|
Младите од Свети Николе се
дел од Voice
up
Организацијата на жените на општина Свети
Николе го поддржа настанот ˶Дај му
глас на твојот став˝, кој се оддржа на 17ти декември во МСУ ˶Гаврило
Романович Державин˝ во Свети Николе. Настанот е дел од проектот
Voice Up
кој има за цел да го потикне граѓанскиот
ангажман преку креирање аудио, визуелни и аудиовизуелни содржини на
социјалните медиуми. Целта на овој проект е да се помогне да се подигне
нивото на свеста кај младите за моќта која
што може да ја имаат социјалните медиуми,
како и за потенцијалната општествена ангажираност што може да се добие
преку нивно користење. За овој проект се организираат настани во неколку
градови во Р.Македонија, а Организација на жените на општина Свети
Николе го поддржа настанот со потпишување меморандум за соработка и со
учество на самиот настан со повеќе свои претставници од Програмата за
деца и млади и волонтери. На настанот зедоа учество 40тина млади на
возраст од 18 до 35 години од општина Свети Николе. Проектот финансиски
е поддржан од УСАИД.
На самиот настан се зборуваше за тоа како социјалните медиуми ја
променија комуникацијата во светот, снимањето на документираните
филмови, фото есеии, за тоа всушност како функционираат социјалните
медиуми. На крајот се разви дискусија за потребите и проблемте со кои се
соочуваат граѓаните на општина Свети Николе и се разменија мислења,
видувања и ставови, како и на кој начин користејќи ги достапните
медиумски можности би можело да се влијае врз конкретни промени во
општеството.
Во рамките на самиот проект има отворено и веб платформа
http://voiceup.mk/
каде учесниците од
настаните, но и сите останати заинересирани млади може да се приклучат,
да споделуваат информации и директно заеднички да развиваат медиумски
приказни, а за сето тоа ќе имаат и професионална поддршка од експерти во
секоја од областите кои се ангажирани од страна на тимот на
voice up.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|