english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Традиционално – Велигденски штанд на ОЖОСВН

Втора година по ред, по иницијатива на младите членки и членови од Организацијата, кои заедно со членките на групата за самопомош реализираа неколку креативни работилници за изработка на Велигденски украси. Материјалите за изработките беа набавени со финансиска поддршка од институционалниот грант од Цивика Мобилитас Програмата и ЛС Свети Николе. На работилниците се изработија над 250 големи и мали корпи за јајца, од различни материјали и истите беа изложени и продавани на 13 април - Велики четврток во центарот на градот, пред канцеларијата на ОЖОСВН и малкуте изработки кои останаа од првиот ден беа дополнети со други изработки од групата за самопомош и продавани на 14 април – Велики Петок, пред црквата Св.Никола. Овие хуманитарни штандови имаат за цел да се соберат средства за континуирана поддршка на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања која повеќе од 12 години функционира во рамките на Здравствената програма на Организација на жените на општина Свети Николе, како и да се влијае на подигање на свеста кај населението, пред се кај жените, за превенирање од малигни заболувања и полесно надминување во случај на болест.

Велигденскиот хуманитарен штанд беше посетен од над стотина граѓани од општина Свети Николе и беше позитивно прифатен од сограѓаните и сограѓанките, а оваа година за прв пат и жени од групата за самопомош учествуваа во продажбата на самиот штанд и можеа дирекно да споделат искуства од работата на групата.

Организација на жените на општина Свети Николе и понатаму продолжува со низа активности за помош и поддршка на работата на групата за самопомош и нејзините членки, унапредување на активностите на групата, но и работи на изнаоѓање начини за самоодржливост на групата преку основање на социјално претприемништво и други извори на финансирање.

 
     
 
     
 
     

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2017 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster