english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

„Зголеми ги своите вредности-Едуцирај се II“-втора обука

Во периодот од 15 до 17 Април 2016 година се реализира втората обука од проектот „Зголеми ги своите вредности-Едуцирај се II“. Обуката се оддржа во Еуро Хотел Градче - Кочани каде учество зедоа 20 млади невработени лица од Р.Македонија на возраст од 18-35 години. Обуката беше во реализација на Организација на жените на општина Свети Николе, а проектот финансиски е поддржан од Генерален секретаријат при Влада на Р. Македонија. Со обуката беа опфатени 8 едукативни работилници со следниве теми:

  • Основи за изработка на бизнис план (4 работилници),

  • Изработка на кратка биографија,

  • Пишување на мотивационо писмо,

  • Интервју за работа,

  • Интернет пребарување за можности за вработување и on-line аплицирање.

  • Проектните активности имаа за цел да придонесат кон олеснување на пристапот до вработување на млади невработени лица од Р.Македонија односно зајакнување на капацитетите и стекнување на дополнителни вештини на младите невработени лица на возраст до 35 години од Р.Македонија заради поголема конкурентност на пазарот на трудот.

     
         
     
         
     
         
     
         
     
         
     
         
     
         
     
         
     

     

    Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster