english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

„Локален Волонтерски Сервис“

Организација на жените на општина Свети Николе веќе повеќе од 5 години функционира како Волонтерска инфо точка во рамките на Локалниот волонтерски сервис и во пракса го имплементира Законот за волонтерство на Р.Македонија.

Со донесувањето на Законот за волонтерство во Република Македонија се јави и потребата од неговата имплементација на локално ниво. Со цел волонтерството да добие облик на организирана форма каде волонтерскиот труд ќе биде препознатлив, целта е да се стапи во контакт со општинската администрација, државни органите и јавните институции на локално ниво, да се утврди нивната потреба од ангажирање на волонтери, како и видот на услугите кои би можеле да ги добијат од нив.

 

Оваа година по петти пат успешно се реализираше проектот „Локален Волонтерски Сервис“. Носител на проектот е Младински културен центар–Битола (Волонтерски центар на Македонија), а Организација на жените на општина Свети Николе, заедно со уште 5 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) се имплементатори на проектот на локално ниво во градовите каде работат. Проектот финансиски е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)

 

Проектните активности беа наменети од една страна за младите невработени лица кои сакаат да волонтираат и имаат желба да стекнат работно искуство и навики и од друга страна за јавните институции/организации и државни органи да се отворат за граѓаните, да ги почувствуваат бенефициите од волонтери во нивната институција и доследно да го имплементираат Законот за Волонтерство на Р.Македонија.

 

Со реализирање на проектните активности во изминатиов петгодишен период во Свети Николе беа опфатени 40 волонтери кои волонтираа во 17 јавни институции/организации и државни органи, а за нивниот волонтерски ангажман добиваа соодветен надоместок за трошоци за пат и храна предвидени со Законот за волонтерство. Во последниот циклус од проектот во периодот од почетокот на јануари до крајот на март волонтираа 8 волонтери во 4 јавни институции. Од нив 4 волонтери беа сместени во Општина Свети Николе, 2 волонтери во Фондот за здравствено осигурување и по еден волонтер во Агенција за поддршка и развој на земјоделство и ЗГ Граѓанска иницијатива на жени сите во Свети Николе.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster