|
Во овој број на нашиот
електронски весник „ВАВИЛОН“ може да прочитате за:
-
Комбуха-трет дел;
- Лудвиг Ван Бетовен;
- Опера;
- Кастрати;
- Т'га за југ;
- Ден на планетата Земја;
- Зошто ја загадуваме
водата ?!?
- Ние сме деца на
иднината;
- Дрогата - порок на
XXI-от век;
- Пушењето - модерен
убиец на денешнината;
- Формула 1 - новите
правила;
- EURO
2004 - 12-то Европско првенство во фудбал во Португалија - распоред на
натпревари од 12 Јуни до 04 Јули ;
- Мел Гибсон;
- Лични творби на наши
вавилонци;
- Песнарка;
ДРУГИ БРОЕВИ НА ЕЛЕКТОНСКИОТ ВЕСНИК
"ВАВИЛОН"
|
|
|
ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КОМБУХАТА
Сега да преминеме на
практичнот дел во врска со комбухата. Најнапред да видиме што се треба
за нејзиното одгледување. Се разбра, на прво место доаѓа самата чајна
габа-комбухата. При нејзината набавка треба да се поведе сметка за
нејзиниот квалитет.
ШЕЌЕР
Бидејќи комбуха-течност
пијат луѓе кои се грижат за своето здравје, тие ги следат движењата во
модерната и традиционалната медицина, која препорачува здрава исхрана,
каде покрај што покрај другото , се исфрла од употреба белиот рафиниран
шеќер. Меѓутоа, во однос на комбухата тој е основна и неодминлива
суровина за исправна подготовка на хранливиот раствор во кои се
одгледува самата комбуха. Шеќерот е извор на енергија за секоја клетка.
Меѓутоа, на човечкиот организам не му е потребен индустриски произведен
шеќер, туку природен од овошијата , житото, зеленчукот и сл. Нашиот
организам е способен и сам да си создава шеќер (гликоза) од други
јаглени хидрети. Како што веќе споменавме, за одгледување на комбухата
неопходен е токму непопуралниот индустриски-бел шеќер. Причината за тоа
лежи во фактот, дека комбухата, за разлика од човечкиот организам не е
во состојба сама да создава шеќер. Тоа значи дека нејзиниот опстанок,
функционирање , спроведување на метаболичките процеси зависат од шеќерот
кои ние го внесуваме во нејзината животна средина.
При создавањето на
комбуха течноста , внатре се развиваат цела низа биохемиски процеси. Во
тоа време сахарозата се разложува на гликоза и фруктоза, потоа како
продукти се јавуваат витамини, ензими ,
киселини, антибиотски материи, вода ,
јаглен двооксид и други материи.
Чајната габа со својата
активност може да го потроши скоро целиот шеќер, доколку ние не го
прекинеме порано квасниот процес. Тогаш комбуха течноста има прилично
кисел вкус, но е поздрава за дијабетичари и заболени од карцном. Под
дејство на внатрешните фактори во течноста се забележува засилено
создавање на млечна и глукоронска киселина помеѓу шестиот и дванаесетиот
ден од почетокот на ферментацискиот процес. Едновремено со создавањето
на киселините се намалува вредноста на pH . Односно пијалакот станува се
покисел. При оптимална температура , гликозата е наполно исцрпена околу
седумнаесетиот ден , додека во фруктозата остануваат мали количества.
За подготовка на
хранлива течност за комбухата , според публикуваните податоци ,
количеството на шеќерот варира во широки граници - од 40 gr. на литар
вода, па дури до 180 gr . Најголем број предлози се околу 100 gr. на
литар вода. Се смета , ако шеќерот биде помалку од 70 - 100 gr. дека
комбухата би "гладувала" , а течноста нема да ги има саканите своиства.
Вештачките засладувачи
како сахарин , натрен и сл. , немаат ништо заедничко со шеќерот, па не
треба да се користат.
Кафеавиот
шеќер-нерафиниран, кој се смета за поквалитетен од белиот и тоа заради
содржината на извесни количества на витамини, минерални соли,
микроелементи и аминокиселини , исто така не се препорачува.
Медот како чист природен
продукт, содржи мноштво вителни материи, но не се препорачува како
засладувач. Тој обединува повеќе од стотина разни благотворни и
ароматични материи и од памтивек се користел како лековито средство.
Содржи околу седумдесет-осумдесет проценти инертни шеќери , гликоза и
фруктоза, кои настануваат со разлагањето на сахарозата. Мноштвото од
етерични масла во медот, од кои некои делуваат бактериостатички, а други
бактерицидни, можат стабилната симбиоза на микроорганизмите во комбухата
значајно да ја променат. На овие пак кои го користеле овој засладувач,по
извесно време комбухата им угинала.
ЧАЈ
Во сите популарни и
научни трудови се зборува за црниот чај, како втор неопходен елемент за
опстанокот на комбухата. Тој исто така претставува основна суровина ,
која комбухата ја преработува во лековита течност. Во трговијата чаевите
се именуваат како: руски, индиски, цејлонски, кинески, грузијски и.т.н.
Всушност, тоа се различни синоними, бидејќи чаевите потекнуваат од едно
исто растение-грмушка. Всушност можат да се разликуваат, особено помеѓу
црниот и зелениот. Се прават и смеши кои се добри.
ЗЕЛЕН ЧАЈ
Обично се препорачува
зелениот-неферментиран банча чај од Јапонија и Кина. По берењето на овој
чај, за кратко време се изложува на термичко третирање со водена пареа,
со што се спречува оксидацијата на танинот,а се зачувува непроменета
содржината на хлорофилот. По сушењето количеството на танините останува
исто како она во свежа состојба. Чајот е посветол, со освежувачки и
малку горчлив фкус, кои не потекнува од танинот, како што е случајот со
црниот чај. Од друга страна , тој содржи нешто помалку кофеин, што
посебно важи за банча чајот. Во медицинските научни кругови е докажано
дека зелениот чај има посебни вредности за здравјето. По експлозијата на
атомската бомба во Јапонија, многумина си го спасиле животот пиејки
токму зелен чај. Тој се покажал како многу ефикасен против стронциумот
90 , еден од најштетните радиоактивни изотопи,кои предизвикуваат рак и
леукемија.
Во свежите листови на
чајот има четири пати повеќе витамин Ц отколку кај лимонот и портокалот.
По содржина на витаминот Б, на зелениот чај скоро не му е рамно ниту
едно растение. Се покажало дека овој чај добро делува на еластичноста на
крвните садови што е добро за кардиоваскуларните болести , а пред се за
спречување на излив на крв во мозокот,инфаркт и хипертензија.
Во Русија овој чај
успешно се користи кај стомачни и цревни заболувања , крварења , при
појава на камен во жолчката , бубрезите , мочниот меур. Многу значајно е
неговото својство да го запира растењето на ракот. Овие квалитети на
зелениот чај се неоспорна препорака , тој да бите многу повеќе користен
во подготовката на комбуха течноста.
Чаевите од другите
растенија не се толку ефикасни и не се препорачуваат.
ВОДА
Водата како средна во
која се раствораат шеќерот и чајот,а потоа се развиваат споменатите
процеси е од примарно значење. Нејзиниот квалитет битно влијае на
произведената течност. Според нашето скромно искуство , меките води се
по препорачливи.
Почитуван читатели во наредниот број подетално ќе ве
запознаеме со подготовката на самиот комбуха пијалок, како и условите за
правилно одгледување на комбухата и нејзиното размножување.
на
почеток= |
|
|
ЛУДВИГ ВАН БЕТОВЕН
Запознавање со композиторот:
Многу композитори
пишувале и напишале многу симфонии, но по појавата на деветте Бетовенови
симфонии, ретко кој ќе се осмели да пишува симфонија. Причината е во тоа
што БЕТОВЕН е наречен КРАЛ
НА СИМФОНИЈАТА.
Првите часови ги зема на
4 годишна возраст, добиени од неговиот татко (Јохан Бетовен). Покасно
учи да свири на пијано, а подоцна и на оргули, виолина и флејта. На 9
години, го заменува својот професор по оргули во тамошната катедрала во
градот Бон (неговото родно место). Воедно, Лудвиг сам се учи и
напредува. Роден е во 1770 година, во германскиот град Бон, низ кој тече
реката Рајна.
1789 година, е
година во која се појавува гигантската личност на Бетовен-уметник кој со
своето творештво поврзува 2 епохи, класиката и романтизмот.Тој гледа во
минатото, но смело оди и во иднината. Својот начин на живеење, своите
морални погледи, републичките идеи за слобода еднаквост и братство на
сите луѓе - тоа се одликите на неговото време. Неговите визии за
музиката, која за него е мост кој ги сврзува сите луѓе,се израз за
романтичните сваќања и ставови на Бетовен. Откако ќе се здобие со
основното теоретско знаење, тој сака да ја продолжи дејноста во музиката
на Моцарт и затоа заминува за Беч. Овој престој не траел
долго, поради болеста на неговата мајка. По
нејзината смрт, Бетовен ја зема обврската да се грижи за своето
семејство, бидејќи неговиот татко му се препушта на алкохолот. Првите
негови 3 сонати ќе се отпечатат кога ќе наполни 14 години. На 24 години,
ќе се обиде да избврши самоубиство, а причината била загубата на слухот.
Но, со помошта на своите пријатели Бетовен сфатил дека може да живее и
без слух. Токму во тие потреси, тој ја напишал и својата најсилна
симфонија "ПАТЕТИЧНА"
(петта по ред). Од неговото богато
творештво, ќе издвоиме 9 симфонии,од
кои најсилна е “ПАТЕТИЧНА”,и деветата “ОДА НА РАДОСТА”.
Ќе ги издвоиме и “За Елиза",операта
“Фиделмо",16 гудачки квартет,
32 сонати и многу други дела. Умира во 1827 година во Виена.
ОПЕРА
Да се запознаеме со операта (1
Дел)
Операта настанала како резултат на одредена група
италијански композитори, при крајот на 16 век кои во времето на
музичката ренесанса, изразиле желби да ја оживотворат античката
трагедија, за која се
знаело дека повеќе се пеела отколку што се
рецитирала. Операта има сложена структура на својата форма која се
изведува на сцена. Таа има драмски карактер, бидејќи пејачите пеат, а
истовремено и глумат . Сцената се
краси со разновиден декор, а секој пејач си има своја улога. Се изведува
во придружба на хор и оркестар.
Во операта, некои композитори даваат големо
значење и на балетот, како што е случајот со Вагнер. Познати оперски
дела, на сите времиња се: “Травијата"; "Аида"
;"Риголето"-Џузепе
Верди, “Тоска", "Мадам
Батерфлај"-од Џакомо Пучини, “Кармен"-Жорж
Бизе, “Свадбата на Фигаро"-Моцарт,
“Евгениј Онегин"-Чајковски, “Продадена
невеста" - Беджих Сметана, и
други.
Попознати Македонски опери
се: “Кузман Капидан"-Трајко
Прокопиев, “Гоце"-Кирил
Македонски, “Болен Дојчин"-Ристо
Аврамовски.
Ненад Јованов
на
почеток= |
|
|
КАСТРАТИ
Во XVII и XVIII век Кастратите ја играат
одлучувачката улога во стилски естетски и вокални педагошки поглед. Ова
значи е необично ново. Во средниот век црквата безгрижните деца т.е деца
сиромашни или без родители, кои живееле во сиромаштија и беда се грижела
за истите. Некои од овие сирачиња посебно момчињата, се
приспоспособувале за литургиско пеење.
Според некогашните црковни сваќања жените несмееле да
пејат во црква, па дури и во црквениот хор. Затоа во тоа време хорот бил
составен само од момчиња. Сопранските и алтовските гласови ги пееле
малите дечиња, или поголеми школувани момчиња кој пееле фалсет.
Поради мутацијата на гласот децата станувале
неспособни за ваквото пеење, што било штетно за црквата, затоа
најспособните од нив станувале Кастрати. Тоа значи дека пред
гласот да мутира, се правело операција, се сечел машкиот полов орган за
гласот да остане детски. Но незнаењето во средниот век предизвикало смрт
на многу од нив, а оние што останувале живи, засекогаш го задражувале
својот детски глас и целиот свој живот го посветувале на кастратното
пеење.
Кога ќе се вратиме назад во VIII век, кога постоеле
првите црквени училишта во Италија, ќе видиме дека пејачката техника
минувајќи низ десетина векови, се развила до совршенство, и својот врв
го достигнала во XVII и XVIII век во BELL KANTO-
убаво пеење.
Почетокот на XVII век во Италија е родена операта, и
овие црквени пејачи - Кастрати биле првите школувани пејачи кој воедно
биле приклучени во светот на пеењето во дворовите на големците. Во ново
формираната музичка форма на опера Кастратите ги пееле и машките и
женските гласови па така кастратното пеење станало мода во Италија.
Кастратните пејачи биле посилни и поголеми од мажите со просечен раст,
затоа имале посилни и поголем капацитет на белите дробови, што
овозможувало на малите гласилки при фонација да пропуштаат мало
количество на воздух. Затоа овие пејачи имале инзвонреден дах - воздух
Треба да се истакне дека Италијанските професори за
пеење биле и дечиња на возраст од 7 до 8 години, кој морале да учат и
добро да го совладаат контрапунктот. Сите пејачи песните морале сами да
ги компонираат, спрема гласовните способности. Затоа може да се рече
дека пејачите на Балканот биле добри композитори.
Најпознати пејачи и композитори од време биле:
Пери - кој ја напишал првата опера ДАФНЕ, -
преставник на фирентското училиште.
Пистоки и Бернакија кој биле пејачи и
преставници на Болонското училиште.
Кристофер Вилиболд Глух 1714-1787 негови
најпознати опери се Орфеј и Евридика Алчеста.
Штакхаузен, Шмит и
Рихард Вагнер
биле претставници на
Германското училиште.
Џапопо Пери 1561-1633
ја напишал првата сочувана
опера Еуродиче.
Клаудио Монте Верди
ги спремал кастратите за
колоратурно пеење.
Ивица Постоловски
на
почеток= |
|
|
Т`ГА ЗА ЈУГ
Миладиновци - семејството кое носи многу епитети во
врска со преродбата на Македонскиот јазик.
Главна заслуга за да ги носи овие епитети ја имаат
познатите браќа Констатин и Димитар Миладинови. Тие се ни нам добро
познати бидејќи биле првите кои започнале со преродбеничката дејност на
јазикот на Македонскиот народ, кој во тоа време бил и во духовна и во
опшествена поробеност, од страна на Грците и Турците.
Димитар Миладинов студирал во Атина на грчки јазик кој истотака во тоа
време се користел и во Македонија. Димитар Миладинов го отворил и првото
училиште во Македонија во кое се учело на Македонски јазик. Неговиот
најмал брат се родил два месеца по смртта на својот татко па затоа
одговорноста за одгледување на Констатин ја презел неговиот
најстар брат Димитар. Подоцна Констатин се
школувал во училиштето на својот брат. По завршувањето на образованието
Констатин потпомогнат од луѓето од селото Магарево кое било родно место
на неговата мајка Султана, Констатин заминува во Москва, Русија.
Констатин таму ја пишува лирската песна "Т’га
за југ".
Но тоа не е единственото дело тој истотака го има создадено епохалниот
"Зборник
на македонски народни песни"
кој бил испечатен како
"зборник на
бугарски народни песни".
Во песната "Т’га
за југ"
Констатин ни ја опишува носталгијата за својата родна земја Македонија.
Со почетните стихови Констатин сака да каже дека сака да се врати во
својата земја за да ги види своите градови: Стамбол, Кукуш, Охрид и
Струга...
Констатин во стиховите:
Тамо по срце в кавал да свирам,
с ’нце да
зајдвит, ја да умирам.
Ни ги објаснува чуствата дека се ближи крајот на
неговиот живот и затоа сакал што е можно побргу да се врати во својата
родна земја и таму да умре. Кога Констатин се вратил во Македонија
дознава дека неговиот брат Димитар бил затворен од страна на турските
власти и бил однесен во Цариградските зандани. Констатин отишол во
Цариград со цел да го ослободи својот постар брат Димитар, но и тој бил
затворен по што и двајцата заедно умираат во Цариградските зандани во
1862 год.
Констатин и Димитар Миладинови одиграле важна улога
во издигнувањето на националната свест кај Македонскиот народ со својата
просветителска дејност. Со своите големи дела
двајцата браќа секогаш ќе бидат запаметени
во долгата историја на Македонскиот народ и Историјата на Македонија.
Родната куќа на браќата Миладиновци во Струга
|
Т’га
за југ
Орелски крилја как да си метнех
и в наши стр ’ни
да си прелетнех
наши места ја да си идам,
да видам Стамбол, Кукуш да видам
да видам дали с’нцето
и тамо
мрачно угревјат како и вамо.
Ако как овде с ’нце
ме сретит
Ако пак мрачно с’нцето
светит
на п’т
далечни ја ќе си стегнам,
и в други стр’ни
ќе си побегнам,
к’де
с’нцето
светло угревјат,
к’де
небото ѕвезди посевјат.
Не, ја не можам овде да седам,
не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам
и в наши стр ’ни
да си прелетнам,
на наши места ја да си идам,
да видам Охрид, Струга да видам.
Тамо зората греит душата,
и с ’нцето
светло зајдвит в гората,
тамо дарбите природна сила
со с’та
раскош ги растурила,
бистро езеро гледаш белеит,
и си од ветар сино темнеит,
поле погледниш, или планина,
сегде божева је хубавина.
Тамо по срце в кавал да свирам,
с ’нце
да зјдвит, ја да умирам.
|
Споменикот на браќата Миладиновци пред родната куќа во Струга
|
|
|
Гордана Митрова
на
почеток= |
|
|
ДЕНОТ НА ЗЕМЈАТА 21 МАРТ
Прославата на Денот на Земјата е иницирана на 21 Март
1970 година. Овој ден бил одреден за празник од Градоначалникот на
градот Сан Франциско, градот на Свети Францис ,
патрон светец на екологијата!
Изборот на првиот ден од пролетта,
21Март,токму денот на пролетта рамнодневница, во 1970 година бил
прогласен во документ - прокламација, потпишан од тогашниот генерален
секретар на Обединетите нации У Тант. Денот на Земјата е посебен ден за
славење на природните чуда на нашата планета!
Земјата е една од 9-те планети во Сончевиот систем. Таа е трета по
оддалеченост од Сонцето и петта по големина во дијаметар. Земјата се
движи околу Сонцето по кружна патека. Досега, таа е единствената планета
за која се знае дека има услови за живот, иако неколку други планети
имаат атмосфера и содржат вода. На земјата постојат околу 10 милиони
видови живи суштества, вклучувајки не и нас-луѓето! Дали сте знаеле дека
на Земјата живеат повеќе од 6 милијарди луѓе? Тоа е навистина многу, а
бројот се зголемува секојдневно!
Земјата е во опасност со толку многу луѓе, кои користат многу нешта за
кусо време. Може да се случи да ги искористиме сите наши природни
ресурси! Не само што сите живи суштества зависат од природните ресурси,
туку секое живо суштество во синџирот на исхраната зависи од другиот за
да опстане. Затоа, многу е важно да се грижиме за нашата планета и за се
што постои на неа! Тоа го нарекуваме екологија. Екологија е наука за
начинот на живеење на животните заедници и за односите што владеат меѓу
живите суштества.
Многу растителни и животински видови се загрозени, на некои им се
заканува изумирање, шумите безобѕирно се сечат, воздухот и водата се се
позагадени тоа е еколошката слика на почетокот на милениумов.
Најголемиот виновник за тоа е човекот. Денот на планетата Земја, кој е
на 21 Март е вистинската можност да се запрашаш: што сум направил и што
можам да направам ваквата слика да се промени. Пред се, заради себе, а
потоа заради другите бидејќи со загрозувањето на Земјата е загрозен и
човекот. Дури и со наједноставни работи, секојдневно можеш да го дадеш
својот придонес кон зачувувањето на природата.
На сите читатели би можела да им препорачам неколку практични совети
како можеме да ја сочуваме нашата околина:
- Стаклениот и пластичниот отпад, како и
старата хартија, секогаш оставај ги на
специјално одредено место или во контејнер;
- Троши ја водата рационално. Секако дека хигиената
треба да ја одржуваш редовно. Можеш да заштедиш вода - не полни ја
кадата. Не дозволувај водата непотребно да тече, особено кога ги миеш
забите;
- Користи платнени шамивчиња и крпи наместо хартиени;
- Чувај ја природата, по прошетките не оставај зад
себе празни пластични шишиња, обвивки од прехрамбени производи, хартија
и слично. Фрли ги во првата канта за отпадоци;
- Не играј си со оган во природа, особено не во шума.
Правењето скара во природа може да предизвика пожар, кој тешко ќе може
да се изгасне;
- Однесувај се како секој ден да е Ден на планетата
Земја.
Панева Христина
на
почеток= |
|
|
ВОДАТА
Човекот е најинтелегентното суштество на планетата.
Што ќе му е таа интелегенција кога тој ја искористил за да се уништи
самиот себе. Измислил оружје, па дури и атомски бомби. До каде стигнал
со својата интелегенција! Само за себе мислел, а знаел дека не е сам. Се
направил за да си го олесни животот, а на другите знаејќи или незнаејќи
им го уништил тоа право. Веќе и самиот се уништува со алчноста,
себичноста и злобата. Природата му подарила
сé
а тој тоа “сé"
го уништува. Главните фактори за живот ги
направил и главни свои грди дела. Вода,
воздух, почва се загадил. Планетата е повеќе покриена со вода отколку со
почва, а водата успеал да ја загади повеќе од почвата, па тоа значи дека
веќе успеал да загади поголем дел од својата природа. До каде ли ќе
стигне со неговите успеси?
Скапоцени камења, дијаманти, скапоцено злато, скапоцено богатство, што
ќе ти е тоа се скапоцено кога ти го уништуваш најскапоценото, водата. Не
велам дека не се скапоцени тие работи, ама за водата никој не може да
одрече дека е скапоцен животен фактор, потреба. Секогаш езерата и реките
се споредуваат со бисери, бисерни ѓердани, а и тоа е доказ за
скапоценоста на водата. Иако изгледа проѕирно, иако не гледаме ништо во
неа таа е многу важно нешто. Во себе крие многу тајни кои човекот
знаејќи ги уништува. Колку поговорки има за водата се со цел да не се
загадува, ама човечката тврдоглавост е “главна”. Во светот некои луѓе
мислат дека водата е нешто свето, постоеле и богови на водите. Тоа сепак
е точно, водата е свето божјо дело без кое животот не може да се
замисли. А кога ќе помислиш во нашето тело има вода па и ние сме
составен дел на водата.
-
Зошто ја загадуваме
водата?
Нема ниедна причина заради која водата е на метата на
човекот. Тешко е денешното живеење, а без вода колку ли ќе биде потешко.
Секој прави грешки, ама грешката со загадувањето на водата е
катастрофална. Водата е едно големо огледало во кое е насликан човечкиот
карактер и човечкото однесување. Да ти е страв да се напиеш вода. Ја
направија Голема вештерка без која нема живот. Водата е бескрајна
кралица. Сокриена под земјата, видлива на почвата и невидлива во
воздухот, како снег во зимата, како дожд во есента и пролетта, а во
морињата во лето насекаде и секогаш ја има. Крунисана пред олтарот на
животот а загадена до бескрај. Оставена незаштитена самохрана мајка не
се што е живо. Оној кој ја измислил поговорката “Рани куче да те лае”
сигурно помислил на водата која с é
уште не нашла некој поголем заштитник од се она што е живо. Тешка е
сегашноста, а за подобра иднина треба сите живи суштества барем малку да
помислат на своите грешки. А човекот е единствен кој може да ја поправи
својата грешка.
Мартин Колев
на
почеток= |
|
|
НИЕ СМЕ ДЕЦА НА ИДНИНАТА
Детето својата личност ја гради од мали нозе за на
крај од него да се оформи една стабилна, одлучна и одговорна личност.
Можеби и децата се светлиот излез кон стабилен, мирољубив, и без граници
свет. можеби нема секогаш да биде вака можеби, можеби сме ние деца кои
ќе ги отстранат лошите нешта во светот како што се: безпарицата,
омразата, сиромаштијата, дискриминацијата, војната, криминалот,
корумпираноста, како и низа други работи. Можеби во иднина
некој од нас, некој мој другар, пријател,
соученик, ќе биде клучот за излез од оваа криза, но не само на нашата
скромна држава туку и излез и за денешниот неправеден свет. Само со
голем вложен труд ќе можеме да помогнеме за општото добро на самите нас
и на нашите поколенија кои ке дојдат по нас.
Но за жал голем број од децата се изложени на големи
неправди и многубројни искористувања од страна на возразните. Во
неразвиените земји некој од децата се "робови" на нивните родители. Дури
и уште во раните години , во младите
глави на невините деца и се всадуваат лоши работи, работи како што се
етничката омраза, војната, криминалот, и ред други негативни страни на
човештвото. Но децата имаат свои одредени права со кои се воедно и
заштитени од многубројните неправди
на кое е изложено едно дете како единка. Како и да е ние не научивме
многу од возрасните кои го доведоа светот во ваква ситуација, ситуација
каде што владеат суровите војни и борбите за превласт каде што
најголемата жртва пак сме ние невините децата.
Но
да се надеваме дека ние сме децата кои ќе
ја направиме посветла и пододобра иднината бидејки не заслужуваме да
живееме во еден неправеден свет. Да им кажеме на сите оние кои се
обземени од алчност, болни со амбиции и освојување и идеалисти на
војната, дека ние сакаме само еден мирољубив и слободен свет во кој ќе
можеме слободно да твориме и создаваме за подобро утре како во државата
така и во светот.
Даре Јованчевски
на
почеток= |
|
|
ДРОГАТА - ПОРОК НА XXI ВЕК
Ја имаме таа среќа или можеби несреќа, да живееме во
време во кое се расте, се развива, усовршува, достигнува перфектност.
Секој ден донесува илјадници нови убави работи, со кои ние го
подобруваме нашиот живот. На прв поглед, човекот би помислил дека дошол
земниот рај, по кој сите сонуваме и сеуште сонуваме. Но, ваквата слика
за животот денес не би била целосна вистината ако не кажеме дека
се уште
кај луѓето, за жал посебно кај помладите, постои желба за
деструктивност, за себеуништување.
Црните хроники од весниците се преполни со тажни
настани за смртта на млади луѓе кои починале од дрога. Лугето
секојдневно со воздишки коментираат по некој немил настан: грабежи во
стан или куќа од страна на малолетници - наркомани. По се изгледа,
смртта многу добро и сериозно си ја врши својата работа преку пороците
кои ги пратила на земјата. А тие каде би нашле подобро место да се
вгнездат, ако не во младите и топли младински срца, кои за миг ги
претвораат во пустош. Зошто луѓето посегнуваат по
дрогата? Што наоѓаат во неа? Ги решава ли
таа проблемите или пак, ги прави уште поголеми или покатастрофални?
Ова можеби најголемо зло на овој модерен век се
повеќе е присутно кај нас, и се повеќе и полека но сигурно зема поголем
замав. Насекаде околу нас е присутна
дрогата и нејзините растурачи популарно наречени дилери, а кај нас за
жал за сето тоа малку се мисли.
Политичарите, професорите или родителите ги затвараат
очите пред вистината: младите во последните неколку години нагло
почнуваат со "пафкање" тревка "шмркање" хероин и друго. Младата личност
нема доволно изграден свој одбрамбен систем и на самата раскрсница на
животниот пат го одбираат почесто погрешниот, кој се повеќе е потемен,
нејасен и на крајот од патот -длабока бездна во која паѓаат.
Задоволството кое моментално го пружа дрогата - крај на проблемите
дрогата - крај на љубовните маки, е мамецот кој води кон самоуништување.
И покрај многуте обиди за да престане поединецот не може да се одвои од
ова зло и најчесто завршува трагично. Покрај својот живот, тој ги
уништува со своето однесување и негрижа за својот живот и животите на
своите најблиски, нивниот авторитет и име.
Многумина започнале да се дрогираат од многу причини,
а на сите им е заедничкиот крај: смртта, која е се поблиску до нив, ќе
останат жигосани од општеството и тоа токму
од она општество кое не презема ништо за да им помогне да не се
уништуваат.
На крај преостанува да упатиме апел до оние кои ја
имаат моќта и авторитетот во свои раце да размислат што направиле и што
треба да направат, ако се заме дека младите се почесто посегаат по
забранетото "овошје". До младите апелираме: одбегнувајте ја дрогата,
градете ја својата иднина и добро размислете пред се пред да го
направите чекорот во непознатото, кој може да биде смртоносен.
Пристапете отворено и упорно во решавањето на своите проблеми, а не да
се криете во сенките на дрогата.
Елена Трајчева
на
почеток= |
|
|
ПУШЕЊЕТО - МОДЕРЕН
УБИЕЦ НА ДЕНЕШНИНАТА
Живееме во време кое изобилува со пороци. Пречесто
среќаваме луѓе со цигара во рака. Но тоа не е ни најмал украс на раката,
туку тоа е еден најлош денешен порок. Цигари се еден од најстарите
пороци. Западно-Европските народи за
прв пат ги забележале со откривањето на Јужна Америка. Таму Кристофер
Колумбо откако го открил континентот тој го истражува и на еден настап
на домородците тој забележал како двајца од нив во устата држат запалена
сува трева. Тоа било дури во 15
век.
Денес во Светот најмалку 1,2 милјарда луѓе се робови
на овој порок, а тоа е 1/3 од возрасните луѓе во Светот. Според
Светската Здравствена Организација, од болести поврзани со тутунот умира
по едно лице на 8 секунди во Светот, а од нив 1/4 се пасивни пушачи
(лица кои живеат во околина во
која има пушачи). Ова е доказ дека сегашниов тренд за 10 години ќе стане
убиец број 1. Неговите
злосторства најмногу ќе ги почувствува децата и пасивните пушачи.
Производителите не цигари се всушност платени убијци кои ние ги плаќаме
за да не убијат.
-Зошто најмладиот и
најмногу страда?
На ова прашање одговорот е:
-Најмладиот е се уште
неразвиен, а тој развивајќи се ги прима отровите од чадот на цигарата
(Катран, Цијановодород, Јаглероден Моноксид и др.) и тие постепено ги
оштетуваат органите кои се уништуваат и не се толку моќни за да се борат
против отровите. Како последица на тоа се јавуваат разни болести од кои
најопасни се: срцев и мозочен удар, хроничен бронхит, емфизем, рак, а
уште колку многу се... А за оштетувањето на органите и ткивата се гледа
и на површината на телото: кожата ја нема поранешната убавина, кожата ги
губи разервите од елатин и колатин, косата се оштетува, ноктите и забите
пожолтуваат. Но што е најлошо, од овие оштетувања произлегува тумор. Во
Европа 79% од луѓето се
изложени на чадот од цигарата. Научно е докажано дека пасивното
пушење е четврти светски порок кој веќе се издигнува и над
активното пушење.
ФАКТ:
1. Прва и најголема
причина за да се прекине со пушењето е сопственото здравје и
здравјето на другите;
2. Втора причина за
да се прекине пушењето е фактот дека пушењето е скапо.
Според Светската Банка трошоците за лекување на
болестите од пушењето изнесуваат 200 милјарди долари годишно.
-Зошто е тешко да се
прекине со пушењето?
-Тешко е да се
прекине пушењето најповеќе бидејќи
никотинот, кој го има во
тутунот, е дрога која создава зависност
и се бројува во рангот на психоактивни
дроги.
-Што содржи
една цигара?
- Состав на цигара:
Ацетон, Нафталин, Метханол, Пирен, Диметилнитросамин, Нафталин,
Никотин (се користи како инсектицид),
Цадмиум (се користи во батериите),
Јаглероден Моноксид (силен отров),
Бензопирен, Винилхлорид (се користи за
изработка на пластични материјали),
Цијановодородна Киселина (се употреблива
во гасни комори), Толуиден,
Амонијак, Уретан, Толуене (индустриски растворувач),
Арсен (силен отров),
Дибензакридин, Фенол, Бутан, Полониум
210 (радиоактивен елемент), DDT(инсектицид),
канцерогени супстанции.
Едно анкетирање во САД докажа дека секој четврти
младинец што пробал да пуши на крајот завршил како зависник од цигарите.
Иако 70% од пушачите се адолесцентни, жалат што почнале да пушат, а
малкумина можат да прекинат.
Мартин Колев
на
почеток= |
|
|
НОВИТЕ ПРАВИЛА ВО Ф1
Почитувани читатели започна големото шоу наречено Ф1.
До сега се одржаа неколку трки, како новитет од оваа сезона е автодромот
во Бахреин. До сега на сите трки победуваше шесткратниот шампион Михел
Шумахер. Според наше толкување за неговите победи придонесоа и новите
правила во Ф1, а сега накратко и за новите правила во Ф1.
АГРЕГАТИ
Секој тим за време на викендот на одржување на ГП
трките има право да користи само еден мотор, а доколку менува нешто во
моторот по квалификациите го чека казна со пад за 10 места. Но доколку
ако пак по втор пат направат некои измени пак се казнува со пад за 10
места.
АЕРОДИНАМИКА
Стандардното задно крило кое се користи уште од
почетокот на годинава, ФИА сака да додаде некои нови елементи со кои ќе
ја подобри аеродинамиката.
Патрик Хед техничкиот директор на Вилиамс вели дека со овие измени во
аеродинамиката се подобрува отпорот со воздухот при што аеродинамичните
перформанси кај болидите се подобруваат за 3-4%.
БРЗИНА
Ограничувањето на брзината во пит-стопот изнесуваше
до 80 km/h но бидејќи премногу се успоруваа болидите стручњаците бараа
зголемување до 100 km/h при што го одобрија тоа барање.
ЕЛЕКТРОНИКА
Се воведува стандардниот систем за сопирање и воедно
се забранува користење на составот “launch control”. Исто така се
забранува користење на потполно автоматски менувач, а сето ова сметаат
во ФИА ќе ги врати возбудувањата на патеката.
ВИКЕНД ПРОГРАМА
Се воведува можност за дополнителна тест сесија во
петокот наутро. Водечките тимови ќе можат во текот на оваа сесија да
тестираат три автомобили по свои избор. Квалификациите инатаму
остануваат во две сесии со време траење од 90 минути
Спасов Саше
Митров Ѓорѓи
на
почеток= |
|
|
EURO 2004
12-то
Европско првенство во фудбал во Португалија
Распоред на
натпревари од 12 Јуни до 04 Јули ;
на
почеток= |
|
|
НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА МЕЛ ГИБСОН
Мел Гибсон е ветеран во филмската уметност. Глуми
уште од млад, а зад него има цела редица од филмови. Се појавува во
филмовите: "Лудиот Макс",
"Патриот", "Смртоносно оружје", "Знаци", "Храбро срце"...
Пред некое време се појави и неговиот
најнов филм, но овој пат тој беше зад камерата како режисер. Филмот се
вика "Страдањата на Исус".
Овој филм не помина баш најдобро кај
критичарите. Некој сметаат дека во филмот ги обвинува Евреите за смртта
на Исус. Дури се обидоа да го натераат татко му да го оцрни но не успеаа
во тоа. Во едно свое интервју Мел Гипсон вели: “неможеш да се удавиш во
сопствената крв”. Пред се е покажано физичкото страдање на Исус, на
место психичкото. Имаше повеќе случаи кога на лугето при гледање на
филмот им се слошило. На премиерата на филмот во Скопје поголемиот број
од посетителите беа свештеници.
Еден од најдобрите филмови во кои глумел Мел Гибсон е филмот
"Храбро
срце". Филмот е историска драма. Тоа е приказна за Вилијам Валас и
ослободувањето на Шкотланѓаните. Кога Вилијам е дете, Англичаните ги
бесат неговите родители и тој живее со својот дедо. Кога пораснува се
заљубува во една убава девојка. Започнува војната меѓу Англичаните и
Шкотланѓаните и неговата девојка е убиена. Тој ги собира неговите
најдобри пријатели и се борат против Англчаните за слобода. Англичаните
го фаќаат и го мачат. Тој умира бавно. Го принудуваат да моли за
"милост" , но тој вели "слобода" и му ја сечат главата. Потоа му ги
сечат и нозете. Главата, нозете и трупот ги пракаат на три рзлични
страни. По неколку години Шкотланѓаните ја извојууваат нивната слобода.
Филмот е многу возбудлив и непредвидлив. Мел Гибсон го глуми Вилијам
Валас. Темата на филмот е многу важна, како и поуката. Ни покажува дека
слободата не доаѓа сама. Мора да се бориме за неа, а понекогаш зема
многу жртви.
Со сите свои филмови Мел Гибсон се докажа како актер
и го заслужи местото број 1 меѓу актерите.
Катерина Петкова
на
почеток= |
|
|
ЛИЧНИ ТВОРБИ НА НАШИ
ВАВИЛОНЦИ
Еден за друг
Што ли згрешив за да молам за капка љубов ? Толку ли
многу барам? Зарем е тешко да ми се пружи малку љубов, нежност и
внимание? Секогаш бев со сите кога им требаше некој да ги сослуша, да им
помогне, да им даде подршка, да направам да се чуствуваат среќни и
сакани, како што сака секое живо суштество на овој свет.
А сега кога на мене ми е потребна љубов, нежност,
подршка, сите ме напуштија, а со нив и ти. Замина без да помислиш на
мене, на мојте искрени чуства кон тебе. Кога ти беше тешко бев со тебе,
ти дадов сила да продолжиш да живееш. Оставив се зад себе за да те
направам најсреќен на светот. Те штитев од лошите времиња, мислејки дека
и ти ќе го направиш истото за мене.
Но се случи најлошото. Кога ми беше најтешко,
најлошо, кога најмногу ми беше потребна љубов и подршка ти ја сретна неа
и ме остави сама, незаштитена, беспомошна. Кога ти замина со неа , на
моето лице се стркалаа две кристални солзи. Тие две кристални солзи те
проколнаа. Те проколнаа од љубов, те проколнаа пак да ми се вратиш, штом
ќе сватиш дека не можеш да живееш без мене и мојата љубов.
Не сакаше да сватиш дека
животот е круг, а јас знаев дека сме создадени еден за друг. Секоја
вечер се молев за нас, за нашата неостварена љубов, се молев за твојата
среќа, мојата иднина. Но дојде денот кога ти ме здогледа со друг. Очите
ти светнаа како во ноќите кога ми ја опишуваше нашата љубов. Иако помина
долго време од разделбата наша кога те видов срцето ми се скрши како
чаша, осетив нешто врело и сватив дека срцето сеуште не ми е цело, дека
еден дел сеуште ти припаѓа на тебе. Покрај болката која ми ја нанесе, не
можев да одолеам, а да не се стрчнам кон тебе и да те прегрнам.
Успеав во мојот сон, успеав да те натерам да сватиш
дека животот е круг и дека јас и ти сме создадени еден за друг.
" Животот сепак е
круг "
Петровска Сања
------------------------------------------------------------------------------
|
|
|
Волшебната пролетна прошетка
Седејќи во мојот двор ја набљудував природата и ги
забележав првите стапки на пролетта. Таа, задишана од испраќањето на
зимата почна да царува во мојот град.
Златен, волшебен прстен висеше на синото платно навезено со сини
парчиња. Топлината на овој прстен со својата невидлива сабја мечуваше со
воздухот правејќи брановидни движења. Неговата моќ, ме обливаше мене,
дрвјата и целата природа со топла, светла и проѕирна свила. Ветрето со
својата чудна мајчина рака ми го милуваше лицето, ми ја допираше раката
и си играше со мојата коса правејќи некои чудни плетенки. Тревата беше
влажна од илјадниците бисерни солзи кои од волшебната светлина се
преливаа во сите бои на виножитото. Розовото венче од цветови ги красеше
косите на дрвјата кои стоеја гордо исправени, радосни што токму сега се
облечени во нивната најубава руба. Секој мој чекор беше придружуван од
ликот на отворените цветни чашки, тие разнобојни лампиони кои го
украсуваат величествениот фустан на пролетта.
Додека чекорев занесена во волшебството на оваа убавина едноставно
потонав во природата, се почувстував дел од неа. Во тој момент јас бев
принцеза, а пролетта вгнездена во природата беше замок од бајките.
Раката на пролетта испушташе светлина и каде и да погледнев таа блескаше
во моите очи. Милозвучната птичја песна ме разнежнуваше и правеше уште
повеке да потонам во мојата бајка. Пеперутките беа моите придружнички,
тие летаа околу мене, застануваа на мојата панделка и ме красеа.
Ќе останев вака магепсана ако допирот на мојата другарка не ме разбудеше
од длабочината на занесеноста во мојот ум. За последен пат, вдишувајки
длабоко го почуствував опојниот мирис на пролетниот цвет и го свртев
погледот кон мојот дом. Уште од првиот чекор во мојата куќа се затрчав
кон моливот и го запишав сето ова што Вие го читате верувајќи дека од
ваква прекрасна инспирација би требало да напишам нешто интересно.
Марија Петровска
------------------------------------------------------------------------------
|
|
|
Книгата ме прави
среќна
Цвет кој постојано цвета и не вене, ѕвезда која
постојано сјае и не гасне - тоа е книгата. Огромно богатство кое не
прави личност. Книгата е долг тунел на знаења во кој се подлабоко
влегуваш и се повеќе ти буди љубопитство. Таа е како сјајно, жолто сонце
кое грее над сите зрели полиња, како пеперутка што ги буди росните
цвеќиња, како пламен кој гори секогаш во нашите срца, едноставно книгата
е како патоказ за среќен и удобен живот. Таа претставува втор вид на
дружелив човек на земјата, единствено нешто што треба да направиме е да
ја запознаеме и да го откриеме богатството скриено меѓу таинствените
корици. Книгата е река која непрекинато тече, носејќи ни скапи знаења
кои се доволни со вистински труд да не направат културен и паметен
човек, човек кој ќе продолжи да го збогатува тоа богатство, бидејки веќе
ќе ја знае тајната на книгата со која почнуваме да се запознаваме уште
од мали нозе.
Тоа е така бидејќи книгата е најдобриот другар кој никогаш нема да те
издаде, туку во душата ќе ти влее
многу мудрости со кои ќе се гордееш и кои ќе ти бидат полезни во
животот.
Книгата е низа од раскази, раскази кои светот ни го прават поинтересен и
побогат. Книгата е збирка од поуки кои ни се потребни, затоа таа ни ги
нуди секогаш. Книгата не треба да ја запоставуваш, туку треба со љубов
да ја читаш. Книгата не треба да ја уништуваш односно, треба да ја чуваш
како зеницата во твоето око бидејќи толку и вреди. Јас ја сакам книгата
неизмерно затоа и пишувам за неа. Мислам дека таа е како топло и тихо
ветре кое дува во моето срце, будејќи ги моите чувства. Книгата е извор
од знаења, кој може да се опише со многу зборови и реченици, и мислам
дека нема да ги знаеш доколку не ја прочиташ.
Затоа другарувај со најверниот и најдобриот твој другар кој може за миг
да те однесе и на најневозможното и најодалеченото место за кое никогаш
не си размислувал, а не си ни знаел.
Моника Додева
------------------------------------------------------------------------------
|
|
|
Мојата мајка
Мојата
мајка е извор на мојата срека и радост. Извор кој има очи од кои се точи
добрина и топлина. Очи кои се како ѕвездени, слатки, големи црешни во
ѕвездени овоштарници. Тие топло и мило со голема љубов ги набљудуваат
малечките сеуште кревки и нежни, румени црешички.Од усните на мама
извира меден поток. Поток чиј мирни води се медени зборови.
Косата на
мама е зрела пченка. Таа е мека како свила. Лицето на мама е најруменото
јаболко. Тоа е секогаш весело како сонцето.Тоа е сонце што вечно ме грее
и ме топли. Благите зраци на моето вечно сонце ми допираат во срцето и
ја топат целата тага во него, секоја болка и ја заздравува секоја рана и
тие зраци вечно ке останат заклучени во моето, малечко, детско срценце.
Тивкиот чекор на мама е како чекор на некое исплашено срниче. Се плаши
да не направи некој погрешен, тажен, разочарувачки, ранлив чекор со што
ќе го повреди своето малечко. Благата, тивка, широка прегратка на мама е
топло гнездо и пазува во која јас секогаш можам да најдам утеха. Нежните
раце на мама се позлатени и мили. Тие ја позлатуваат мојата постела,
облека, секоја книга. Тие позлатуваат злато. Ми пружат многу љубов, а
тоа ме прави најсреќното дете на светот.
Мојата мајка има искрена душа која простува сé.
Иако по некогаш
успевам да ја налутам нејзината душа и срце простуваат сé.
Нејзината мајчинска
љубов и разбирање се многу големи и секогаш ме водат на прав, вистински,
ѕвезден пат. Ме хранат со добрина.
Кога сум болна мама бдее над мене тажна. Разочарана рони врели солзи над
моето малечко лице. Мамините солзи се гранки и лисја на тажни врби кои
висат над земјата и
водите.
За сите тие добрини сакам да и се одолжам на мама. Да би била мала,
весела птичка која трепери лесно би и испеала весела песна. Да би била
пенлива, бистра река би ја галела со своите топли води. Да би била небо
јасно како зора би и дала грст ѕвезди да светат како нејзините ѕвездени
очи. Да би била Аладин од волшебните бајки би и ја исполнила секоја
нејзина желба. Но не сум ни птица, ни река, ни небо ниту пак Аладин од
волшебните бајки, јас само можам да и се одолжам само со еден мал состав
во кој се опишани нејзините доблести и убавини и со еден врел бакнеж од
срце.
Милена Дончевска
------------------------------------------------------------------------------
|
|
|
Книгата ме прави
среќна
Книгата е извор на чувства, небо покриено со
прекрасни ѕвезди кои ѕирнуваат во длабочините на срцето.
Книгите се
непроценливо богатство на светот. Односно на парче хартија ги искажуваат
длабочините на чувствата и највозбудливите настани.
Книгите се пролетен дождец, златно зајдисонце, светла капка роса и
прекрасна Месечина. Таа е како мајка, толку умотворна и толку прекрасна.
Иако е мала во неа можат да се сместат дворци и планини, големи и
високи. Сите луге на светот треба да ги сакаат книгите, и да ги чуваат
како нешто скапоцено. Затоа јас ги сакам и ценам книгите. Тие за мене
претставуваат нешто прекрасно, затоа што со помош на нив јас откривам
убави и полезни нешта кои многу ке ми користат во животот.
Книгата е како поточе од кое непрекинато течат, се леат нови волшебни
зборови. Книгата може да се спореди и со облаците, кои секогаш
донесуваат живот односно нов дожд односно нови зборови. Таа може да ме
одведе секаде, на месечината, на дното од морето,да ме врати во времето
кое поминало. Таа е волшебничка што може да направи чуда. Книгата е како
леб без кој не можеме, таа е како топла прегратка која не прави среќни.
Има зборови колку што има ѕвезди на небото кои можат да ја опишат но
според мене доволно е да се каже "колку
книги прочитано толку ѕвезди што не гаснат, колку книги прочитано толку
повеке знаење. Токму затоа знајте сите на светот - книгите се најголемо
богатство кое не може да го замени ништо".
Симона Цијева
------------------------------------------------------------------------------
|
|
|
Ти
Ти си смислата на мојот живот,
ти си таа што ме прави среќен,
ти го тераш моето срце
уште кога ќе те видам
да скокне и да бидам пресреќен.
Ти си моето сонце,
кое го осветлува
патот по кој се движам,
ти си таа со која секое утро
се будам,
ти си таа која ме
маѓепса со твоите очи,
ти си таа која љубов
во моето срце наточи,
ти си таа која ја побара
мојата љубов,
ти си таа на која мислам
непрекинато,
ти си таа за кого моето
срце чука, ти си мојот живот,
те љубам,
затоа биди тука.
Неможам да живеам
без тебе.
Се заљубив во тебе
уште кога те видов,
ти ме научи што
значи тоа љубов.
Не можам да живеам без тебе,
а ти не си тука,
дојди кај мене
за моето срце да чука.
Не сакам да си
поигруваш со чуствата мои,
бидејки љубовта моја
за тебе се пробуди. |
Те љубам
Поминав девет мориња,
и девет планини,
само за што побрзо време да
паднам во твоите прегратки.
Ме заслепи со
твојата убавина
најубава од сите што ги знам
поубава од божица
во која непрекинато зјапам.
Твоите очи како бисери
што сјајат,
твоето име
светлина значи
твојата убавина
ја градат.
Нашата татковина
Нашата татковина е
само наша
кажете ја сакаме
ако некој ве праша.
Низ нејзините полиња
како пространи пасишта
цутат цвеќиња
и ја разубавуваат татковината
Над тебе синото небо
со мали облачиња како цвет
ти си нашето најскапо злато
најскапо на цел свет.
Стиховите на трите песни се на
Митров Ѓорѓи |
|
|
------------------------------------------------------------------------------
|
|
|
ВИЦОТЕКА
|
|
|
Пред многу години,главаторот на едно Балканско племе
стрелал со пушката угоре кон еден орел .
За жал промашил. Околу него по обичај имало многу гребатори, а најбрзиот
од нив веднаш го прокоментирал промашувањето на свој начин:
- Многу чудно господару, мртов - а
лета.
...
-- Ако имаш 5 евра и
мајкати ти даде уште 5 евра колку вкупно ќе имаш?
- 5евра.
-- Ти изгледа не знаеш да собираш?
- А вие, наставничке изгледа дека не
ја познавате мајка ми.
...
-- Сине многу почна да
забораваш!
- Леле мамо пак ли ми го нема
чадорот ?
-- Не овојпат жената ти ја нема .
...
Мујо му вика на Хасо:
-- Женати спие со комшијата!
Хасо оди кај жена си и се враќа возбуден.
- Умрев од срам не беше комшијата!
...
-- Што е зебра?
- Магаре што навива за Партизан.
...
Дошол мафиозо на царина и цариникот го прашал што има
да пријави.
-- Само два дигитрони-рекол.
Цариникот побарал да ги види, а овој - му извадил два пиштола.
- Ама , човеку, па ова се пиштоли...
- се вознемирил цариникот.
-- Е, па, ние така се
пресметуваме-остроумно му одговорил мафиозото.
...
Разговараат двајца приатели:
-- Станав шеф, имам 12 луѓе под мене!
- Ма тоа не е ништо, јас имам 10.000
луѓе под мене!
-- Ууу, па што работиш ти?
- Косам трева на гробишта!
...
Оди Трпе во месара да си купи салама:
- Ве молам еден метар салама.
- Не продаваме салама на метар, туку на кило.
- Тогаш дајте ми еден километар!
... |
|
Што велат човекојатци кога поминуваат покрај дом за
старци?
--Ај на суви смокви!
...
Јозо за роденден добил дигитален часовник .
Штом го ставил на раката, го прашале гостите:
-- Ајде да ни каже славеникот, колку е
часот?
- Не би знаел да кажам...
-- Како тоа?
- Па така! Ајде вие одеднаш поделете 18 со 29.
...
Наставничката во прво одделение на првиот час по
математика ги прашува децата :
--Деца пред да почнеме да ги учиме бројките, да ве прашам дали некој
знае да брои ?
- Јас знам наставничке !
--Браво, епа ајде да те слушнеме .
- Еден , два , три , четири , пет ,
шест , седум , осум, девет , десет , џандар , дама , крал .
...
Застанува некој тип со автомобил на бензиска пумпа.
-- Ве молам наточете ми капка
бензин.
- А гумите?
-- Што гумите ?
- Да не сакате да ви кивнам еднаш во
нив ?
...
Таткото Шкотлаѓанец им раскажува на своите деца стара
легенда :
- - Во старо време во Шкотска живееја
само мажи, а во Ирска жени.
- Затоа сме значи ние Шкотланѓаните
толку добри морепловци! -забележа едно од децата.
...
-- Што е брзина на
светлината?
- Кога баба ќе види слободно место
во автбус на градски.
...
-- Отворете ја устата,
госпоѓо.
- О,благодарам.
-- Зошто ми се заблагодарувате.
- Па, обично сите велат да ја
затворам
...
-- Ако тревата е дрога
што е тогаш кравата?
- Наркоман
Вицовите ги подготвија :
Иван Николов,
Анѓелчо Лазев,
Борче Сарафинов.
|
|
|
на
почеток= |
|
|
ПЕСНАРКА
|
|
|
|
|
|
|
Wild Dances :: Ruslana
од Украина
Победничка на песна на Евровизијата 2004
Just maybe I’m crazy,
The world spins round and round and round
shi-di-ri-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
shi-di-ri-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
I want you to want me as I dance
Round and round and round
shi-di-ri-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
shi-di-ri-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
Forever and ever go, go, go wild dancers!!
Day-na-day-na Wanna be loved
Day-na Gonna take my wild chances
Day-na-day-na Freedom above
Day-na-da-na-da I’m wild ‘n’ dancing
Hey!
Desire
Inside you
My head spins round and round and round
shi-di-ri-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
shi-di-ri-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
I want you
To want me
So I dance round and round and round
Hey, shi-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
Hey, shi-di-duy, shi-di-ri-di-da-na
Forever and ever
Go, go, go wild dancers!!
Day-na-day-na Wanna be loved
Day-na Gonna take my wild chances
Day-na-day-na Freedom above
Day-na-da-na-da I’m wild ‘n’ dancing
He-e-e-ey!
Dance forever, come and be mine,
Dance together, till the end of time
Dance together go, go, go wild dancers!!
Day-na-day-na Wanna be loved
Day-na Gonna take my wild chances
Day-na-day-na Freedom above
Day-na-da-na-da I’m wild ‘n’ dancing
|
Shake It :: Sakis Rouvas
Претставник на Грција на песна на
Евровизија 2004
Everytime you wanna play
turn me on, all the way
come to me and take the ride
skin on skin, it’s pure delight
givin’ me the passion you’re burnin’ my heart
gonna rock you till you drop
baby you’re the reason I’m feelin’ so hot
want you now, I just can’t stop…
I would trade my life
for a night with you
driven by desire
make that move on me
it’s time for you to see
that my world’s on fire!!!!!!!
Shake, shake, shake, shake, shake it mi amor
Crazy for love
Give me some more
Shake, shake, shake, shake, shake it mi amor
Crazy for love
Give me some more
Shake, shake, shake, shake, shake it mi amor
Crazy for love
Give me some more
Forever!!!!!!!
Everyday I can’t resist
need the taste of your lips
darlin’ it’s your body that drivin’ me nuts
let me in I’ve got to touch
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
на
почеток=
|
|
|