english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „ПРАВО НА МЛАДИНСКО ИНФОРМИРАЊЕ – ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!“

Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира во периодот од 01 декември 2015 до 01 јуни 2016 година, а во Свети Николе ќе се реализираат активности од страна на младите членови/ки од Организација на жените на општина Свети Николе. Целта на активностите е да се подигне свеста за значењето на младинското информирање и Младинските Информативни центри во Македонија.

Во склоп на кампањата на 18ти февруари во соработка со СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе се одржа еднодневна работилница со младински лидери и претседатели на класови од училиштето. На работилницата учествуваа 21 претседатели/ки и претставници на класови од сите години и се дискутираше на темата „Младинско информирање“, односно проблеми со кои се соочуваат младите и кои се нивните потреби во однос на информираноста за прашања и теми од нивен интерес. На самата работилница произлезе дека младите од општина Свети Николе многу малку се информирани за теми и настани од нивен интерес и на локално ниво нема воспоставен никаков механизам за споделување на информации дирекно до младите, дека имаат потреба од Информативна табла каде прегледно ќе бидат поставени активности на организации и настани од интерес за младите.

 

Кампањата е водена од Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА, а истата ќе ја споведат организации: ИНФО СЕГА Прилеп и Кавадарци, Коалиција СЕГА, ИМКА Битола, Сфера Битола, Младински Совет Прилеп, Волонтерски центар Скопје, АЛДА Скопје, Организација на жените на општина Свети Николе и АЦЕ Кавадарци.

 
     
 

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2016 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster