english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Еко- акции за чистење и разубавување на излетничките места во Свети Николе

Со цел подигање на свеста за здрава животна средина на жителите на општина Свети Николе, во рамките на кампањата „Мрдни со Прст“ во Свети Николе се реализараа две еко-акции за чистење на излетничките места горно Ѓуриште, Бареш и Мавровица.

Акциите беа спроведени во соработка со партнерските организации Извиднички одред „Гоце Делчев“ и Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, како и со поддршка на Локалната Самоуправа, ЈКП Комуналец, општинските основни и средни училишта, МИК Свети Николе, како и општата популација.

Првата еко акција која беше чистење на горно Ѓуриште и Бареш се реализираше на 16ти Септември, а во неа зедоа учество 120 граѓани. За време на оваа акција присутните се забавуваа со DJ MATS.

Еко акцијата за чистење на Мавровица се реализираше на 11ти октомври, а на неа учествуваа 50тина граѓани.

Пред самите еко акции имавме и подактивности за фарбање и декорирање на 40 буриња за отпад и подготовка на 40 информативни табли на кои беа испишани еко пораки за подигање на свеста. За оваа активност посебен придонес дадоа ДПД во чии работен простор се одвиваа сите активности, а во самата неколкудневна акција се вклучија 43 деца и млади од Свети Николе.

Бурињата и инфрмативните еко пораки беа поставени на трите излетнички места за време на еко акциите.

 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster