english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Национален форум на грантистите на Цивика Мобилитас

ОЖОСВН беше дел од Националниот форум на грантистите кои се дел од Цивика мобилитас програмата насловен како „Граѓаните за промени-Ден на граѓанските организации“, а се оддржа на 23 септември во Градскиот парк на „Школка“ во Скопје.
Програмата се состоеше од повеќе од 30-тина настани кои се одвиваа паралелно, а беа надополнети и со настапи на повеќе музичари, меѓу кои хор Симбиосис, Шурбе, Џун, Концепт 59, РИБ и Тамара Тодевска.
Официјално, форумот беше отворен во 13 часот од страна на нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада – Амбасадорката на Швајцарија во Р.Македонија, а потоа се обратија и Питер Тоинес и Александар Кржаловски, кои се меѓународниот и националниот лидер на тимот на Цивика. Амбасадорката во своето обраќање истакна дека „Многу е важно да се запамети дека организациите на граѓанското општество се гласот на нивните конституенти и дека довербата на граѓаните е темел на нивните законитости" и додаде „Во изминатите неколку години можевме да видиме дека организациите на граѓанското општество уживаат поголема доверба кај нивните конституенти, влијанието од нивните акции станува посилно и резултатите од нивните акции многу по оддржливи. Се надевам дека овој настан ќе ги инспирира локалните власти да воспостават поблиски врски меѓу заедницата и граѓанското општество заради придобивките на целата заедница“.

 
     
 

На настанот посетителите имаа можност да се информираат за граѓанските организации, нивните залагања и постигнувања, како и активно да се приклучат на разновидните активности. Всушност, Форумите на Цивика Мобилитас овозможуваат простор за артикулирање идеи, идентификување заеднички каузи и планирање заеднички општествени акции од страна на граѓанските организации во соработка со другите организации, властите, граѓаните и останатите конституенти.

Флаер ОЖОСВН (*мкд)

Флаер ОЖОСВН (*eng)

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster