english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОЖОСВН партнер во „Македонска активна платформа за социјална инклузија“–МАПСИ

 „Македонска активна платформа за социјална инклузија“ е проект финансиран од ИПА компонентата за развој на човечки ресурси, во реализација на Охрид Институт за економски стратегии и меѓународни односи–Скопје, партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје 18 локални партнерски организации, меѓу кои и Организација на жените на општина Свети Николе.

Целта на проектот е да се создаде долгорочна платформа МАПСИМакедонска активна платформа за социјална инклузија преку чија работа ќе се подобри статусот на ранливите групи поконкретно на жените и младите на локално ниво во 18 општини во Р.Македонија. Покрај националната платформа МАПСИ, ќе се формираат и 18 локални платформи за социјална инклузија-ЛАПСИ во секоја од општините дел од проектот, кои ќе се развиваат со заедничко делување на единиците на Локалната самоуправа, општинските совети, владините институции, невладините организации, бизнис секторот, центрите за социјална работа, образовни и академски институции и други релевантни чинители. Преку градење на овие локални и регионални мрежи и партнерства ќе се развијат, имплементираат и мониторираат соодветни програми и стратегии за социјална инклузија на жените и младите на локално и регионално ниво. Создавањето на долгорочни мрежи на локално ниво, склучување на партнерства за соработка, мобилизацијата на локалните чинители и само по себе треба да ја потикне и подобри социјалната инклузија на жените и младите на локално ниво во секоја од општините.

 

На локално ниво во периодот јули 2016 година до април 2017 година се очекува ОЖОСВН заедно со претставници од релевантни институции и организации, преку серија од работилници да креираат локални стратегии за социјална инклузија на жените и младите и следење на спроведувањето на овие стратегии.

 

Тимот од ОЖОСВН прво започна со посета на релевантни локални институции и организации во општина Свети Николе за да ги запознаат со проектните активности и нивно вклучување во истите. Потоа се пристапи кон чекори за изготовка на локална стратегија за социјална инклузија на жените и младите во општина Свети Николе. На 6ти декември се оддржа првата Локална конференција за социјална инклузија на која присуствуваа претставници од локалната самоуправа, општинскиот совет, владините институции, невладините организации, бизнис секторот, центрите за социјална работа, образовни и академски институции, претставници на политички партии и други релевантни чинители. На конференцијата се дискутираше за постоечките документи од областа на социјалната заштита и други релевантни документи кои се однесуваат на социјалната инклузија на жените и младите во општина Свети Николе и се детектираа проблемите и потребите кои ги засегаат истите. На 15 декември беше реализирана првата работилница за отпочнување на процесот за изработка на локална стратегија за социјална инклузија на жените и младите во општина Свети Николе. Работилницата беше водена од страна на тимот на ОЖОСВН, а на истата учествуваа триесетина претставници од институциите/организациите кои се дел од ЛАПСИ. На оваа работилница се продолжи со детектирање и дефинирање на потребите и проблемите на жените и младите, нивно приоритизирање и започнување со проецесот на дефинирање на цели и активности кои ќе влезат како стратешки цели во стратегијата. Активностите од МАПСИ проектот продолжуваат и во текот на наредниот период.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster