english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Младите од програмата за деца и млади на ОЖО Свети Николе дел од конференцијата „Креирање на ефективни можности за младинско вработување"

Организација на жените на општина Свети Николе со свои четири претставнички учествуваше на завршната конференција „Креирање на ефективни можности за младинско вработување“ одржана во Струга од 21-24.05.2015. Конференцијата беше реализирана од страна на Коалиција на младински организации СЕГА, а финансиски подржана од програмата ЕРАЗМУС+ која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На овој настан имаше вкупно 45 учесници од различни области односно од државни институции и организации и граѓански сектор, кои работеа на формирање препораки од следниве области: политики и мерки за вработување на различни категории на млади, мерки за подршка на претприемништво и самовработување, реплицирање на ЕУ гарантни шеми во Р.Македонија и децентрализација на мерките за младинско вработување.

Целта на оваа конференција беше, преку активно вклучување на младите и младинските организации со структурен дијалог со релевантните засегнати страни, да се формулира официјален документ со препораки за зголемување на младинското вработување и истиот да биде предаден до Министерството за труд и социјална политика. Со добиените препораки се очекува да се зголемат мерките за младинско вработување во приватните компании и да се допринесе за развој на претприемаштвото и самовработувањето на младите во Македонија.

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster