали филмски проекти. Потоа се појавува во
полициската ТВ серија Улиците на Сан Франциско.
Како актер и режисер Даглас се вклучува во
холивудскиот филмски бизнис и заработува милиони долари. Тој е платен
$14 милиони за Основен Инстикт, $20
милиони за Играта, $20
милиони за Совршено убиство,
$10 милиони за Метеж...
Помеѓу другите награди има освоено два Златни
глобуса и два Оскари,
награда Цезар
и многу други.
Мајкл Даглас е Гласник на Мирот на Обединетите Нации и се бори за мир и човекови права, како и против насилството и оружјето.
Негова сегашна жена е актерката Кетрин Зета-Џонс.
И на крај, после се, тој е еден од најдобрите,
најинтересните и најхрабрите актери од неговата генерација.
Катерина Петкова
Американска Гимназија
"НОВА"
на
почеток= |
|
|
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ
ИНТЕРВЈУ
Земајки предвид дека секојдневниот проблем со кој што
се судира нашиот народ посебно младата работна сила, е барањето работа,
веќе кога сте имале среќа да Ве викнат на интервју, ќе треба да обрнете
внимание на неколку важни работи кои што сигурно ќе Ве доведат до
позитивни резултати.
1.Припремање за
интервјуто (потполно познавање на своите негативни и на своите позитивни
страни.)
2. Запознавање со
работата на фирмата и работното место за кое што аплицирате.
3.Емоционална подготовка
1. Периодот кој што
Ви е на располагање за барање работа, искористете го максимално за
своето самозапознавање и откривање на своите позитивни и негативни
страни. Всушност Вие сега сте целодневно ангажиран “барач” на работа.
Своите позитивни страни поврзете ги со работното место за кое што
аплицирате и настојувајте да ги истакнете сите позитивности кои што
можат да придонесат за подобро извршување на работните задачи.
Во многу случаи интервјуирачот ќе Ве праша:
Кои се Вашите Слаби страни?
Конвеционален совет за одговор на ова прашање, одкога
веќе сте ја кажале својата слабост не e да ја претворите во Ваша
предност како: "Јас
сум workaholic"
т.е "јас
поминувам многу часови на работа затоа што се грижам работата да биде
завршена беспрекорно"
или "Го
користам крајниот рок за донесување одлуки"
т.е не избрзувам во одлучувањето за да ги
донесам правилните заклучоци согледувајќи ги сите аспекти на ситуацијата
која ја решавам.
Интервјуирачите не гледаат дирекно низ овие техники и
обично не се ефективни. Кога го поставуваат ова прашање, всушност не ги
интересира кои се вашите слабости туку сакаат да дознаат како ќе се
справите со ова иритирачко прашање и колку ќе бидете искрени.
Стратегијата за одговор на ова прашање е:
Прво, истакнете ги своите способности за позицијата
за која аплицирате;
Второ, напоменете во што се подобрувате моментално;
Трето, опишете како и на кој начин се подобрувате;
Четврто, зошто вештината која што ја развивате кај
себе е важна за компанијата и за работнoто место;
И на крај, поставете прашање.
За да го подготвите вашиот одговор идентификувајте
некоја вештина која штотуку сте ја научиле или вештина која што сакате
да ја развивате. Во секој случај тоа што го истакнувате мора да го
поврзете со работното место.
2. Користете ги сите
свои ресурси за пронаоѓање на информација која што би била потребна за
компанијата и работното место за кое аплицирате. Интернет, пријатели,
вработени во компанијата итн.
Секоја информација може да ви биде од корист. Една од
големите грешки што можат да се направат за време на интервјуто е да не
се познава компанијата, да не се знае со што се занимава и која е
позицијата за која што се аплицира.
Битни информации кои што треба да ги барате за
компанијата се околу нејзината конкретна работа, вид на производи кои ги
лансира на пазарот, битни настани кои ги организира, конкуренција,
3. Вработувањето е
емоционален процес и и за двата учесника, во кој што се смета дека
основната поента е вработи го "најквалификуваниот кандидат" меѓутоа
реално пресудно влијание имаат емоциите.
Твојот ентузијазам, самодоверба и енергија
детерминираат дали ќе ја добиеш работата.
Интервјуирачите ги примаат и интерпретираат сите
импулси и инпути испратени од ваша страна. Еден од многуте инпути
испратени од ваша страна е вашата емоционална состојба. Кога се
чуствувате одлично тогаш вие зрачите со позитивна енергија и поголеми се
шансите за вработување.
Еве неколку сугестии кои што ќе ви помогнат
емоционално да се подготвите.
- Движењето креира позитивна енергија!
Движете се повеќе! Одете на прошетка, трчајте,
вежбајте, возете, медитирајте, вежбајте Јога или Таи Чи , истегнувајте
се, играјте, правете нешто!
- Слушајте музика!
Пејте си ги вашите омилени песни кои што ве водат до
одлична состојба на умот. Ова е посебно ефективно кога возите кон
интервјуто. Ќе пристигнете во прекрасно расположение.
- Инспративни фрази
Повторувајте си инспиративни фрази кои што имаат
значење за вас. Запишете си ги, прочитајте ги и кажете ги гласно.
- Употребувајте ја Вашата имагинација!
Замислете се себе си во Вашата омилена активност.
Присетете се на секој детал и ќе бидете изненадени како Вашето тело ќе
се чувствува. Нашиот нервен систем одговара на нашата имагинација
доколку е реална.
- Присетете се!
Присетете се на моментитте кога сте биле апсолутно
најдобри. Почувствувајте го повторно тоа расположение; присетете се што
се правеле тогаш во детали и доживејте ја повторна таа состојба на умот
и телото. Вашето тело повторно ќе се врати кога ќе си ги вратите
сеќавањата какви сте биле во вашето најдобро време или пак замислете
дека сте ја добиле работата и дека ќе заработувате повеќе пари од кога и
да е досега.
Истражувањето на компанијата е само дел од
подготовката. Најважниот дел од подготовката за интервју е да се
подгответе емоционално. Подгответе се да бидете избрани, и ќе бидете
избрани!
Пред да отидете на интервју ќе мора да обрнете
внимание на своето однесување и тоа на неколку битни работи кои што
несомнено им се најбитни на интервјуирачите.
1. Непристоен и
непретставителен изглед;
2. Давање преголемо
значење на парите;
3. Погледот додека се
зборува е отсутен или не е насочен кон очите на интервјуирачот;
4. Не се поставуваат
прашања;
5. Се доцни на интервју.
Според истражувањата на околу 150 интервјуирачи и
менаџери за човечки ресурси од претходно наведените однесувања најголема
грешка прави кандидатот кога не поставува прашања.
Мери А.
на
почеток= |
|
|
КОНСТАНЦА -
БИСЕРОТ НА ЦРНО МОРЕ
Градот Констанца - главниот град за време на летната
сезона во Романија - со својот центар пласиран на координатите 40°
12¢ 12¢
¢ северна и 26°
21¢ 25¢
¢ јужна должина
, градот се наоѓа на југоисточната страна на Романија крај самиот брег
на Црното Море , а истовремено на истата паралела со Њујорк и Севастопол
, и на истиот меридијан со островот Родос.
Целосната површина на градот е 60 км2
од кој периметарот за изградба се протега
на околу 40 км , просторот за живеење е 20 км2.
Стабилното население што живее во овој град , според
резултатот од пописот на населението од 2002 година се брои на околу
310.000 жители. Од што произлегува дека по бројноста на населението,
Констанца е втор град по големина после главниот град Букурешт.
Според специфичната територијална организација на
Романија, општината Констанца во чија административана структура
влегуваат и други помали градови и административни центри, брои 715.000
жители општината Констанца како административна единица е наречена
"метропола
на Доброџеа" (се
однесува на романската територија помеѓу Дунав и Црното Море ) или
"Бисерот
на Црното Море".
Гледајки ја Констанца од перспективата на
општествената структура на населението претставува забележително
единство на космополитно хармонично опшество. Како еден од малкуте во
Европа , Констанца градот на повеќе етнички и малцински групи со
различна вероисповед представува одличен пример за општествен соживот.
Во градот живеат со заеднички релации на братство, единство и хармонија
следниве народи: Романци (нивниот број е околу 90% од населението на
градот); во останатите 10 % од населението влегуваат Власите (се
доселувале уште од крајот на 19 век а првиот Влав што се доселил овде
бил трговецот Танасе Дабо од селото Гопеш - Битолско );
Турци; Татари ; Грци ; Евреи ; Италијанци ;
Германци ; Роми ; Албанци ; Бугари ; Арменци ; Молдавци ; Унгарци ;
Липовски Руси и други .
Тврдината "Томис",
врз која лежи самиот град , е една од
најстарите урбани населени места во Романија.
Оваа тврдина го добила
своето име од страната на грчките колонисти кој се населиле мегу
автохтоното население на дако-гетите и ја создале со 2500 години наназад
поточно во 6 век пред нашата ера . Во 1 век пред нашата ера , заедно со
другите тврдини , основани од грчките колонисти , од Доброџеа крај
западниот брег на "Понтул
Eксим"
(Црното Море) влегуваат во сферата на
интересите и управувањето на Рим. Оваа нова цивилизација (римската) ќе
остави голем број на културни наследства со голема скапоценост, кој и
ден денес се видливи како што е на пример: Римјанската градба со
мозаик. Во Томис ќе биде
прогонет да живее во 17 година од нашата ера големиот римјански поет,
кој покасно станал
"граѓанинот
симбол"
на античката тврдина и блескава метропола -
Овидиус.
Градот забележува период на развивање и за времето на
византиската империја, кога градот ќе го добие и своето име
"Констанца"
, по името на некоја династија од
империјалната романска фамилија.
Во почетокот на 15 век па се до 1878 градот и воопшто целиот регоин
Доброџеа влегува во рамките на Отоманската Империја добивајки ја улогата
на намалена и скромна населба. По вклучувањето на Доброџеа во рамките на
романската држава во 1878, Констанца забележува зголемена модернизација,
достигнувајки од една обична населена пазарска населба со 4 - 5000
жители до димензиите на една вистинска метропола со 26.000 во 1912 , со
70.000 жители во 1940 и со 150.000 жители во 1965 година. После втората
светска војна, Констанца влегува во рамките на социалистичкиот период,
забележувајки грациозно развивање на урбанистички и некономски план
(овде ќе изникнат најголемото бродоградилиште и пристаниште , кои ќе
бидат најголеми во југоисточна Европа ; а пристаништето е седмо по
големина во светот ) .
|
|
Помеѓу историските монументи, бројните статуи и
бустови кои привлекуваат голем број
на туристи посетители секоја година ќе ги споменеме : Римјанската
градба со Мозаик, Тврдината
"Томис",
Казиното,
Христијанската катедрала
во која се наоѓаат моштите на
Св.Пантелејмон и е изградена 1895 год., Црквата Св. Георгија
е изградена помегу 1905-1911 година ;
Грчката црква е изградена во 1867 ; Црквата изградена од дрво Св. Мина ;
Големата Џамија е изградена 1910 ; Џамијата Хунчар е изградена 1868 ;
Католичката Црква Св. Антон ; Евангелиската Црква ; Еврејската куќа за
молитви ; Статуата на Овудиус ; Бустатот на Михаи Еминеску ( најголемиот
романски поет романтичар ) и други специфичности на градот .
Други места кој се отворени за посета во градот се
големиот број на театри и музеи мегу кој ке ги споменеме : Музејот за
национална историја и археологија ; Музејот на романското поморство ;
Музејот на уметноста ; Музејот на народна уметност ; Тетрот
"Овидиус"
; Театрот "Фантасио"
; Балетскиот театар
"Олег Дановски"
и други слични места кој му даваат на
градот прекрасен културен сјај.
Зборувајки за градот Констанца и неговите
знаменитости што го прават специфичен по свпите карактеристики , не
можеме а да не ја спомнеме познатата плажа "Мамаја"
. Долга околу 5-6 км оваа плажа за време на
летната сезона , со нејзините над 60 хотели од различни категории
привлекуваат илјадници туристи од различни делови на светот кои бараат
места за забава , одмор и релаксација .
Од 1961 во градот функционира државната образовна
престижна институција - Универзитетот "Овидиус"
која во моментов брои над 15 факултети и
20000 студенти . Со ова градот добива академски традиции привлекувајки
голем број на студенти како од државата така и надвор од неа.
Збратимен со многу градови од светот градот Констанца
во последниве години почна да го менува својот лик ,
доближувајки се до големите европски и
светски туристички места.
Влатко Димов
студент на Универзитетот "Овидиус"
Констанца, Романија
на
почеток= |
|
|
КАКО ДА ПРЕЖИВЕЕТЕ НА
МИНУС 25
Почитувачите на на фестивалската сцена во Македонија
веројатно се сеќаваат на еден хит отпеан на Макфест пред многу, многу
години од Трајче Органџиев. Отприлика одеше вака: “...Ма ајде пробај ме
на минус 25... “ Лично, мислам дека никогаш немав почувствувано -25. Во
Септември, при една посета на Киев во неврзан муабет со еден тамошен
жител-вели-какво е времето во Македонија? Велам: студено, и зимите се
студени, до кај -10, минус -20 е веќе елементарна непогода. Човекот се
изнасмеа, вели, кај нас -25 е нормална зимска температура, а веќе над
-35 е сериозно. Упс, не сакам да живеам во Киев-заклучив.
Поларните температури дојдоа и во Македонија. Од
Јануари се преселив во Битола. Рака на срце, блиските ме предупредија
дека Битола е студен град, ама со тоа следеше утехата - ама, во лето е
супер. Многу им благодарам, ама утехата не ми врши работа. Ме дочека
снег од 50-60 сантиметри, па уште една тура одозгора, па уште една... И
уште трае. Само што веќе не го бива ни за лизгање, ни за топки, ниту за
снешко...
Замислете сцена-одиш по улица, туку чувствуваш дека
носот, образите и ушите ти ги снемува, или барем така мислиш. По пат
другар ми ми пишува порака: Како на -25. Ја читам пораката и се
насмевнувам-за одговорот ќе почекаш додека стигнам дома, рацете ми се
мили. Во истиот момент една кутра жена се распостила на светнатиот
аспхалт. Пред два дена, баш на таа улица едно четиригодишно девојче ги
учеше скијачките техники од својот вујко. Ми изгледаше симпатично, прв
пат гледам скијање во сред град.
Имам чувство дека е време за втората лекција-уметничко лизгање.
И како да преживеам на -25? Широк Сокак го гледам
само на директниот пренос на кабловска, за планинарење на Пелистер чекам
подобри времиња, а активноста-шопинг е во мирување. Дома пак, се молам
да не замрзне чешмата, да не снема струја и мојата усвитена греалка да
го преживее зимово... И три пати на ден повторувам: грипу, подалеку од
мене!
Ј.Ј.
на
почеток= |
|
|
ЗДРАВА ИСХРАНА
Како што се запознавме со здравата исхрана во петиот
број на електронскиот весник на Вавилон центарот така и ќе го прошириме
нашето знаење и познавање околу тоа. Ќе се запознаеме со тајната на
кафето и убавините на
костенот. Кафето, популарниот
пијалак на милиони луѓе во светот, уште не ни ги откри своите тајни.
Постојат многу студии кои дојдоа до противречни
заклучоци за тоа дали кафето влијае добро или лошо врз нашето здравје,
дали го зголемува или го намалува крвниот притисокот и дали треба да се
одбегнува или да се консумира редовно.
Доктор Роберто Корти од Универзитетската болница во
Цирих (Швајцарија) вели дека кафето содржи неколку стотици состојки и
веќе сега е јасно дека уште некои од нив покрај кофеинот дејствуваат врз
човековиот кардиоваскуларен систем. Интересно е тоа што кај некои луѓе
кафето влијае и без кофеин.
Секако дека овде се работи за продукт кој е релативно
модерен и мошне вкусен продукт кој е богат со јаглеродни хидрати
костенот е и вистинска ризница на витамини и минерали пред се на калиум
потоа на фосфор железо и калциум. Содржи и големи количества
биофлавониди и витамини А Б и Ц.
Стефанија Тимевска
на
почеток= |
|
|
ТЕХНИКА НА СЛИКАЊЕ - ТЕМПЕРА
Здраво! Јас сум Петар и во овој број ќе ја објаснам
техниката на сликање со темпера.
Температа е една од најстарите сликарски техники, а
преставува густа леплива течност во туби кои можат да бидат помали и
поголеми во 6 или 12 бои. Основи карактеристики на температа се густина,
непроѕирност и тенконанос. Се добиваат благородни тонови со силен или
згаснат интензитет. Наносите се способни за покривање на една боја врз
друга.
Температа е сува боја, без сјај. Сјајот се постигнува
со лакирање со специјален лак за темпера. Овозможува престава на
колористички композиции, форма и простор со тонско или колористичко
степенување.
Со темпера се добива и контраст на светли темни
тонови, јасен комплементен контраст и преставува на чисти бои.
Карактеристично за температа е што може лесно да се
добие широка скала на тонови од меки-молски до длабоки-дурски вредности.
Тоновите се пременуваат за добивање на тридимензионални престави на
простор и на објектите во него.
Воздишната преспектива е чест мотив во творештвото
создадено со темпера.
Во совладувањето на техниката на добивање тонска
скала со темперни бои како успешна вежба се поставува трансформација
на хроматска композиција во ахроматска и
обратно.
Петар Лазаров
на
почеток= |
|
|
2
СМС ИЗБОР
2
2За добра ноќ ти праќам бакнеж свој,
за да не ме заборавиш ангелу мој.
2Те сакав, те сакам ќе те сакам,
Во твоите очи љубов да видам,
Твоја ѕвезда вечно ќе бидам.
2Кога сонцето ќе изгрее на запад,
А глувиот ке го слушне отчукувањето на мртвото срце,
За да слепиот ја види светлината
на мракот,
Дојди не чекај ќе ти кажам дека те сакам.
2Плаче небото,Ги нема ѕвездите.
Плачат дрвјата,Ги нема лисјата.
Плачат моите очи,Те нема тебе.
2Тешко е да се гледа сонцето а да не се види неговиот сјај,
А уште потешко е да се сака некој
А да знаеш дека со него е крај.
2Го освоив целиот.
Но ми остана само уште еден град, еден дом, една соба,
А во неа една една душа со едно срце што сега ја чита поракава.
2Ако секогаш кога ќе помислам на тебе и ќе посакам да те видам,
Паѓа по една ѕвезда тогаш и месечината ќе свати што е тоа осаменост.
2Таа го сакаше,
Тој неа не.
Таа го молеше,
Тој неа не.
Таа го заборави,
Тој неа не.
2Најтешко е да бидеш ништо во очите
На оној кој за тебе е се. |
|
2Ќе престанам да те сакам кога глувиот сликар
ќе го наслика звукот на розата
која што паѓа на кристален под.
2Кога првпат те слушнав ,
Се плашев да те видам.
Кога првпат те видов ,
2Се плашев да те бакнам.
Кога првпат те бакнав,
Се плашев да те засакам.
2А сега кога те сакам,
Се плашам да те изгубам.
Ако имам право на 1001 желба,
Првата ќе ми биде да те бакнам,
А останатите 1000,
Да ми се исполни првата желба.
2Ако имам воздух за двапати,
Со првиот пат ќе те бакнам,
А со другиот ќе ти кажам дека те сакам.
2Тешко е да го сакаш,
Оној што некогаш си го мразел.
А уште потешко е да го мразиш,
Оној што некогаш си го сакал.
2Љубовта е како кактус,
Еднаш цвета вечно боде.
2Љубовта е како дух,
Сите зборуваат за неа а никој не ја видел.
2Љубовта е како возењето.
Стартуваш нагло.
Возиш пребрзо.
Кочиш касно.
2Во животот засакав 3 работи .
Сонцето,Месечината и тебе.
Сонцето за една вечер.
Месечината за една ноќ.
А тебе засекогаш.
|
Надица Јованова
на
почеток=
ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ ВАВИЛОНЦИ
ПРВА ЉУБОВ Не вреди да се плаче и тагува
Туку да се смее и да се радува.
Во љубовта прва најмногу се сака
А разделбата е тешка, разделба со мака.
Спомените ти го топлат срцето меко,
Кое сега тагува по некој.
Не тагувај срце меко,
За секоја рана, ќе се најде лекот.
Првата љубов навистина боли,
Но не вреди за неа во очај да се моли.
Во првата љубов некој мора да губи
Но барем ќе научи искрено да љуби.
|
|
НЕ МИ ДАВАЈ ЛАЖНА НАДЕЖ
Живеам во денот, пијам во ноќта.
Се празнам во утро, Те љубам само тебе.
Твојте очи сјајни, прегратките тајни.
Бакнежите врели, погледите смели.
Те љубам само тебе.
Те барам во ноќта меѓу ѕвездите.
Се будам во утро со роса.
Те барам во боите на залезот.
Те знам ли јас тебе?
Розата што тлее, љубовта што грее.
Надеж што се праќа, солза што се праќа.
Не ми давај лажна надеж.
Не ранувај ме со бол, што ќе биде непреболлив.
Тогаш убавина ќе нема а силната љубов ќе ја снема.
Прегратката што беше слатка,
Љубовта што беше кратка.
Тогаш тагата ќе ме мачи ,а љубовта скриена
,
Топлина ќе зрачи.
Тој не ќе се слуша , за љубовта со вековна душа.
Затоа немој не ми давај лажна надеж.
|
Надица Јованова
на
почеток= |
|
|
РЕАЛЕН СОН
Сонував за нашата љубов, за нашата иднина. Секоја
вечер се молев за твојата насмевка, за твојот нажен поглед. Никогаш не
престанав да верувам дека еден ден ќе бидеш во моите прегратки. Со секое
раѓање на денот во мене се раѓаше копнеж за твоите
врели усни. Сите ми велеа дека не си за
мене, дека не знаеш да сакаш, дека знаеш само да ги повредуваш женските
срца. Морав длабоко во себе да ги криам моите чувства кон тебе, тивко да
го шепотам твоето име, тајно да копнеам за тебе.
Продолжив храбро да
верувам во себе , во тоа дека јас сум таа
која ќе го промени твојот живот. Никој не сакаше да поверува во тоа но
јас сама продолжив да чекорам по прашните патеки и да го барам
вистинскиот пат кој ќе ме одведе до тебе. Со нетрпение секоја вечер ги
чекав ѕвездите да се појават на синото небо за да ме потсетат на твоите
кафеави очи. Тие беа единствени кој ми даваа надеж да се борам за нашата
љубов. Додека разговарав со нив секогаш ги молев да те видам наредниот
ден. Така секоја вечер сонував за твоите прегратки, твоите бакнежи, за
нас.
Сонував се додека една вечер не се сретнавме. Не
можев да си поверував на своите очи кога ти ми се доближи и ме праша
дали може да бидеш со нас. Се беше како во бајките. Ти нежно ме
погледнуваше и ми праќаше благи насмевки , и јас возбудено ти возвратив.
Ѕвездите нежно ни се смешкаа и со ѕвезден прав ги напишаа нашите имиња.
Срцето мое веќе беше твое. Се беше толку тивко околу нас само ветерот ја
сечеше тишината на ноќта. Таа вечер разговаравме за нас, за се што може
да ни наштети, за сите наши и добри и лоши навики. Решивме да си дадеме
време да ги поправиме нашите грешки и да заборавиме на минатото бидејки
сите правиме грешки. Ти беше тој кој требаше да се откаже од лошите
навики а јас таа која требаша да ти помогне. Никогаш не
престанав да сонувам за нашата љубов, а
денес таа претставува реалност, реален сон.
Од таа назаборавна вечер се молам никогаш да не
згасне нашата љубов. Сега се е како во моите соништа, те имам тебе, а со
тебе и мојата смисла за живот. Нашата љубов е како сон, сонот од кој
посакувам никогаш да не се разбудам. Нашата љубов претставува реален
сон!
Петровска Сања
8-ми МАРТ
Во минатото жената немала никакви права. Тогаш таа
била изложувана на неправди и разни понижувања. Но со текот на времето
сето тоа се изменило. Оттогаш до денешен ден се слави посебен празник со
кој жената се слави и се украсува со убави и милни зборови.
Тој празник е 8-ми МАРТ-денот на жената. За овој
празник се напишани и испеани многу песни. Овој празник го слават сите
жени без разлика на верата или социјалната состојба. Овој ден е ден кога
сите жени заслужуваат внимание.
Овде во нашата држава на 8-ми МАРТ жените најмногу се
дарувани со цвекиња со црвена боја кои ја искаж;уваат вечната љубов. Во
минатото жената не била призната односно немала никакви права. Немала
право да учи ниту да работи некои поважни работи. Сето тоа траело до
1875 година кога повеќе жени во градот Версај се собрале и организирале
протест пред палатата во која бил потпишан Версајскиот мировен договор.
Тогаш високите функционери биле принудени да ги ислушаат барањата на
жените и да ги разгледаат нивните
прашања, а тоа биле:
-да имаат право на глас;
-да имаат право на
школување ;
-домашните задачи да ги
извршуваат подеднакво со мажите;
-да имаат право на
слободен живот итн.
Функционерите ги разгледувале нивните барања, но не
им се допаднале многу бидејки мислеле дека ако им дадат права на жените,
мажите ќе бидат исфрлени од колосек. Затоа тие ги информирале жените кои
протестирале дека нивните барања не може да се исполнат. Но жените не се
предавале лесно. Тие протестирале пред Версајската палата цели три
месеции најпосле под нивни притисок нивните права биле признати како за
нив така и за сите жени во светот. Освен тоа им бил признат еден ден во
годината на кој жените ќе го слават нивниот ден. Тој ден бил 8-ми Март.
Врз основа на одлуката на Втората меѓународна
конференција на жените социјалистки, одржана во Август 1910 година во
Копенхаген, Данска, 8 Март
се слави секоја година како Меѓународен
ден на жената. На оваа конференција, по иницијатива, по иницијатива
на Клара Цеткин,беше решено 8 Март да се одбележува во спомен на
демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои беа одржани под
паролата - "Борба
за општо право на глас".
Па оттогаш до денес жената ги има сите
права како и мажот.
Надица Јованова
Осмомартовски честитки
Како редовна активност, а по повод Меѓународниот ден
на жената 8- ми Март , децата и младинците од Вавилон центарот Свети
Николе со помош на едукаторите и волонтерите во центарот изработија
осмомартовски честитки. Честитките беа понудени за продажба во
пазарен ден на градсиот пазар. За продажба се пријавија волонтери
корисници од центарот одзивот кај граѓаните беше исклучителен. Охрабрени
од интересот на граѓаните за купување на честитки кај децата и
младинците од центарот се пројави интерес за уште вакви акции.
Истовремено скромниот приход од честитките веќе е и мотив да децата и
младинците ја развијат својата креативност која истовремемено е и
вреднувана.
На денот на жената на членките на Организацијата на жени Свети Николе
корисниците од центарот им поклонија по една рачно изработена честитка.
НАСМЕВКА
(во спомен на Претседателот Борис Трајковски)
25 Јуни 1956 - 26 Февруари 2004
|
|
Во еден Декември расцвета едно зимско цвеќе кое што
со својот опоен мирис го опи светот го осветли патот по кој одеше
неговиот народ. Насмевката на неговото лице беше божји дар. Насмевка
која на луѓето им влеваше надеж за подобро утре и подобра иднина. Со
насмевката негова беше сакан и почитуван од народот. Неговата љубов беше
голема. Неговото срце беше широко во кое имаше место за сите. Неговата
насмевка беше украс кој што го красеше неговото лице, но судбината се
поигра со неговиот лик и неговата насмевка и засекогаш ги однесе во
неповрат.
Народот со скршени срца и реки од солзи Те испрати во
вечниот живот од кој нема враќање. Остави еден голем Аманет за твоите
следбеници да ја исполнат твојата визија за подобра и посигурна иднина и
обединување на народите во твојата напатена татковина. Но патот кон
иднината е долг, макотрпен и трнлив но со слога и со голема љубов ќе се
изоди. А ти за навек не напушти и не осиромаши за твојот лик и насмевка.
Ве покануваме да ја посетите и разгледате со
внимание големата галерија на слики од животот на нашиот драг
Борис Трајковски !!
КЛИКНЕТЕ ОВДЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ГАЛЕРИЈАТА
Надица Јованова
Љубов, љубов, љубов
Доаѓа како ластовичка в пролет, но знае да си отиде
како ластовичка в зима. Вистинската љубов боли, како меч в срце, како
најголема рана. Ја чувствуваш, но некогаш знае да биде толку болна но
некогаш...
Некогаш мислиш дека ќе ти помогне да заборавиш се
околу себе, и дека можеш да го направиш дури и невозможното. Нешто што
не може да се опише но сепак го чуствуваш длабоко во себе. Светла како
ден , но сепак мрачна како ноќ. Ја гледаш не можеш да се воздржиш да ја
бакнеш да и се фрлиш во прегратки. Како да направиш лудорија која ќе ја
паметиш, засекогаш, која никогаш нема да ја заборавиш, ќе ја носиш во
животот како некој спомен, најубава последица.
Сепак во нас има страв некој да не н î
открие. Колку и да сме мали, без разлика на
возраста тој страв ние го забораваме, со помош на неа, љубовта. Тогаш го
имаме и шестото сетило, качени на облак, летаме, слободни сме како и таа
...
Марија Монева
|
|
|
ЉУБОВ НА СЕКОЈА СТРАНА
Кај сите луѓе постои љубов, ја има со различни
чувства, но сепак постои кај сите. Постои љубов кон пријатели,родители,
кон сите членови во фамилијата,љубов кон природата,животните,а и љубов
кон партнер. Љубовта ја има на секоја страна,на секој дел од човекот,во
секое парче од срцето...
" Љубовта е како
цвеќе,кое никогаш не престанува да цвета"
Оваа мисла ја напишал познат амерички писател кој
навистина сакал да сака,и ја сваќал љубовта како цветот.
‘’Не барај ја љубовта
некаде, зашто неа ја има секаде"
Ова го напишав јас,зашто навистина знам како е да се сака,а и другите
сигурно знаат зашто секој умее сака.Секој човек ја сваќа љубовта на свој
начин,секој човек сака на свој начин,но љубовта како и да ја сваќаме,
никогаш не бега...се додека ние не ја исфрлиме од нас,но такви случки
немало,нема,а нема ни да има.Повеќе пати сум слушнала за оваа мисла;
" Мојата љубов е и
твоја љубов,па затоа почитувај ја"
Марија Петкова
|
|
РОДЕНА ЉУБОВ
Чекори што
одѕвонуваат
по мермерниот плочник.
Две желби
што се испреплетуваат
една со друга.
Две мисли
што меѓусебно
се судираат.
Раце - што нежно
се допираат
Погледи- скриени
полни со сјајни искри
Срца - растреперени
Разиграни, заљубени.
Во тивката ноќ
Се изговараат првите
зборови на љубовта
што звучат како најубава песна,
најмили стихови и остануваат
засекогаш како траг во срцето,
душата, и умот.
Тоа е ЉУБОВ
ЉУБОВТА ШТОТУКУ РОДЕНА
ВО ТИВКАТА НОЌ
Марија Динева
|
|
|
С Т О П на пушењето
Секој човек во својот живот,има пробано цигара,но има
луѓе кои после пробувањето на цигара не ги оставиле цигарите,а некои ги
оставиле затоа што знаеле дека се штетни.
Тие луѓе знаеле дека една по една цигара се претвора
во цела пакла ,а тоа е штетно... не
се постигнува ништо со тоа.Една цигара изгледа толку мала, а колку многу
штетности содржи. Многу деца кои се тејниџери се залажуваат,и уште од
тогаш кога првиот дим преовладува во нив,тие веќе сакаат да го пробаат и
вториот. Оставете го пушењето,
оставете го штетникот кој ви штети на вас и на сите кои не се свесни во
каква замка се фатиле. Превземете нешто за да имаме здрави луѓе.
Марија Петкова
|
|
Најстара мачка на светот ?
-Дали знаете можеби која
е настарата мачка на светот и колку години има таа ?
Според еден податок, најстарата мачка на светот има
33 години.
Џоан Стон од Есекс, тврди дека таа е сопственик на
најстарата мачка на светот. Имено ,нејзиното домашно милениче има 33
години, или по мачјиот календар 231 година. Таа својата мачка Виски ја
нашла на 17.03.1971год.кога таа тукушто се омачила .Тогаш воопшто не
можела да претпостави дека оваа мачка ќе доживее длабока старост .Виски
веројатно ќе добие свое место во Гинисовата книга на рекорди штом
ветеринарите ги потврдат нејзините години. Засега рекордот (според Гинис
) го држи 27 годишна мачка Кетлин Лејди од Бурма.
Дарко Петров и Џенгис Мустафов
|
|
|
|
|
|
|
ВИЦОТЕКА
-Како се вика сателитска антена на турски -
МА-ША-ЛА ЛЕ-ЃЕН
☺☺☺
-Како се вика систем на
турски - ЏУМБУШ КУТИЈА
☺☺☺
-Како се вика фичо на турски
- САК-ЛЕТ МАШИНА
☺☺☺
-Како се вика ананас на
турски - МА-ША-ЛА ШИ-ШАРКА
☺☺☺
-Како се вика штала на турски
- МУУ БА-РАК
☺☺☺
-Како се вика најжолтиот
јапонец на јапонски- ЛИ МОН
☺☺☺
-Како се вика директор на
јапонски- ТЕ ШИИ-БА КО ШО САКА
☺☺☺
-Како се вика птицата пеејки
умре на јапонски- ЦИУ ЦИУ БАП
☺☺☺
-Како се вика мини сукна на
јапонски- НА ПО-ПО МУ СЕ СА-КА
☺☺☺
-Како се вика трансформатор
на бугрски - НЕ ФАШТАЈ ШТЕ ПРЕТАШ
☺☺☺
-Како се вика на јапонски
фичо- ЈАКОООО БУЧИ
☺☺☺
-Како полицаец отвара
конзерва-ГО ВАДИ ПИШТОЛОТ И ВИКА ОТВОРИ ПОЛИЦИЈА
☺☺☺
-Зошто плавуша кога влегува
во продавница лази-БАРА НИСКИ ЦЕНИ
☺☺☺
-Зошто плавуша го бута мртвиот канаринец во
CD-плеерот? - ПТИЦИТЕ УМИРААТ ПЕЕЈЌИ
☺☺☺
-Зошто плавуша не знае да го напише бројот 11? - НЕ ЗНАЕ КЈА
ЕДИНИЦА Е ПРВА
☺☺☺
☺☺☺
Отишле Мујо и Хасо во Германија на печалба.
И
по некое време Мујо се враќа од Германија и пријателите го прашуваат:
- Каде ти е Хасо нели заедно отидовте?
И Мујо и вели :
- Па тој отвори продавница.
А пријателите го прашуваат:
- Како бе отворил продавница?
И Мујо им одговара:
- Со хебла и сега е во затвор.
☺☺☺
Отишол еден човек во кафана и порачал ракија, и кога
му донел келнерот ракија тој му рекол на келнерот дека ракијата не е убава оти кога ја
заклумал ракијата таа немала венец , а калнерот на тоа му одговорил
"ти само
испиј ја ракијата и не се секирај оти венецот ке дојде утре".
Иван Мастев и Марјан Наумов
|
|
|
на
почеток=
|
|
|
ПЕСНАРКА |
|
|
Баба Зумбула
Кирил feat.
Влада Дивљан
Патлиџани, наркомани
Копитари, куртизани,
Алкохоли, бандероли,
Пушки, бомби и пиштоли!
Хуманисти, терористи,
Патриоти, пацифисти,
Историја, гурабија,
Алаш-вериш компанија!
Баба Зумбула, баба Зумбула,
Од Вардара до Триглава
Баба Зумбула
Четврт бурек, консултанти,
Невладини, фолиранти,
Криминалци, народњаци,
Профитери и земјаци.
Еуро, шенген, концепција,
Руски рулет, транзиција,
Право , закон, полиција,
Мајка, шајка, фамилија!
Баба Зумбула, баба Зумбула,
Нова мода, нова правда,
Баба Зумбула.
Шлепер, химна, татковина,
Мачка ли му питерина!
Компанија, шпедиција.
|
The Chemical Brothers
Galvanize
(Don't hold back)
cuz you woke up in the morning with initiative to move,
so why make it harder
(Don't hold back)
If you think about it so many people do, be cool man, look smarter,
(Don't hold back)
and you shouldn't even care, about the losers in the air,
and their crooked stares, (Don't hold back)
cuz there's a party over here, so you might aswell be here,
where the people care,
The world is holding back
the time has come to... X 3
Galvanize, (Don't hold back)
If you think about it too much you may stumble,
trip up fall on your face,
(Don't hold back)
You think it is time you get up fresh style
like a sit-up come on keep pace
(Don't hold back)
Put apprehension on the back burner,
let it sit, don't even get it lit,
(Don't hold back)
Get involved with the jam,
don't be a prick, hot chick
(Don't hold back)
The World
The World
The time has come to -
Push the button X 3
The World
My finger is on the button X
3
Push the button
The time has come to...
Galvanize |
|
|
|
|
|
|
на
почеток=
|
|
|