македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
  Почитувани пријатели - наши читатели,

Ми претставува големо задоволство што го објавивме 5-от број на нашиот електронски весник Вавилон . На оваа адреса пред една година на денешен ден го објавивме првиот број на електронскиот весник, без разлика што целата наша работа е врз доброволна и аматерска основа ние не застанавме на првиот број туку продолживме и патем го подобривме квалитетот на содржината на весникот , а го зголемивме и бројот на наши читатели , слободно можам да кажам дека нашите читатели се од 3 континенти: Европа, Америка и Австралија.
Да се потсетиме дека весникот се појави по  иницијатива на едукаторите од Вавилон Свети Николе и по желба на децата и младинците од детско-младинскиот едукативен центар Вавилон од Свети Николе.
Драги наши читатели Ви благодариме на сите добри зборови за нашиот весник. Им се заблагодарувам на сите оние што одвојуваа и ќе одвојуваат време за нашиот весник , на сите оние кои ни помагаат со фотографии и текстови.
Од овој број имаме и надворешни соработници. Воедно сакам да ги поканам сите оние кои имаат текстови кои би биле интересни за нашите читатели да ни ги испратат на svetinikole@mladi.gov.mk  . Најголемо БЛАГОДАРАМ упатувам до нашата матична организација - Организација на жените на општина Свети Николе кои ни отстапуваат место на својата веб страна и со тоа ни овозможуваат нашите текстови да бидат достапни до сите вас.
За крај сакам да Ве поздравам сите и да Ви посакам здравје, љубов, успех на сите полиња , мирна и бериќетна година . Посебен поздрав упатувам до нашите сограѓани кои се некаде во туѓина , каде и да сте ние сме со вас .

31 Декември 2004 година Искрено Ваш,
Александар Б.

 

Во овој број на нашиот електронски весник „ВАВИЛОН“ може да прочитате за:

- За Свети Николе и славењето на големиот празник Свети Никола ;

- Универзитет во Свети Николе ;

- Сите во заштита од ХИВ / СИДА ;

- Студиска посета на волонтерски центар - Јагодина ;

- "Македонски Кинески Ѕид" - Ѓаволски Ѕид - ексклузивно !!!

- Зошто е изграден Големиот Кинески Ѕид ?

- Ајфеловата кула ;

- Клаудијо Монтеверди и Кристов Вилибалд Глук ;

- Возило амфибија - Rinspeed Splash ;

- Систем за ладење кај моторите со внатрешно согорување ;

Надворешни соработници:

- Празници во туѓина ;

- Волонтеризмот кај младите ;

- Здрава исхрана ;

- Здрав живот без алкохол, дрога и цигари ;

- Што е СМС и СМС е-маил ? ;

- Избор на СМС пораки ;

- Зошто младите почнуваат да пушат?

- 10 Нешта за Среќна Нова година ;

- Занимливости ;

- Лични творби на наши Вавилонци ;

- Вицотека ;

- Песнарка ;

ДРУГИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТОНСКИОТ ВЕСНИК  "ВАВИЛОН"

 

 

СВ. НИКОЛА - ЗАШТИТНИК НА ГРАДОТ СВЕТИ НИКОЛЕ

Свети Николе и неговиот настанок

За настанокот и постоењето на Свети Николе денес постојат повеќе легенди. Неговото име се поврзува со црквата Св.Никола, која вискоко се издига над градот, а името на овој светец градот го слави како свој патрон, и свој заштитник.Се смета дека на местото на денешното Свети Николе постоела некоја мала, византиска или воопшто предсловенска населба, затоа што во неговата околина, па и во дворовите на луѓето, при орање или копање наоѓале стари пари, ќупови, цигли и други предмети.Кога кралот Милутин го освоил Овче Поле во 1282 година, на местото на денешното Свети Николе постоела некоја стара црквичка посветена на Св.Никола, која што покасно Стефан Дечански ја обновил од благодарност што, според народните кажувања, Св.Никола му го повратил видот. Околу оваа црква се развила населба која што по неа и го добила и името Свети Николе. Покасно Турците му го дале називот-Клисели што значи црквено, црквенско.
Евлија Челебија, во 1669 година, го споменува како село во кое што преноќил. Земајќи во обзир дека се наоѓа на крстосница на патиштата, секако дека било поголемо село со анови заради кираџискиот начин на транспорт. Меѓу народот се паметат места каде што имало стари анови.
За време на австриската војна Свети Николе повторно изгорело. Поголемиот дел од своето постоење Свети Николе било село отколку гратче. Во 1845 година Свети Николе официјално добива одобрување за пазарен ден и е прогласен за гратче. Со тоа, ова место и од властите добило признание за својата положба и станало единствен стопански центар во Овче Поле.
Многу семејства од Свети Николе со децении наназад Св. Никола
го прославуваат како домашна слава со надеж дека во текот на целата година ке бидат исполнети со среќа, бериќет, љубов. И градот т. е. локалната самоуправа веќе неколку години овој светец го чествуваат како патрон на градот.
Оваа година на свеченоста по повод чествувањето на празникот присуствуваше и амбасадорот
на Сад во Мкаедонија г-динот Лоренс Батлер, кој видно возбуден од големото значење кое што му се придава на овој празник рече дека секој нареден 19 Декември ке се потсеќа на неговото присуство во Свети Николе.
И оваа година во чест на празникот во црквата Св.Никола, која е симбол на градот се одржа свечена божествена
литургија во присуство на голем број верници од градот. Во домовите на луѓето што го празнуваат Св.Никола, како именден или слава, свештениците осветуваат вода. На празничната трпеза тие го раскршуваат лебот и го благословуваат. Празникот на големиот светител, кој живеел строго по божјата волја и на луѓето постојано добро им чинел, се паѓа во текот на Божиќните пости. Затоа и трпезата е посна.
Инаку, Свети Никола Мирликиски е многу почитуван светец, не само во Православната, туку и во Католичката црква. Тој се родил во градот Патара во областа Ликаонија, Мала Азија. Таа територија денес е во Турција, Уште како малечок ги загубил родителите при една голема епидемија. Од нив му останало големо наследство, кое тој, почитувајќи ги Христовите зборови
"продадете се што имате и раздадете им го на сиромашните", го користел за да им помага на сиромашните, на болните, на луѓето на кои им бил неопходен.
И оваа година во организација на локалната самоуправа во присуство на многу граѓани беше извршено сечење на Славскиот колач
во чест на светецот Св. Никола а исто така беше отворена и изложба на слики како и на традиционална градска архитектура во народниот музеј.

Мики Трајковски

      на почеток=
 

 УНИВЕРЗИТЕТ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Руско образование во македонски услови

Образованието дефинитивно е една од најзначајните алки во животот на секој човек.Сон на сите нас е образование по наша сопствена желба.
Денес се почесто сме сведоци на млади луѓе на кои настојуваат да го достигнат максимумот во своето образование, но и сведоци на Високо образовни институции кои нудат можност за квалитетно образование во најразлични области.Високото образование во Македонија денес е на највисоко стојалиште од кога и да било порано. Постои извонредна силна конкуренција во оваа деј ност.Државните универзитети се пред испит да се справат и соочат со нив ните конкуренти од оваа област, а тоа се големиот број на приватни Високо образовни институции кои се појавуваат како печурки по дожд.
Една таква Високо образовна институција од неодамна започна со работа и во Свети Николе. Станува збор за Меѓународниот Славјански Институт од Москва
, кои отвори свое одделение во Македонија т.е во Свети Николе.
Всушност ова е идеја за еден поинаков начин на студирање од оној на кој досега сме навикнати. Станува збор за дописно вонредно студирање
, соодветно на стандардите на Високото образование на Руската федерација со можност за добивање специјалност по Менаџмент на организации.
Меѓународниот Славјански Институт е создаден во 1993 год со лиценца на Државниот комитет на Руската Федерација. Во 1999 год. овој институт се здоби со државната акредитација и врз таа основа има право за издавање документи за образование по државен образец на Руската Федерација, а на дипломираните студенти им се дава специјалност соодветна на акредитирана професионална образовна програма.Првата генерација студенти овде во Свети Николе имаа можност да се запишат на факултетот по Менаџмент
, со најава за отварање на нови факултети од следната година. Во текот на дописното вонредно студирање, акцент се става на самоподготовка, на користење интернет, мултимедија, аудио-визуелни средства, библиотека. Студентите ќе контактираат и со предавачи консултанти од Москва, и засилено ќе се изучуваат рускиот и англискиот јазик.Овој институт има отворено и свои одделенија во Белорусија, Бугарија , Србија, Полска, Чешка, Украина и за прв пат овде во Македонија. Во сите овие земји се организира настава на повеќе факултети и тоа на факултетот по економија, актерство, дизајн, психологија итн.Овој факултет е еден од многуте во низата кои никнуваат во нашата земја , но и прв од ваков вид не само врз основа на начинот на студирање туку и врз основа на можноста за стекнување на образование по терк на Руската Федерација, широко прифатено и признаено во светот. Стекнатата диплома е признаена во земјите од Европската Унија и пошироко во светот.
Тоа е предноста на Високото образование денес во Македонија студирање по терк на програми широко прифатени во светот, и врз таа основа создавање на високо квалитетни кадри способни да парираат на своите колеги од останатите светски универзитети.
На 13 Ноември 2004 година беше свеченото отварањето на овој факултет во Свети Николе на кое присуствуваа Амбасадорот
на Руската Федерација во Р.Македонија, неговата екселенција г-дин Агарон Асатург и Ректорот на Славјанскиот институт од Москва г-дин Ким Алексеевич Смирноф, кои ги поделија индексите на првата генерација студенти.
Повеќе информации за универзитетот во Свети Николе може да најдете на следните адреси:
www.slavinst.edu.mk
www.slavinst.ru
www.msibg.com
 

Мики Трајковски

      на почеток=
 

 

 

СИТЕ ВО ЗАШТИТА ОД ХИВ/СИДА

 

Под мотото "Сите во заштита од ХИВ/СИДА" огранокот во Свети Николе на МИА-Македонската Интеретничка Асоцијација, МИА Стоп СИДА Свети Николе, на 1-ви Декември за прв пат во нашиот град организирано и масовно го одбележа светскиот ден за борба против сидата.
Претходните денови во централното градско подрачје на јавните прометни места се поставија плакати, а додека за светскиот ден во предпладневните часови во училиштето УСО
"Кочо Рацин" Свети Николе бесплатно се подари пропаганден материјал. Главното одбележување се случи вечерта во просториите на кафе бар ЕХIТ лоциран во центарот на градот каде присуствуваа околу 280 младинци и дел од претставниците кои беа поканети од локалната самоуправа, образованието, здравството и невладините организации од нашиот град. На почетокот се одигра физичката театарска претстава "Моето име е СИДА" која е во соработка со Домот на културата "Крсте Мисирков" од Свети Николе и Театарска младина на Македонија како дел од проектот "Имам право да знам", каде темата на претставата беше ХИВ/СИДА. Потоа, програмата беше збогатена со настап на музички групи од Свети Николе, а меѓу присутните во кафе барот се поделија пропаганден материјал и кондоми. Кон акцијата се приклучија Радио Свети Николе, ТВ Свет, Локална Самоуправа Свети Николе, Организација на жените на општина Свети Николе, Здружение на Роми, ОЖ Овчеполка и граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе.
Организаторот МИА е најстарата невладина организација во Република Македонија која работи на превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции. Мисијата и целите на МИА се поддигнување на јавната свест за потребата од ХИВ/СИДА/СПИ превенција усмерена кон стекнување на знаење, воспоставување на позитивни навики и развивање на способности за лична заштита и практикување на сигурно однесување со што при живеење максимално ќе се редуцира/елиминира ризикот од ХИВ/СИДА/СПИ.

Ристе Панов

      на почеток=
 

 
 

 

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ВОЛОНТЕРСКИОТ ЦЕНТАР - ЈАГОДИНА

Од 24 до 26 Ноември 2004 година , претставници на неколку Вавилон центри од Македонија, беа гости на младинскиот волонтерски центар во Јагодина, Србија и Црна Гора кој е проектна активност на Друштвото за доброволна работа од Јагодина ,  кои беа организатори на дводневниот научен семинар на тема "Науката и волонтерите". Групата пристигна во вечерните часови на 24 Ноември 2004 година и беше топло пречекана од домаќините. Наредниот ден, започнувајќи од 7 часот наутро, беше организирана посета на неколку знаменитости - Манастирот "Св. Ѓорѓи Великомаченик" - Врачевшница, истражувачка станица "Петница", а потоа го посети градот Ваљево, кој се наоѓа во близина на Петница. Манастирот е во планинско - пејзажен дел, а таму игуменијата ни одржа интересно предавање за историјата на манастирот. Исто така направивме обиколка на целиот манастирски комплекс во кој ја посетивме и спомен собата со лични предмети на кралското семејство Обреновиќ. Таму се наоѓа и гробницата на познатиот српски учител и преродбеник Сретен Аџиќ каде што пофесорот по историја Нинослав Станојловиќ имаше излагање на тема "Сретен Аџиќ за ликот на учителот". Потоа заминавме за "Петница". "Петница" (www.psc.ac.yu) е независна и непрофитна организација, наменета за додатно воншколско научно образование на ученици, студенти и наставници, заинтересирани за проширување на знаења во области од природните и општествени науки. Се наоѓа во с. Петница, 7km југоисточно од Ваљево, 99 km југозападно од Белград. Таму од вработените имавме излагање на тема "Ангажирање на средношколците и студентите како волонтери во работата со тинејџери". Во непосредна близина на истражувачкиот центер е Петничката Пештера, археолошки локалитет, стар околу 6500 год., вештачко езеро со површина од 3 ha и спортско рекреативен центар со пливачки базен и терени за спорт и рекреација. Потоа заминавме за Ваљево каде што го посетивме музејот за Второто српско Востание и се вративме во Јагодина вечерта околу 22 часот.
Групата беше сместена кај членовите на волонтерскиот центар, кои претежно беа студенти на Учителската Школа при Универзитетот во Крагујевац, во Јагодина. Инаку членовите на овој центар се ангажираат околу ученици од основно образование за подобро совладување на наставниот материјал.
Групата што учествуваше во оваа студиска посета, беше од Вавилон центрите од: Свети Николе
( Ѓорѓиева Рахела - координатор, Богатинов Александар - едукатор по компјутерска техника и Ромевска Јована - волонтерка), Радишани-Скопје ( Ивана и Орхан - волонтери), Ростуше (Алмедина-координатор), Чашка (Горан Андоновси и Биле - едикатори за креативна работа), Струмица ( Бобан Пијанманов - координатор), Куманово (Дафина и Владо - волонтери) и Пролет -Скопје (Стефан Миќич), а беше предводена од Валдета Исмаили од Проектната единица за развој на деца и млади.
Упатуваме еден голем поздрав  до нашите домаќини од Јагодина и едно големо ВИ БЛАГОДАРИМЕ.

Ромевска Јована

      на почеток=
 

 

МАКЕДОНСКИ КИНЕСКИ ЅИД

МИСТЕРИЈАТА НА “ЃАВОЛСКИОТ ЅИД”

Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница. Од магистралниот пат Велес - Штип е оддалечен околу седум километри на југ и до него водат, најпрвин макадамски, а потоа излокан земјен пат и од намерникот бараат и добро теренско возило и добра физичка кондиција зашто и најупорните ќе мораат да изодат пеш околу еден километар. Восхитувачката глетка што ќе се отвори пред намерникот ќе биде доволна награда за неговата упорност. Неговата отмена слабо потемнета бела боја, грдандиозниот изглед, неговото мистично молчење без никаква резерва го одземаат здивот на секој намерник, без исклучок. Сино-зелените води на овде немирната Брегалница во неговото подножје, гордото молчење на врвот “Свети Јован” на планианта Богословец, далечните сиви планини само ја дополнуват оваа прекрасна и мистична глетка.

- Ѓаволскитот Ѕид,- ќе запише во своите спомени, пред отприлика сто години, д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг,- е чудо какво не постои во светот, но, ние, Македионците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.

Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:

- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо!

Ако сакате да ја прочитете целата сторија за Ѓаволскиот Ѕид - за неговите димензии, потеклото, преданијата поврзани со Ѕидот, НЛО приказните кликнете на зборчето повеќе.

Методи Манев

      на почеток=
 

ЗОШТО Е ИЗГРАДЕН ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД ?

Околу 221 год пред новата ера моќниот Кинески цар Ши Хуанг Ти обединил разни делови на Кина. Но северно од неговото царство во пустините живееле варварски номадски племиња, а тој чувсвувал дека тие претставуват опасност за неговото ново царство. Затоа заповедал да се подигне голем ѕид што ќе ги заштитува сите северни провинции на Кина. Кинескиот ѕид навистина бил огромен проект, завршен за точно петнаесет години. Подоцна е продолжен, многу пати доградуван и делумно уништуван. И покрај тоа, сеуште постои голем дел од овој ѕид. Царот не успеал да ги спречи наездите на номадите. Некој дел од ѕидот засекогаш бил оштетен.
Така варварите, наречени Монголи, постојано упаѓале низ оштетените делови на ѕидот. Ни самите Кинези не се држеле до својот ѕид. Кинезите селани понекогаш ја обработувале земјата и надвор од ѕидот. И покрај тоа, Кинескиот ѕид служел и сеуште служи како граница помеѓу кинеската и монголската култура , помеѓу земјоделскиот и номадскиот начин на живот.
Кинескиот ѕид е најголемиот и најдолгиот ѕид на светот. Ако се пресметаат сите искривувања, долг е околу 6000 киломерти. Бидејки тоа е одбранбен ѕид, се протега по должината на планинските гребени и тесните клисури. Легендата вели дека тој беше изграден да
ги имитира движењата на змејот - популарен религиозен симбол во Кина.
Кинескиот ѕид е граден од земја, камен и тули. Висок е од 5 до 10 метри, а на правилни растојанија се издигаат стражарници. По должината на горниот дел од ѕидот е изграден пат широк 4,5
метри.
Инаку ѕидот го граделе најчесто оние кои не можеле да ги платат даноците, воените затвореници и криминалци. Околу еден милион робови работеле на изградбата на ѕидот. Тие живееле во многу лоши услови во места наречени работни кампови, а работеле без
алишта во лето , аво зима носеле само животинска кожа на себе . Заради сето тоа робовите често умирали од болести и глад , оние што умирале често ги закопувале во темелите , и заради тоа ѕидот уште е познат како најголема светска гробница.
На ѕидот сеуште
постојат околу 25000 кули кои се високи околу 20 метри и на меѓусебно растојание од 200 метри , во нив најчесто живееле војниците , и во славните денови на ѕидот престојувале околу еден милион војници.
Денес Големиот Кинески Ѕид е една од најпопуларните туристички атракции во Кина .

Надица Накова

      на почеток=
 

АЈФЕЛОВАТА КУЛА

Во "Убавиот Париз" постојат толку многу места што би морале да се видат (или можеби, подобро е да се каже дека нема место што не би требало да не се види), но оние кои ќе ги издвоиме се: Ајфеловата кула, Триумфалната капија и авенијата Champs Clusees, црквата Notre Coeur, Дворецот Versailles, La Madleine, Place de la Concorde, Les Invalides.
Можеби знаеме или пак се прашуваме зошто е изградена Ајфеловата кула. Ајфеловата кула е една од највисоките градби во светот. Кулата за некои од нас претставува свеќа која свети во нашите срца. Колку е голема кулата, толку ни буди убави чувства во нашите срца
Ајфеловата кула е една голема гордост на луѓето од Париз но и низ цела Франција, па и надвор од неа.
Ајфеловата кула е проектирана за Париската
изложба одржана во 1889 година. Намерата била таа кула да биде симбол и главна атракција на изложбата, како што секогаш за светските изложби се подигнува по една градба што станува нивен симбол. Ајфеловата кула е изградена од убави столбови од решеткасто железо и нејзината височина изнесува 320 метри. На кулата постојат три платформи на кои се стигнува со лифтови. Спиралните скалила водат понатаму до самиот врв, на којшто се наоѓа научна лабораторија. Во таа лабораторија научниците ја проучуваат температурата, воздушните струи, облаците, ветровите и врнежите. Врз основа на меѓународен договор, една народна станица секојдневно испраќа во етерот сигнали за точно време.
Ајфеловата кула се гледа речиси од секој крај на Париз и како туристичка атракција е речиси ненадмината. Таа се наоѓа во мошне убав дел на градот и додека посетителот се качува со лифтот, пред неговите очи постепено се открива панорамата на еден од најубавите градови на светот. Кулата ја изградил Александар Ајфел, градител на многу извонредни мостови во други делови на Франција, а исто така и конструкцијата за Статуата на слободата на влезот во Њујоршкото пристаниште. Ајфел е пронаоѓач и на подвижните мостови, како и првиот конструктор што го проучувал дејството на воздушните струи на авионите употребувајќи модели на авиони во воздушен тунел.

Мислам дека ова е доволно за да дознаеме за прекрасниот симбол во Париз и Франција. Но исто така можеби треба да сметаме дека Ајфеловата кула е меѓу седумте светски чуда во овој прекрасен свет.

Митрова Гордана

      на почеток=
 

Почитувани читатели на електронскиот Вавилон весник во овој број ќе Ве запознаам со двајца композитори од времето на барокот и предкласичниот период

КЛАУДИЈО МОНТЕВЕРДИ

Верди е роден во Кармела во 1567 год а умрел во 1643 год. Во младоста патувал по Италија а извесно време престојувал во Монтава и последните 30 години ги поминал во Венеција каде што и умрел.
Како композитор бил многу успешен и плоден но многу од неговите опери се изгубени. Од сочуваните опери најпознати се:
"ОРФЕЈ" и "КРУНИСУВАЊЕТО НА ПОПЕЈА", во кој Монте Верди како голем композитор и силен драматичар достигнал потполно единство помеѓу музиката и драмата. Во центарот на вниманието го поставил човекот и животната вистина настојувајки да ја пробуди и збогати музичката истрајност како би можел со тонови да ги прикаже различните човечки рзсположенија и чувства. Ваквиот начин го нарекол stile concitato (возбудлив стил). Во својте дела ја користел мелодијата како главно средство за толкување на психичките состојби, и едноличните речитативи на Френтинците ги заменувал со арии (музичка целина со развиена мелодиска линија). Неговите хармонии биле разновидни и смело употребувал дисонанци (тонови што лошо звучат).
Тој исто така особено внимание посветил на улогата на поедини инструменти а тежиштето
на оркестарот го дал на гудачките (виолина, виола, ...), и со тоа го удрил темелот на создавање на оперскиот оркестар.

КРИСТОВ ВИЛИБАЛД ГЛУК

Бидејки во XVIII век сериозната опера доживеала криза од празниот виртуозитет, неповрзаното драмско дејствие и др. работи кој биле поврзани со тогашната опера. Овие недостатоци биле се поизразени и претставувале тема на разговор, дискусија мегу музчарите, филозофите, книжевниците и др . личности.
Нивнот заклучок бил итна реформа на операта. Реформата се состоела од следното: музиката да се ослободи од претераната виртуалност, драмското дејствие да тече по природен пат односно да се постигне потполна складност помеѓу тонот и зборот. За оваа работа се пријавил Глук. Тој е роден во Баварска (Германија ) во 1714 а умрел 1787год. Музиката ја изучувал на Прашкиот универзитет, а извесно време работел во Италија како дворски музичар, а потоа патувал низ Европа , а остатокот од животот го поминал во Виена како и на дворот на Марија Терезија во Париз. Иако напишал голем
број дела (симфонии, трио онати и др ) најпознат е по своите опери "Орфеј и Евридика" , "Алчеста", "Фигенија на Афлида" и "Фигенија на Таврида" .
Во работата на реформирањето на операта му помогнал и Италијанскиот писател на либрета Раниер де Калцибиги (
1714-1795)год. Тој е автор на неговите први две опери. Иако оваа работа била исклучиво тешка тој успеал да ја спроведе својата опера, со успех биле изведувани во Виена и во Париз

ИВИЦА ПОСТОЛОВСКИ

      на почеток=
 

Rinspeed Splash - возило амфибија

Франк Риндернехт, основачот и сопственикот на фирмата Rinspeed, пронашол одличен начин да реализира барем еден дел од своите сништа и фантазии. Splash е уште едно фантастично “превозно сретство” што доаѓа од Rinspeed. Неговата посебност е во тоа што може да се движи и на копно, и во вода и (по малку) во воздух. Од податоците за тоа колку време било потребно да се изработи овој проект, се истакнува дека за неговиот развој биле потребни 10.000 работни часа. Не се наведува колкав бил буџетот да се покрие еден ваков проект, но судејќи според крајниот резултат, а и поради стратегиско партнерство на Rinspeed со неколку други швајцарски фирми-учесници во овој проект, изгледа дека финансиите не биле доминантен проблем. Главна цел била да се презентира проектот што на најдобар можен начин ќе го промовира природниот гас како погонско гориво.
Rinspeed Design AG
е една од ретките фирми чиј заштитен знак се иновативните и несекојдневни автомобилски концепции. Неговите невообичаени и многу атрактивни концептни возила редовно го привлекуваат вниманието на јавноста. Rinspeed е фирма и како таква речиси секоја година не ја пропушта можноста во рамките на салонот за автомобили во Женева да ги презентира своите оригинални идеи преточени бо уникатни идеи. Со секое свое ново издание, Rinspeed се надминува себеси и може слободно да се каже дека Splash, како нивно најубаво јубилејно концептно возило (десето по ред), е најдобриот можен репрезент на нивната досегашна работа. 0,75-литарскиот мотор со помош на турбо поланач дава дури 140 КС, сосема доволни за да 825 килограми тешкото возило стигне за тркачите 5,9 секунди до 100 km/h и да постигне максимални 200 km/h. Максималниот вртежен момент изнесува 150 Nm при 3500 вртежи. Каросеријата на Rinspeed Splash е изработена од лесните и исклучително цврсти карбонски композитни материјали, по примерот на вистинските спортски автомобили и болидите на Формула 1.
Како резултат од примената на најсовремените скапи технологии, добиено е возило со мала маса и голема цврстина. Својата оригиналност Rinspeed ја искажува и кога е во прашање погонот на Splash. Како погон за малиот двоцилиндричен мотор се користи природен гас. Со тоа, возилото е пријателски настроено кон човековата околина и исклучително прифатливо и од еколошка гледна точка. Тоа не подразбира дека за сметка на погонското гориво биле жртвувани неговите перформанси.
На копно Spalsh се двжи со пневматици со димензии 215/35 R 17 напред и 225/35 R 18 назад, производ на фирмата Contintal. Добро е да се напоменат уште неколку интересни моменти, со кои се истакнува блискоста со автомобилите. На пример, издувниот систем е дело на реформираната фирма
Remus, (една од најдобрите во својот сегмент), а Splash е опремен и со најсовремени биксенонски предни светла.
Тајната на оваа спортска играчка, која како да е создадена за авантуристичките подвизи на тајниот агент Џејмс Бонд, се иновативните склопливи хидрокрила, кои се расклопуваат со помош на хидрауличен механизам, задниот спојлер, кој има двојна функција и секако - пропелерот со дијаметар од 36 см. Во основа, Rinspeed Splash е копнено возило, кое со помош на електронски надгледуван хидрауличен механизам моментално може да се претвора во амфибија
, а по потреба може и да полета, но не како авион, но сепак во лебдечка позиција на висина од 60 см да се движи над површината на водата.
Со притискање соодветно копче почнува трансформацијата на возилото од неговиот копнен облик во форма адекватна за користење во водени услови. Процедурата почнува со извлекување на пропелерот, поради што Splash мора да биде во вода со длабочина од најмалку 110 см. Задниот спојлер според изгледот, конструкцијата и големината потсетува на болидите на Формула 1, и во случај, за амфибиските потреби на Splash, ротира за 180 степени и зазема таква положба со која гради своевидна заштита на пропелерот. Понатамошната фаза подразбира отворање на двете хидрокрила монтирани на секоја страна од возилото, а за да тие ја заземат својата соодветна позиција, потребни се уште дополнителни 20 см длабочина. Аголот на крилата може да се мести, па така возилото веќе при мали брзини може да се крене над површината на водата. При брзина од 30 km/h, целиот труп на возилото “лебди” над водата на висина од 60 см. На мирни води, како оние на кои се оддржуваат натпреварите во веслање, Rinspeed Splash може да достигне максимална брзина од 80 km/h. Со возилото може релаксирано да се крстосува по водата како со класична амфибија и тоа со брзини до 50 km/h. Овие брзини се сосема доволни за да се повлечат двајца скијачи на вода. Во такви случаи,кога возачот нема некоја желба за натпревар со некој глисер, хидрокрилата се затворени. Трупот на возилото е водоотпорен и е поделен на неколку комори, а за секој случај тука се и пумпите за исфрлање на водата од внатрешноста.
Во ентериерот, во согласност со намената на возилото, преовладуваат лесни и пластични материјали, а обликот и бројноста на прекинувачите му даваат лик на авионски кокпит. Атрактивноста на Rinspeed Splasn не е неговата единствена одлика и цел. Главна цел на Ri
nspeed AG и неговите стратегиски партнери (Gasverbund Mitelland AG и SwissEnergy) е промоција на природниот гас како погонско гориво во автомобилската индустрија, а нивните планови предвидуваат слични проекти и во блиска иднина. Најжалниот момент е што Splash, исто како и другите негови производи на Rinspeed, не е наменет за сериско производство, а произведениот примерок не е за продажба. За огромно разочарување на големиот број потенцијални капетани на овој единствен копнено-пловен објект, меѓу кои секако дека спаѓа и тајниот агент во службата на Нејзиното височество.

Спасов Саше
Митров Ѓорѓи

      на почеток=
 

СИСТЕМ ЗА ЛАДЕЊЕ

Од овој број и во наредните неколку броја на електронскиот весник на Вавилон центарот ќе се обидеме подетално да ве запознаеме со комплексноста на системот за внатрешно согорување поточно со моторите на автомобилите.
Како еден од позначајните системи на МВС (моторот со внатрешно согорување) е и системот за ладење. Системот за ладење на моторот има задача: за време работата на моторот, согорувањето на горивото се извршува со голема брзина, при секое согорување се ослободува голема топлина:

-Во просторот каде што согорува горивото температурата изнесува од 2000-2500° С

-Кај вентилите за празнење температурата изнесува од 700-900° С

-И кај вентилите за полнење температурата изнесува околу 550° С

При согорувањето на горивото се ослободува висока температура. Системот за ладење служи за одведување на топлината од деловите на моторот кои за време на работата се загреваат, со цел да се одржи температурата во дозволените граници (работната температурата на моторот). Како течност за ладење се користи најчесто (вода која треба да биде со мала содржина на калциум карбонат и на други соли), а во зимскиот период се користи течност позната по името антифриз - која има ниска температура на мрзнење .
Течноста што ја контролира работната температура на моторот циркулира во шуплините на блокот на цилиндрите и цилиндарската глава при што ја одзема топлината. Вака загреаната течност оди во ладилникот каде ја предава топлината на воздухот,се оладува и се врака во моторот и циклусот се повторува. За да може правилно да се извршува процесот на ладење на моторот треба постојано да циркулира одредено количество на течност.

Поважни делови на системот за ладење се:

1.Простор за циркулација на течноста за ладење-кој се наоѓа околу топлите делови на моторот (цилиндрите и цилиндарската глава)

2.Ладилник-кој служи за ладење на течноста

3.Вентилатор-со кој се создава вештачко струење на воздухот низ ладилникот со цел да се одведе дел од топлината

4.Пумпа за течност-со која се извршува принудна циркулација на течноста

5.Термометар-ја покажува температурата на течноста во системот за ладење, и е сместен на инструмент таблата во возилото

Од одржувањето на системот за ладење зависат работата и векот на моторот. Ова се постигнува ако моторот работи на оптимална работна температура. При ниска температура сретството ја намалува моќноста на моторот и предизвикува штетни последици. А пак превисоката температура на течноста исто така ја намалува моќноста на моторот, но и ако моторот се изгасне потоа моторот тешко може да се стартува. За да не се случат несакани последици потребно е моторот да ја има постигнато оптималната-работната температура која треба да биде од 80-100° С
Во горе наведениот текст прикажано беше како функционира системот за ладење и некои поважни делови од него

Еве неколку совети како подобро да се користи системот за ладење:

-Со оглед на тоа дека веќе навлеговме во зимскиот период потребно е да се испушти течноста што се наога во ладилникот, (колку течност ќе се испушти треба толку да се додаде сретсво соодветно за зимскиот период) а такво сретство е антифризот. Ако се температурите ниски треба да се провери антифризот да не загубил некои од своите својства А тоа се проверува со земање мала количина од антифризот и се става во замрзнувач. Ако антифризот се згусне треба да се промени тој.

За наредниот број на електронскиот весник почитувани читатели ќе ве запознаеме подетално со некои друг систем на моторот со внатрешно согорување..

Марјан Наумов

      на почеток=
 

Надворешни соработници на нашиот весник

 

Празници во туѓина

Ви пишувам оддалеку од далечна Америка но да знаете во овие денови околу Божик со мислите сум со вас , ДОМА. Се присетувам како да беше вчера. Нема поубави и потопли празници од божикните празници:
-СВЕТИ НИКОЛА, НОВА ГОДИНА, КОЛЕДЕ , БОЖИК, ВАСИЛИЦА, ПРОЧКА .
Тоа се празници исполнети со многу радост и љубов. Сите се среќни и се практикуваат едни од најубавите обичаи во текот на годината. Фамилиите се собираат , одат на визита , вечераат заедно, си разменуваат честитки со желби за поубава , посреќна , поздрава Нова Година . А најсреќни од сите се децата , кои понекогаш за поклон ќе добијат паричка , а сигурно и "пакетче" со многу чоколада и понекоја играчка. Меѓу сите тие обичаи и фамилијарни активности , снегот е посебна радост . Утрото обоено во бело , волшебната миризба на печени костени , топла ракија, маалската свирка која те повикува за надвор. Тоа е слика које е силно врежана во мојата детинеста душа.
Јас веќе неколку години сум далеку од дома но тоа не значи дека тука не се празнува . Се разбира не е исто како дома ама се трудиме да го зачуваме и практикуваме духот на божикните празници. Празниците и обичаите се богаство на секој народ. Соеидинетите Американски Држави е дом на многу нации, секоја нација си ги практикува нејзините обичаи, така и ние Македонците празнуваме и ги славиме празниците заедно со веке доместицирани амерички празници.
Сезоната за празници почнува со
"Thanksgiving Day" или Денот на Благодарноста , потоа следува "Christmas" или Божик на 25ти Декември и се разбира Нова Година која не се празнува многу како што ние ја празнуваме , Божик има поголемо значење и се слави и празнува со големи подготовки за истиот.
Се украсува елката со многу светулки и лампиони, а под елката се редат фино спакувани подароци .
Над
каминот се поставуват големи чорапи или наречени "stocking" во кои се ставаат помали поклони. Тоа е убав фамилијарен празник. Се прави голема гозба на "Christmas eve" или Божикна вечера. Кога сите спијат "Santa" или Дедо Мраз скришно доаѓа во секое семејство и наутро во зависност колку си бил добар во текот на годината ке добиеш соодветен поклон, а тоа утро е моментот кога секое дете најмогу се радува додека се отвораат поклоните .
Имаме прекрасни празници и обичаи со кои многу се гордеам и ги практикувам колку што можам во новата средина каде живеам. Многу ми недостасува Мојата фамилија во целост за да ги практикувам и со ова ќе ви откријам една од моите желби за Божик и Нова Година :

Желба ми е во новата година дома со Мојата фамилија Божик да го славам.

Д.Г. - U.S.A.

      на почеток=
 

Волонтеризмот кај младите луѓе во Куманово

Волонтеризам. Што е тоа?

Најчесто може да се дефинира како доброволна активност непрофитабилен процес каде што можеш да се здобиеш со нови искуства-процес во кој даваш и примаш односно си корисен за својата заедница. Преку волонтирањето можат да се научат многу нови работи, да се збогати личниот дух, а пред се да се добијат нови пријатели.
Деновиве особено познато стана волонтирањето во младинските невладини организации и младинските центри. Тоа не значи само работење во невладините организации, туку и бесплатни курсеви (значи учиме нешто ново), патувања , одење на семинари (здобивање со нови искуства, нови пријатели). Ако е така зошто младите во Куманово а и пошироко воопшто не се вклучат во една ваква акција и се запознаат со нешто сосема поинакво од нивниот секојдневен живот. Можеби затоа што не се доволно запознаени што е тоа волонтеризам и како и каде да станат волонтери. Ако сакате да станете волонтер најдобро е да се обратите во некоја невладина организација и тие со задоволство ќе ве вклучат во реализацијата на некој нивен проект.
На пример ќе одржите трибина во училиштето на одредена тема, со што ќе ги подобрите своите ораторски способности и би станале препознатливи во училиштето, притоа не вложувајќи премногу труд и време.

Еве што зборуваат за волонтирањето неколку мои пријатели - волонтери во невладина организација :

- Волонтирањето во ЗГ Доверба ми помогна да посетам места на кои досега не сум била и притоа научив многу нови работи - вели Јована волонтер во ЗГ Доверба.

- Тука успеав да научам како да разрешувам конфликтни ситуации и плус тоа запознав нови луѓе - кажува Маја истотака волонтер во ЗГ Доверба.

Затоа вклучи се и ТИ . Биди волонтер. Направи го тоа за самиот себе и својата околина.

Давидовска Ивана
Куманово

      на почеток=
 

Здрава исхрана

Ние знаеме дека здравата исхрана е нашето најголемо богатство. Ако немаме здрава исхрана ние не би постоеле. Таа ни го дари животот. Здравата исхрана е извор на минерални и хранливи материи кои треба да ги внесуваме секојдневно. Таа има улога во целиот организам. Го потхранува нашето тело и ни дава сила и енергија. Здравата храна може и да се внесува како течност, па затоа од неа се прават разни специјалитети, пијалоци и други кои навистина се корисни. Таа влијае врз органите за дишење т.е кај белите дробови коските и др. Има различни видови исхрана. Следниве примери се прикажани во корист за нашето тело. На пример дали знаеме дека зеленчукот и овошјето го спречуваат пушењето. Тие ја зголемуваат концетрацијата на основата на организамот, што го забавува излачувањето на никотинот. Никотинот го троши витаминот Ц па затоа им е потребен повеќе ним одколку на непушачите. Сите знаеме дека чоколадото за нас децата е најслатко но дали сме слушнале дека ја смирува и кашлицата. Па секако. Материјата присутна во какаото и во чоколадото го смирува кашлањето и можеби во иднина ке биде спакувана како лек. Во прашање е теоброминот кој е поефикасен од коединот. Но сепак не треба да се претерува во јадење на чоколадни бонбони. Треба да се јадат околу 25 парчиња за да се постигне терапевтска доза. Ракот досега е меѓу најлошите болести во животот. Грозјето исто така штити од рак. Научниците од Универзитетот во Чикаго констатираа дека ресвератролот, природна состојка што во значителни количества ја има во свежото грозје, малините и лешниците, успешно го спречува напредувањето на ракот. Покрај тоа, ресвератролот ја прочистува крвта и помага при разгранувањето на мастите.
Во следниот број ќе очекубајте повеќе информации околу здравата исхрана.

Стефанија Тимевска

      на почеток=
 

Здрав живот без дрога, алкохол и цигари

Се наоѓаме во дваесет и првиот век, време во кое сите знаеме за се што не опкружува во, па и надвор од нашиот живот. Можеби техниката е понапредна, но не направи да исчезнат сите наши тешкотии што се случуваат во нашиот живот. Секој човек на земјата треба да знае да го живее својот живот, бидејќи животот е најскапоцениот бисер што го има секое суштество. За да знаеме да го живееме нашиот живот најпрвин треба да имаме здрав живот. Здрав живот е животот без дрогата, алкохолот и цигарите. Дрогата, алкохолот и цигарите го оштетуваат човечкиот организам т.е. внатрешниот живот. Секое суштество треба да знае што се случува со него, бидејќи тој е единствениот што може сам да се спаси. Дрогата, алкохолот и цигарите ги оштетуваат белите дробови, мозокот, но исто така ги внесуваат штетните материи во крвта од кои таа ослабнува. Некои луѓе помислуваат дека ова се само занимливости со кои тие го губат времето. Овие тешки занимливости се најголемиот непријател на човекот, најголемиот пораз на сегашноста и иднината. Овој пораз може да донесе насреќи во животот. Пример можам да кажам од едно сиромашно семејство. Ова прекрасно семејство се претворува во најголем кошмар. Таткото целосно се предава на алкохолот, така што почнува да пие неумерено. А пак мајката што и било толку тешко да го гледа сето ова, заминува во друг град, која после неколку недели се враќа дома со друг маж. Таткото бидејќи бил алкохоличар заминува од дома, и никогаш не се вратил. Затоа според овој пример, од овој пораз може да го изгубиме најдрагото нешто во нашиот живот, а тоа е семејството. Со овој голем пораз може да почуствуваме страв и срам. Цигарите и алкохолот се штетни, ама не колку и дрогата. Дрогата е најстрашна занимација која може да ни го уништи нашиот живот. Дрогата, алкохолот и цигарите ни го уништуваат нашиот изглед, но исто така со нив ни се избројани деновите односно настапува прерана смрт. Секој човек треба да знае, а мислам дека знае дека сами треба да се спасиме од овие непријатели и да си го пронајдеме излезот. За да ја направиме нашата иднина по убава, треба да гледаме кон убавото, да гледаме кон светлата страна на иднината, бидејќи само така можеме нашата иднина да ја претвориме во беспрекорен рај.

Зарем не ?

Митрова Гордана
Милановска Славјанка

      на почеток=
 

Што е СМС ?

SMS - Short Message System

Услугата кратки пораки овозможува испраќање и примање на кратки текстуални пораки (со должина до 160 знаци) со помош на мобилниот телефонски апарат. SMS е стандардна GSM услуга. Има две “подуслуги” - услуга за испраќање на пораки (SMSMO - SMS Mobile Originating) и услуга за примање на пораки (SMSMT - SMS Mobile Terminating). Функционира на принципот прими и проследи. При прием на порака, таа се сместува во SIM картичката и може да се прочита и препрати подоцна.

Примена

Со услугата за кратки пораки се зголемува Вашата динамичност, Вашата координираност со деловните соработници, пријатели или членови на Вашето семејство. Секогаш ќе бидете достапни за нови информации и брзи одлуки. Со оваа услуга ќе бидете поблиску до луѓето кои Ве опкружуваат. Таа ќе го зголеми и подобри протокот на информациите меѓу луѓето. Кратка порака може да се испрати ако претплатникот е зафатен, не одговара на повикот или пак е недостапен, но и од било која друга причина. Со SMS, една кратка порака може понекогаш да замени телефонски разговор.
Може да послужи и за праќање масовни пораки (вести или реклами).

SMS e-mail

Оваа услуга ви овозможува конверзија (претворање) на испратената SMS порака од вашиот мобилен телефонски апарат во обична e mail порака и испраќање на истата кон саканата e-mail адреса. Со ова се овозможува сите корисници на МобиМак да испраќаат пораки од своите мобилни телефонски апарати до било која e-mail интернет адреса. За услугата не се наплатува месечна претплата, а се наплатува само испратената SMS порака.

За да се испрати е-mail порака преку SMS потребно е да се напише пораката во точно одреден формат:

- внесете ја e –mail адресата на која сакате да испратите порака (пример:petar@mt.net.mk)
- oставете празно место
- во мали загради внесете го предметот на пораката (subject)
- заградите се задолжителни
- оставете празно место и внесете ја пораката која сакате да ја испратите
- испратете ја пораката на 142 511
***доколку на вашиот мобилен телефон не постои знакот @ или пак _,
истиот може да се замени со ** или $$.

Пример:
Stojan_@yahoo.com ќе се промени во Stojan$$**yahoo.com

Oваа услуга им овозможува на корисниците на мобилната телефонија да комуницираат како со корисниците на мобилната телефонија така и со корисниците на интернет.

Превземено од www.mobimak.com.mk

      на почеток=
 

Од овој број стартуваме со нова рубрика во која ќе бидат застапени СМС пораките кои се доста популарни кај младите.

СМС

-Другарството е како дрво.не се мери според височината туку според длабочината на неговите корења.

-Некогаш љубовта го прашала пријателството :"Зошто постоиш ти кога постојам јас?"

А тоа и одговорило:"За да донесам насмевка таму каде што ти носиш солзи"

-Сега кога е есен лисјата од дрвјата паѓаат, цвеќето насекаде венее,јас те сакам те молам барем еднаш да се сетиш на мене

-Погледни во ѕвездите ке ја видиш иднината, погледни во срцето ке го видиш минатото, погледни во мобилниот ке видиш кој мсли на тебе.

-Најголема среќа е да освоиш срце а најголем грев е да си играш со него.

-Тажно е сонцето кога нема кого да грее, тажно е срцето кога сакано не е, тажни се облаците кога дожд се спрема , тажна сум кога тебе те нема.

-Адам и подарил на Ева јаболко, Ромео на Јулија живот, а јас тебе еден бакнеж за добра ноќ.

-Првата грешка се простува, првата оцена не е важна. првата солза се брише, ама првата љубов останува трајна.

-Кога не би постоеле разделбите не би знаеле колку ни значат оние кои замнуваат.

-Ќе го научам ветрот да го шепоти твоето име, денот да мириса на тебе, ѕвездите да сјаат како твоите очи, така засекогаш ке останеш околу мене.

-Се бара една мала љубов, заспана во ноќта, останата во магла. Се моли чесниот пронаоѓач да ја врати затоа што сопственикот по неа сеуште пати.

-Кој љубел барем малку тој не ни љубел, но кој љубел а сепак заборавил тој не знае дека љуби.

-Најтешко е да бидеш ништо во очите на оној кој за тебе е се.

-Љубовта е како дух, сите зборуваат за неа а никој не ја видел.

-Се раѓаш за да живееш, живееш за да љубиш, љубиш за да страдаш бидејки оној кој го сакаш не е со тебе.

-Кога Господ им делел крилја на ангелите тебе не ти дал бидејки не сакал најуавиот ангел да му одлета.

-Ако секогаш кога ќе помислам на тебе на небото се појавува по една ѕвезда , човештвото би ме проколнало бидејки ноќта ќе ја претворам во ден.

-Му побарав на Господ вода тој ми подари море, му подарив на Господ цвеќе тој ми подари буќет, му побарав на Господ љубов тој ми го даде твоето име.

-Да се праша човек што е тоа љубов тој ке рече - чувство.
Ако прашаш дете што е тоа љубов тоа ќе рече - играчка
Да ме прашаш мене тогаш ќе го кажам твоето име.

-Болно е да го сакаш оној кој некогаш си го мразел, а тешко е да го сакаш оној кој некогаш си го мразел.

-Љубовта е како кактус ,еднаш цвета а вечно боцка.

Надица Јованова

      на почеток=
 

Зошто младите почнуваат да пушат?!

Ова е прашање што го мачи секој родител чие дете е роб на овој порок. Многумина тинејџери мислат дека пушењето е нешто кое би ги направило да изгледаат важни. Многумина ќе запалат цигара и во училиште. Дали мислат дека тоа ги прави поатрактивни или пак можеби мислат дека на тој начин ќе се вклопат во друштвото. Некои тинејџери почнуваат да пушат од љубопитство а други под притисокот на некои другари од друштвото. Дури и ако не пушат а сепак некои од нивната околина пушат тогаш и тие стануваат активни пушачи. Сега е докажано дака повеќе има пушачи девојчиња отколку машки. Сепак нивниот број секојдневно се зголемува за 20%, што значи дека секое 4 девојче е пушач. Во најново време како во средните така и во основните училишта има голем број на пушачи.
Тинејџерите пушачи се свесни за опасностите што ги носи цигарата но сепак не обрнуваат внимание на здравјето на луѓето во нивната средина а уште помалку на сопственото здравје. Иако се свесни за опасностите од пушењето сепак си мислат дека ако пушат сега ќе престанат кога ќе бидат постари притоа не водејки сметка за опасностите и кризите кои им се случуваат. Секојдневно се зголемува бројот на децата пушачи. Дел од нив почнуваат да пушат гледајќи ги славните личности како пушат па и тие се навикнуваат иако ненамерно.
Пред да ја запалите цигарата помислете дали тоа ве прави да се чувствувате расположени и посамоуверени и дали вреди да си го загрозувате животот за едно невредно задволство
Лугето коишто пушат мислат дека цигарата ги опушта без да се свесни дека цигарата не ги решава проблемите туку ги создава.

Еве неколку причини зошто не треба да се пуши:

1. Кожата не прима доволно кислород
2. Кожата забрзано се збрчкува и се создаваат брчки.
3. Прстите и забите добиваат жолтеникава боја
4. Косата го губи својот сјај и својата виталност.
5. Се добива рак.
6. Се ослабнува природната .одбранбена моќ на телото.
7. Се губи количината на витамините А и Ц.
8. Пушењето ја менува бојата на јазикот и се обвиткува со наслојки а слузницата станува сува.
9. Кај девојчињата се зголемува влакноста особено мустаките.
10.
Се уништува респираторните патишта и предизвикуват малигни заболувања.

Надица Јованова

      на почеток=
 

Занимливости

-Ескимите на тутунот во цигарата додаваат влакно од куче за пушењето да биде поароматично.

-Во САД биле дизајнирани цигари долги 27,9см но никогаш не биле пуштени во продажба.

-Оној кој пуши 3 цигари за 1 час, за 7часа 21 цигара фрлил во ветер 31 минута од животот.

-Од 1000 пушачи, 1 го губи животот во насилна пресметка, 6 во сообраќајна несреќа, а 250 ке бидат убиени од цигарата.

-Во 2020 година ќе има 10 милиони мртви како последица на пушењето.

-Ако некој пушел 5 години по 20 цигари дневно, 7-10 дена од престанокот на пушењето во неговото тело ќе има остатоци од никотин. Стручњаците велат дека можеме да се сметаме чисти по 10 дена без цигара.

 

10 НЕШТА за Среќна нова година и за исполнување на Новогодишните желби

-Ако во Декември ти дојде продавач купи нешто од нешто од него бидејки тој е ангел преправен во човек.

-На 15 Декември бакни дрво во најблискиот парк и сите твои желби ќе останат стварност.

-Скини седо влакно од косата на твоите родители на Божик и убаво девојче или момче ке те бакне.

-На Божикната вечер стави 3 розови панделки или врвки под твојата перница и ќе имаш романтична година.

-На 17 Декември помирисај жолта ружа и ќе имаш голема шанса за убав подарок за Нова година.

-Ако најдеш портокал во чорапата во вид на пакетче за Божик, Денот на вљубените ќе биде славен ден за тебе.

-Во текот на Божикната сезона на твоите 16 години ти се насмевне бебе тогаш тоа е знак дека вистинската љубов е близу.

-Нацртај срце со пенкало на авионче од хартија и испрати го на 21 Декември на некој што го сакаш тогаш тој ке биде твој.

-Ако за Божик ставиш изгорена свеќа под перница ќе го сонуваш човекот со кој ќе се омажиш.

-Ако за Нова Година на 31 Декември со твоите другар/ки ја обиколите елката и си замислете желба таа ќе ви се оствари.

Надица Јованова

      на почеток=
 

ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИТЕ ВАВИЛОНЦИ

ТАЖНИ СПОМЕНИ

Твоите зборови сеуште ме болат, неможам да ги заборавам, колку да се трудам. Не можам да заборавам на твојот нежен глас, на тие очи кои кога ке ме погледнат како да ме молат, тие спомени не престанаа да ме болат. Ми зборуваше тивко и нежно ми кажа дека ме сакаш, но не престана со неа да се гледаш. Додека те чекаше таа ти ми кажуваше колку ти значам, токму затоа не престанав да плачам. Не можам да верувам повеке во тебе, бидејки Ти се изневери самиот себе.

Со неа си сега, а јас нашите спомени ги враќам, за каква грешка по оваа цена плаќам . Се трудам да те заборавам, бидејки ти не заслужи да мислам на тебе. Раната ме пече мојата солза за тебе пак тече. Пак си со неа , а ми велиш не ја сакаш што се случува со тебе мислам дека и самиот не сваќаш. Но ова е крај немаш избор знај.

Јас те сакам само за себе, те молам свати и моето срце пати. Те молам заборави ме, ако ме сретнеш само поздрави ме. Престани да ме задеваш веќе, моето срце нема да биде овенато цвеќе. И тоа ќе почне да се смее и него еден ден сонце ќе го огрее. Ова е крај знај јас ти кажувам бај , бај.

ТАЖНИ НО ЗАБОРАВНИ СПОМЕНИ

Петровска Сања

------------------------------------------------------------------------------

Книгата прозорец кон светот

Се сеќавам на приказните што ми ги беше прочитала мајка ми. Тие зборови кој ко златен клуч ја отвараа вратата на мојата фантазија и ме водеа кон моето детство чекор по чекор понапред исполнувајки ја мојата желба да можам и јас да читам и сам да се внесам во писмениот збор. Но човекот не е задоволен од она што го постигнал, тој бира се повеќе и повеќе и откако се научив да читам се научив да се задлабочувам во страниците од книгата , што на нив беа искажани сите вредности што требаше да се прочитат.

Многу писатели и поети со зборови ги цртаат својте цели и соништа и пишуваат многу убавини кој за нас читателите се многу значајни.

Книгата е сонце што секогаш не грее и цвеќе што никогаш не овенува. Сите треба да ја сакаме книгата, бидејки таа нам ни е најголем пријател, и таа нас многу не советува. Но освен тоа книгата претставува најголемо богатство на човекот. Затоа сите треба да ја сакаме книгата бидејки таа нас никогаш нема да не изневери.

Драган Салтиров

------------------------------------------------------------------------------

Другарството

Другарството е распространето низ целата наша планета. Сите имаат свои другари. Другарите се здобиваат уште од првите години на нашиот живот. Вистински другари се оние кои се заедно со нас кога сме среќни,весели,тажни...

Некој ќе праша: "Како ги распознаваме вистинските пријатели?" Вистинските пријатели ги распознаваме по добрината, љубезноста и другарската љубов кон вас. Оној човек кој има другар, секогаш има рамо за да се исплаче, но и да се насмее.

Но и животните можат да бидат пријатели на луѓето. Кучето е најверен другар на човекот. Тоа најдобро знае да го развесели, да го насмее, но и да го натажи. Освен кучето и други животни можат да бидат пријатели на луѓето: папагалот, желките, мачето, рибите... Но да се навратиме на пријателствата меѓу луѓето. Ако имаш другар не си сам, тогаш не си сам, имаш на кој да му веруваш.

Елена Јованова

      на почеток=
 

ВИЦОТЕКА

  Џемс Бонд требало да се сретне со турски агент. Го препознава, му пружа рака и вика:
- Бонд, Џемс Бонд.
- Тафа, Мустафа.

☺☺☺

Натпис на гробот на некој програмер:

GENERAL PROTECTION FAULT - 10.10.61
RUNTIME ERROR - 23.09.1998

☺☺☺


Се шетале две безопасни игли низ пустина. - Леле цркнав, колку е жешко! - Па раскопчај се малку!

☺☺☺

Се враќа Мујо од Германија и се собрале сите окулу него, го распрашуваат како си поминал... „Добро Мујо, а кај е Хасо - нели заедно отидовте?„ - „аааа Хасо отвори бутик таму, мораше да остане„ - „Како Мујо?„ - „Паа, со хебла„

☺☺☺

Некој цајкан купил слагалица, ја сложил за 3 месеци и пукнал од радост, зашто? - Затоа што на слагалицата пишувало „за 3 до 6 години„ !

☺☺☺

Како ќе познаете дека плавуша пробала да влезе на интернет?
-На мониторот има траги од патики !

☺☺☺

Како цајкан лови риби ?
- Ќе фати една и ќе ја утепа од мавање додека не каже кај се кријат другите

☺☺☺

Stranger in the night. Sida in the morning.

 

  Како се вика цитрон на турски?
- Машала лимон!

☺☺☺

Се шетале две чачкалици по улица и го сретнале лижавчето:
- Кај си бе глауч!

☺☺☺

Се шетале баба и дедо низ шумата, се умориле и решиле да седнат да си починат. Седнале и починале.

☺☺☺

Осудиле некој крт на смртна казна...
-Дали имате некоја последна желба крте ?
-Да, жив да ме закопате ! :))))

☺☺☺

Одат две краставички по улица. По некое време едната видела тегла и свикала:
-Бегај побрзо, иде рација ! Охоохоохо

☺☺☺

Разговараат две плавуши и едната вика:
Kaкo беше правилно, Ирак или Иран?

Колку програмери се потребни да убијат бубашваба?
- Двајца - едниот ја држи бубашвабата, а другиот за тоа време и инсталира Windows 98 .

☺☺☺

Хасо на Мујо му ѕвони у два саат сабајле и му вика:
Х:Хало
М:Хало
Х:Јел то један, један, један, један
М:Није, грешка, то је једанаест, једанаест
Х:Извините што сам вас пробудио
М:Ништа, ништа и онако ми је звонио телефон

 

 
 
        на почеток=
 
 
  ПЕСНАРКА  
   
  U2 :: Vertigo


Unos, dos , tres , catorce (1,2,3,4)

Turn it up loud, captain!
Lights go down
It’s dark
The jungle is your head
Can’t rule your heart

I’m feeling so much stronger

Than I thought

Your eyes are wide

And though your soul

It can ‘t be bought

Your mind can wander

Hello, hello

Hola!

I’m at a place called Vertigo

( Donde esta?)

It’s  everything I wish I didn’t know

Except you give me something I can feel

Feel

The night is full of holes

Those bullets rip the sky

Of ink with gold

They twinkle as the boys play

Rock and roll

They know that they can’t dance

At least they know

I can’t stand the beat

I’m askin’ for the cheque

Girl with crimson nails

Has Jesus ‘round the neck

Swinging to the music

Swinging to the music

Woooao

Hello, Hello

Hola!

I’m at a place called Vertigo

( Donde esta?)

It’s  everything I wish I didn’t know

But you give me something I can feel

Feel

All this, all this can be yours

All of this, all of this can be yours

All this, all of this can be yours

Just give me what I want

And no one gets hurt

Hello, Hello

Hola!

I’m at a place called Vertigo

Lights go down and all I know

Is that you give me something I can feel

You’re teaching me ... aaahhhh

Your love is teching me ... aaaah

How to kneel

Kneel

Yeah, yeah, yeah, yeah,

 

 

Band Aid 20 :: Do they know it's Christmas ?


Chris Martin:
It's Christmas time, there's no need to be afraid
At Christmas time, we let in light and we banish shade
Dido:
And in our world of plenty we can spread a smile of joy
Throw your arms around the world at Christmas time
Robbie Williams:
But say a prayer, Pray for the other ones
At Christmas time it's hard, but when you're having fun
Sugababes:
There's a world outside your window
And it's a world of dread and fear
Fran Healy:
Where the only water flowing
Fran Healy & Sugababes:
Is the bitter sting of tears
Fran Healy & Justin Hawkins:
And the Christmas bells that ring there are the clanging
chimes of doom
Bono:
Well tonight thank God it's them instead of you
Will Young & Jamelia:
And there won't be snow in Africa this Christmas time
The greatest gift they'll get this year is life
Ms Dynamite & Beverly Knight:
(Oooh) Where nothing ever grows
No rain nor rivers flow
Group of ten & Joss Stone:
Do they know it's Christmas time at all?
Tom Chaplin: Here's to you
Justin Hawkins:
Raise a glass for everyone
Dizzee Rascal:
Spare a thought this yuletide for the deprived
If the table was turned would you survive
Busted: Here's to them
Justin Hawkins:
Underneath that burning sun
Dizzee Rascal: You ain’t gotta feel guilt just selfless
Give a little help to the helpless
Joss Stone & Justin Hawkins:
Do they know it's Christmastime at all?
Tom Chaplin: Feed the world
Tom Chaplin & Chris Martin: Feed the world
Tom Chaplin & Chris Martin & Sugababes:
Feed the world
Tom Chaplin & Chris Martin & Sugababes:
Feed the world
Everyone (in the studio)
Feed the world
Let them know it's Christmas time again (...repeated...)
Fran Healy: Woooo
Group of 10: Feed the world
Everyone (in the studio)
Feed the world (...repeated to end...)

 

 
       
   
  Toni Cetinski :: Blago Onom Ko Te Ljubi

Tek sad vidim da te volim
Kad su kise pocele
Sve je tezi korak dalje
Noge su mi umorne 

Ja sam jedro u oluji
Oko mene valovi
I Ko da ovo vreme smirim
Kad kraj mene nisi ti

x 2

BLAGO ONOM KO TE IMA
KO TE LJUBI
DOK JA QUTAM NOCIMA
BLAGO ONOM KO TE LJUBI
NEKA BUDE
BOLJI COVEK NEGO JA

 Sto me ceka iza magle
sunce ili oblaci
to mi vise nije vazno
kad to neces biti ti
 

 x 2

 BLAGO ONOM KO TE IMA
KO TE L
JUBI
DOK JA
LUTAM NOCIMA
BLAGO ONOM KO TE LJUBI
NEKA BUDE BOLJI COVEK NEGO JA

 

Maroon5 :: Sunday Morning

Sunday morning rain is falling
Steal some covers share some skin
Clouds are shrouding us in moments unforgettable
You twist to fit the mold that I am in
But things just get so crazy living life gets hard to do
And I would gladly hit the road get up and go if I knew
That someday it would bring me back to you
That someday it would bring me back to you

That may be all I need
In darkness she is all I see
Come and rest your bones with me
Driving slow on Sunday morning
And I never want to leave

Fingers trace your every outline
Paint a picture with my hands
Back and forth we sway like branches in a storm
Change the weather still together when it ends

That may be all I need
In darkness she is all I see
Come and rest your bones with me
Driving slow on Sunday morning
And I never want to leave

But things just get so crazy living life gets hard to do
Sunday morning rain is falling and I'm calling out to you
Singing someday it'll bring me back to you
Find a way to bring myself home to you

And you may not know
That may be all I need
In darkness she is all I see
Come and rest your bones with me
Driving slow…

 
 

 

 

      на почеток=
 

 
 

прва страна | профил| активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2004-2005 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.