english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ-25 ГОДИНИ АКТИВИЗАМ

Организација на жените на општина Свети Николе на 25 Декември 2015 година одбележа 25 години работа во женското движење за подобрување на општата состојба на граѓаните, за подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права. Во организацијата членуваат повеќе од 500 членови и членки од општината и пошироко од кои околу 30 се активни волонтери и волонтерки и се вклучени во реализација на тековни активности и проекти.

 
     
 

Со нашата досегашна работа се реализирани повеќе од 85 проекти, во делот на здравствената програма се опфатени над 130 000 жени на национално ниво, Програмата за човекови права им даде поддршка на над 18 000 жени, деца и млади, а со Програмата за деца и млади се опфатени над 5700 учесници од целава земја.

 

 

На 23 декември 2015 година во Свети Николе се одржа пригодна прослава по повод 25тиот роденден на Организацијата. На прославата беа поканети и присуствуваа повеќе од стотина членови, волонтери, поддржувачи, претставници од институции и бизнис секторот, партнерски организации итн. Присутните ги поздрави претседателката на Организацијата г-ѓа Даниела Панева која дел од својот говор го посвети на долгогодишната претседателка и лидерка на Организацијата г-ѓа Вера Златева која за жал не е повеќе меѓу нас. Покрај другото на прославата им беа доделени признанија за соработка на долгогодишни партнери и поддржувачи, а беше прикажан и краток документарен филм за 25 годишната работа на Организацијата. ( https://www.youtube.com/watch?v=7byme3GlzTg )

Организацијата и волонтерите кои што се вклучени во голем број со несмален интензитет ја продолжуваат благородната мисија која започна далечната 1990 година.

 
     
 

 

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster