english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Новинарите со признанија за најдобрите од Истокот

 

Новинарите од источниот регион во рамките на активностите на регионалниот центар Исток‘‘, коj е дел од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), следејќи ги севкупните општествени процеси од овој дел од државата доделија награди за најдобрите во стопанството, туризмот, образованието, невладиниот сектор, здравството, хуманоста, спортот, културата. Признанија на најуспешните, на оние кои посветено, упорно, стручно и пожртвувано работат им беа доделени на 8 Мај 2015 година во Виница.

Во рамките на невладиниот сектор, признанието е доделено на Организацијата на жените на општина Свети Николе, за упорноста во борбата градот да добие мамограф, бидејќи статистички во овој град жените најмногу заболуваат од рак на дојка. Наградата ја прими Г-ѓа Вера Златева, Претседателка на Организацијата на жените на општина Свети Николе, а беше доделена од страна на студентката по новинарството и новинарка во Радио Кочани, Николина Атанасова.

Иницијативата за доделување на плакети за најуспешните беше поддржана и од градоначалниците на општините од регионот.

На манифестацијата присуствуваше и швајцарскиот амбасадор во Р.Македонија, Стефано Лазарото, кој прими признание од Здружението за особен придонес во заштитата на животната средина во регионот.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster