|
„Слобода
на изразување - предизвици и Европски стандарди“
Во периодот од 11 до 14 јуни 2015 година во х.Монтана
Палас, Крушево се реализираа едукативни
работилници на тема „Слобода на изразување-предизвици и Европски
стандарди". Настанот беше организиран од Здружение Институт за развој на
заедницата (ИРЗ) од Тетово, а финансиски поддржан од Совет на Европа.
На работилниците
учествуваа 30
претставници на медиуми и здруженија кои се занимаваат и
работат на теми поврзани со слобода на изразување.
Панелисти беа
новинари и истражувачи од Босна и
Херцеговина, Србија и Македонија, како и претставник од Совет на Европа
кој што имаше презентација на конкретни случаи
кои се водат како предмети во Судот за човекови права во Стразбург. Беа
презентирани и истражувања на тема „Слободата на говорот во Македонија"
како магистерски труд на Јелена Петровиќ.
Активно учество зедоа и новинари од Македонија кои
во своите излагања се задржаа на сопствената слобода на
говорот во Македонија во изминативе 25 години, нивните соочувања со
законот и разрешници на конкретни објавени
новинарски стории за кои биле тужени и истите своите права морале да ги
бараат пред правдата. Констатација на присутните на семинарот беше дека
политиката во Македонија има големо влијание врз слободата на изразување
и дека им недостасува правна заштита.
Организација на жените на општина Свети Николе
|
|