english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Волонтерите на ОЖОСВН се дел од Европскиот Волонтерски Сервис-ЕВС

Во соработка со Советот за превенција против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци, Иво Митрушев и Сања Ваневска почнувајќи од јуни 2016 година до февруари 2017 година беа дел од EVS проектот „Be the part of BIT“ кој е активност во Ерзмус+, Европскиот волонтерски сервис, а се реализираше во Черномељ, Р.Словенија. Волонтерите кои беа вклучени како ЕVS зедоа активно учество во организирање на настани, хуманитарни концерти, фолклорни фестивали, детски фестивали, земаа учество на младински размени на различни теми, како: радикализам, спорт, историја итн. но и волонтираа во дом за стари лица и работа со деца во дом за лица со посебни потреби. Волонтерите имаа можност да бидат дел од практиканската работа, односно учествуваа во тренинг едукација поврзана со факултетското образование и вршеа практикантска работа во винарија и имаа можност да се запознаат со производството на природни сокови како семеен бизнис. За време на своите волонтерски денови Иво и Сања имаа можност да се сретнат, запознаат, и разменат искуства со повеќе млади од различни европски држави: Италија, Хрватска, Шпанија, Полска, Поругалија, Романија. Во овој временски период Сања држеше курсеви по македонски јазик и часови по кулинарство за младите од Черномељ.

Одличната соработка со Советот за превенција против малолетничка деликвенција, СППМД од Кавадарци донесе уште 2 ЕВС договори за наши членки. Емина Токовиќ и Мартина Богдановска волонтерки од ОЖОСВН зедоа учество во EVS програмата во проектот „Where Passion Ignites Inspiration" финансиски подржан од програмата Еразмус + на Советот на Европа во реализација на Bo drum Dance Club Association.

Волонтерките заедно со 27 млади од 12 европски земји учествуваа во подготовка, промоција, организација и реализацијата на 18-от Интернационален Бодрумски фестивал на танци 2017г., кој се одржа од 22 до 28 мај 2017 година во Бодрум, Р.Турција.

 
     
 

Во 45те дена волонтерско учество младите имаа можност да ги развијата нивните знаења во однос на интеркултурното учење, управување со настани, способности за презентација, управување за време на кризи, како и можност за изучување на Турскиот јазик. Освен развивање на разни способности волонтерите се запознаа со различни теми поврзани со борбата против расизмот, ксенофобијата, кршење на предрасудите и стереотипите и др.

Повеќе информации поврзани со овој проект и со фестивалот може да најдете на следниве линкови:

http://bodrumdancefest.org

https://www.facebook.com/BodrumDanceFestival/,

https://www.facebook.com/BodrumYouthCentre/

https://www.instagram.com/bodrumdans/?hl=en

 

 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster