Младинска
Јавна Дебата „Младинското
учество во пракса – градење на ефективно “млади –возрасни” партнерство “
Организација на жените
на општина Свети Николе во соработка со Младински сојуз од Крушево ја
реализираа младинска јавна дебата на тема „Младинското учество во пракса
– градење на ефективно “млади –возрасни” партнерство“.
Дебатата се оддржа на 11 мај во Свети Николе како дел
од проектот “Switch on: Youth Participation“ финансиски поддржан од
Европска Младинска Фондација на која учествуваа повеќе од 40-тина
учесници на различна возраст. Целта на проектот е подигање на свеста за
младинското учество во македонското
општество преку видео репортажи,
циклус на јавни дебати во повеќе градови во Македонија и завршна
конференција во Скопје.
Носител на проектот е
Младински Сојуз од Крушево, а партнери во проектот покрај Организација
на жените на општина Свети Николе се и: СППМД-Кавадарци, Европска Гледна
Точка-Битола, Центар за рурален развој Бујрум-Куманово и Излез-Скопје.
Во склоп на проектните активности беше спроведено истражување, снимена
видео репортажа и изработено промотивно видео за младинско учество.