|
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ
НИКОЛЕ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 8ми МАРТ -
ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА
Организација на жените на општина Свети
Николе оваа година во Свети Николе, организираше одбележување на 8ми
Март -Интернационалниот
ден на жената. За таа цел се положи цвеќе и им се оддаде почит на жените
борци во НОБ од општина Свети Николе на споменикот во нивна чест во
градскиот парк. На самиот чин присуствуваа преставници и преставнички на
Локална самоуправа Свети Николе, член/ки/ови
на останати женски организации од градот,
државни институции,
училишта и граѓани и граѓанки од општина Свети Николе. Организацијата во
чест на 8ми Март приреди средба и коктел во просториите на организација
за поширокото членство, за соработничките и подржувачите, каде
меѓудругото се споделија и разменија мислења и искуства во однос на
женскиот активизам и прашања поврзани со еднаквоста на половите во
општеството.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|
|