english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 
РЕГИОНАЛНА ПАРТНЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЖЕНИ КОИ ПРЕМЕСТУВААТ ПЛАНИНИ"

Од 6ти до 9ти Ноември 2015 година во Омиш, Хрватска каде што е седиштето на фондацијата Екуменска иницијатива на жени се одржа Регионална партнерска конференција „Жените кои преместуваат планини". На конференцијата учествуваа 69 жени од шест земји од регионот, активистки на граѓански здруженија кои се залагаат и придонесуваат со својата работа за развој на заедницата, остварување на правата и подобрување на статусот на жените и мажите, како и преставници од организации кои го промовираат меѓурелигискиот дијалог и градење на мирот. Од Организација на жените на општина Свети Николе учество на конференцијата зеде Билјана Панева. Учесниците на конференцијата покрај можноста да се поврзат едни со други, да се запознаат, имаа можност и да ги презентираат своите активности и искуства од својата работа и од работата на нивните матични организации. На самата конференција се констатира дека потребата од работа на прашањето за меѓурелигиски дијалог е многу големо, но бидејќи локалните заедници често се затворени за ова прашање овој проблем е малку познат кај пошироката јавност и многу малку се работи на негово надминување.
Учесниците на конференцијата учеа како да се подобри улогата на жените-лидерки преку разработка на повеќе теми, како што се: ненасилна акција, жените иницијатори на социјални промени, женските предизвици со кои се соочува денес религијата, општествени иновации во граѓанското општество, јакнење на жените кога се соочуваат со насилство во семејството и пошироката околина, слобода од насилство, положбата на жените во јавниот живот, работа со бегалци и др. теми.
На конференцијата се заклучи дека неопходно е подобро организирање и поголемо ангажирање на активности за промовирање на позитивните општествени вредности вклучувајки ја сферата на политиката. Се констатира дека треба да се работи и на поголемо вклучување на мажите во женските активности и дека мажите мора да се прифатат како партнери во дијалогот за социјални прашања кои произлегуваат од поделбата на општествените улоги.
Учесниците на конференцијата од ЕИЖ очекуваат во наредните три години подршка и партнерство, особено во предпристапните фондови на ЕУ, како и дека во следните три години Екуменска иницијатива на жените од Омиш ќе биде силна организација-препознатлив регионален лидер на женскиот активизам.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster