english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Кампања за борба против ракот на дојка

Организацијата на жените на општина Свети Николе како дел од својата програмска активност, а во рамки на месецот на борба против ракот на дојка - Oктомври- организираше кампања за информирање и сензибилизирање на јавноста за опасноста од болеста, за начинот на превенирање преку вршење на редовни самопрегледи и мамографски прегледи, за постоперативната терапија и храбро надминување на последиците од болеста.

Како дел од кампања за борба против ракот на дојка, на 29ти Октомври 2015 година, претседателката на Организацијата Г-ѓа Даниела Панева, кординаторката на здравствената програма Г-ѓа Билјана Димова и највозрасната членка во Организацијата Г-ѓа Виолета Мишева ги посетија ординациите во Здравствениот дом Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски" Свети Николе, ПЗУ „д-р Гордана Митева“ и ПЗУ д-р Панче Јосев" и дистрибуираа стотина едукативни флаери на матичните доктори и на присутните лица во здравствениот дом.

 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе, уште од 2000 година активно почна да работи на подобрување на здравјето на жените на локално и национално ниво. После двегодишно лобирање кај релевантните институции заедно со 16 НВО успеа да направи промена во Законот за здравствена заштита .

Организацијата почнувајќи од 2005 година па наваму , во континуитет работи и со група за самопомош, група од 40тина жени заболени и лекувани од оваа болест. Преку редовно организирање на едукативни работилници се пружа соодветна стручна психосоцијална помош и подршка на оваа група на жени од страна на стручни лица - доктор и психолог . Организацијата преку реализирање на вакви активности се стреми да ја зајакне самодовербата на жените од групата за самопомош за полесно надминување на последиците од болеста.

 
     
 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2015 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster