english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Реализирани 5 маалски акции и многу размрдани прсти

Иницијативата Мрдни со прст поттикна реализирање на 5 маалски акции во Свети Николе.

Првата маалска акција беше чистење и разубавување на просторот пред една од зградите на улица Ударничка. На исчистениот простор соседите поставија бетонска подлога и мермерна маса со четири клупи и исфарбаа односно декорираа неколку стари автомобиски гуми со цел дополнително да го разубават просторот. Во оваа маалска акција се вклучија 20тина соседи, а свој придонес дадоа и вработените од комуналното претпријатие Комуналец.

Втората маалска акција беше уредување на неискористен простор на улица Рахилка Гонева, пред стамбен простор 29 и 31. Откако се исчисти просторот на 15 квадартни метри се поставија бекатон плочки и мермерна маса со четири клупи. Фарбање на стари автомобилски гуми и креирање на разни украсни форми исто така беше дел од оваа маалска акција. Во оваа акција се вклучија 20тина соседи кои заеднички учествуваа во целиот процес, а помош имаа и од волонтерите од Доброволното Противпожарно Друштво.

 
     
 

Третата маалска акција беше поставување на ограда на веќе постоечко детското игралиште на улицата Велко Влаховиќ во самата близина на речното корито, како и фарбање на веќе постоечките реквизити, разигрување и декорирање на самото детско игралиште со дополнителни елементи претежно од стари автомобилски гуми. Во оваа акција учествуваа 20тина соседи, меѓу кои имаше и доста деца.

 

Четвртата маалска акција беше поставување на нови заштитни капаци на шахтите пред зградата на улица Ленинова 1, чистење на просторот пред зградата и поставување на две клупи. Во оваа акција учествуваа 15тина соседи. Оваа акција беше спроведена во сооработка со ЈКП Комуналец и градежната фирма „АГП“ од Свети Николе која ги изработи бетонските капаци.

 

Петата маалска акција беше поставување на нов кош на улицата Ударничка. Оваа акција започна со чистење на просторот околу претходно поставениот простор за кошаркарско игралиште на улицата кое беше во лоша состојба бидејќи немаше поставено кош и не се користеше за намената која му беше предвидено. После чистењето следуваше поставување на конструкцијата на кошот, како и поставување на таблата и обрачот. Во самата акција се вклучија 15тина соседи кои исто така имаа помош од комуналното претпријатие.

Преку овие акции светиниколчани покажаа дека многу малку е потребно да се размрдаат прстите и заеднички да се направи добро дело првично за самите себе, а потоа и за околината и средината во која живееме.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster