english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 
Сите заедно можеме да го победиме ракот

Во периодот Септември – Декември 2015 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектотСите заедно можеме да го победиме ракот" финансиски поддржан од Локалната Самоуправа на општина Свети Николе.
Целта на проектот беше зајакнување на самодовербата за полесно надминување на последиците од болеста кај жените заболени и лекувани од малигни заболувања преку давање на соодветна стручна психосоцијална поддршка и креативно исполнети жени.

Во рамките на проектот беа реализирани 9 работилници за групата за самопомош (жени заболени и лекувани од малигни заболувања), од кои 6 беа едукативни работилници , а 3 работилници креативни. Работилниците беа водени од доктор Гордана Митева, психолог- Емина Петкова и Елена Златева едукатор по креативни вештини.

На едукативните работилници беа разработувани најразлични темиПравилна и здрава исхрана“, „Зошто и каде здравјето се губи, што нив лично ги смирува и што ги прави да се чувствуват мирно, смирено и радосно", „Психичко и физичко здравје“ ,„Психологија на простување“.
На овие работилници жените ги надминуваа проблемите и тешкотиите, ја зајакнаа својата самодоверба, споделија и разменија искуства и информации.

На креативните работилници жените заболени и лекувани од малигни заболувања имаа можност да изработуваат предмети од најразлични материјали (платно, стакло, мoнистри, бои, хартија во боја и др.)

Низ работа и смеа нивните вешти раце ствараа дела, а болеста за момент беше заборавена.
Целта на работилниците беше жените да се меѓусебно дружат, зближат, да се запознаат подобро, да научат нешто ново и да го споделат своето искуство и на тој начин да се чувствуваат исполнето.

 

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster