english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Летни кампови Girls Leading Our World (GLOW) и Young Men Leadership Project за лидерство и лидерски вештини

Волонтерите од Мировен Корпус Лора Дешер, волонтерка во ОЖОСВН и Кајл Милфорд во почетокот на Април одржаа информативна сесија наменета за млади на возраст од 14 до 17 години, кои од Септември ќе бидат дел од средношколскиот образовен процес во Свети Николе. На информативната средба младите беа запознаени со активностите и можностите за учество на летните кампови за лидерство и лидерски вештини кој ќе се оддржат во текот на јули месец во Крушево. Сесијата се оддржа во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети и на неа учестуваа околу 25 млади. Камповите се одвоени и наменети за 80 момчиња и 80 девојчиња од Р.Македонија и има за цел стекнување на лидерски вештини, граѓанска одговорност, еколошка одговорност, изучување на англискиот јазик, запознавање со Американската култура, традиција како и запознавање со разни американски спортови, а во реализација на Мировниот корпус и ИМКА Македонија од Битола. По информативната сесија следуваше процес на аплицирање, интервјуа со апликантите и селекција за учество. Од Свети Николе, за прв пат годинава ќе учествуваат по еден претставник- момче и девојче, во секој од камповите.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster