Младински центар Херцег Нови од Херцег Нови
од 5 до 7 јуни по деветти пат го организираше Меѓународниот детски
карневал. На карневалот земаа учество 51 карневалска група со 1300
учесници од 6 држави. Карневалот свечено беше отворен на 5-ти Јуни со
богата културно уметничка програма на која по втор пат се избра мис
клинцеза на Херцег Нови. Целта на манифестацијата е да се промовира
детскиот туризам, интеркултурната соработка, толеранцијата и
почитувањето на различностите.
По покана на Младински центар, Херцег Нови
како член на Македонската делегација беше поканета Рахела Симеонова
Манева, членка на Организација на жените на општина Свети Николе.
Поддржувачи на манифестацијата се град Херцег Нови и Туристичката
агенција на град Херцег Нови. За гостите традиционално секоја година
градоначалникот на Херцег Нови приредува свечен ручек на кој
присуствуваа гости од Словенија, Македонија, Србија, Босна, Русија и
амбасадори на државите учеснички на карневалот.
На деветиот меѓународен детски карневалот,
Македонија ја претставуваа ученици од О.У. Рајко Жинзифов од с.Оризари,
општина Велес. Традиционално во недела на 7-ми Јуни за сите учесници се
организира крстарење низ Которскиот залив.