english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

100 НОВИ ВОЛОНТЕРСКИ ПОЗИЦИИ ВО ЛОКАЛНИОТ ВОЛОНТЕРСКИ СЕРВИС

ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ

 

 

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на шестиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Струмица, Агтис - Прилеп, Институт за развој на заедницата - Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе.

Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 100 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) во околу 20 општини во Република Македонија. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.

За 50 волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.300 денари месечно од донаторски средства. За дополнителните 50 волонтери очекуваме волонтерските трошоци да бидат покриени од средства кои ќе бидат обезбедени од локални извори на финансирање, од самите локални самоуправи. Во овој циклус вкупно ќе бидат сместени 100 волонтери на тримесечно волонтирање во општините.

Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2015 година.

Пријавата може да ја превземете на следниот линк:

Пријавата за волонтери

Пополнетата пријава за волонтери испратете ја на е-маил адресата на организацијата која е Волонтерска Инфо Точка одговорна за вашата општина:

За Битола и околните општини – Младински културен центар – Битола: mkcbt@t-home.mk

За Скопје и околните општини - Младински образовен форум: policy@mof.org.mk

За Прилеп и околните општини – АГТИС: agtis@t-home.mk

За Тетово и околните општини – Институт за развој на заедницата: info@irz.org.mk

За Струмица и околните општини – Младински совет Струмица: mladinskisovetstrumica@gmail.com

За Кавадарци и околните општини – СППМД: contact@sppmd.org.mk

За Свети Николе и околните општини – Организација на жени: womsvetinikole@yahoo.com

Рокот за пријавување е до 25 декември 2014 година. Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster