english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

Конференција „Добри практики“ Драч –Албанија
24.06 – 27.06. 2014
година

Фондацијата Kvinna Till Kvinna од Стокхолм, Шведска во периодот од 24 до 27 Јуни 2014 година организираше Конференција „Добри Практики" во Драч, Албанија, наменета за партнерските организации од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска за кои Kvinna Till Kvinna обезбедувала или сеуште обезбедува одредена финансиска поддршка.

Основна цел на конференцијата беше да им се даде можност на партнерските организации на KTK да разменат искуства на добри практики како и можности за вмрежување.

 

За исполнување на поставените цели на Конференцијата беа организирани мошне интересни работилници. Некои од работилниците беа базирани исклучиво на споделување на идеи и добри практики меѓу активистките – учеснички, додека други пак беа организирани како традиционални семинари на кои беа обработени одредени специфични теми.

На работилниците беа опфатени следните теми:

  • Вклучување на нови активистки

  • Уметноста како алатка за социјални промени

  • ЕУ залагања- добри совети и практични примери

  • Резолуција на ОН 1325 - Жени мир и сигурност, Национални акциони планови - превземање на контрола и утврдување на одговорности

  • Бранителки на женски човекови права - работа спрема смерниците на ЕУ и Резолуциите на ОН

  • Работа за спречување на насилство врз жените на државно и локално ниво - искуства од регионот

  • Работа со жени политичарки - искуства од регионот

  • Коко нашите пораки да стигнат до оној на кој се наменети - Алатки за комуникација и залагање.

  •  

    Учесничките имаа можност да изберат да учествуваат на пет работилници со теми за кои сметаа дека ке им бидат најкорисни за идната работа во граѓанскиот сектор.Организацијата на жените на општина Свети Николе на Коференцијата ја преставуваше Вера Златева.

     

    Организација на жените на општина Свети Николе

     
     

    прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
    © 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
    Сите права се задржани Webmaster