веде обука за 10 млади од општина Свети Николе -
Како до кампања за застапување?
Обуката беше реализирана
на 18 и 19 октомври 2014 година во
партнерска соработка на Организацијата на жените на
општина Свети Николе
и Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД)
од Куманово. Обуката е дел од пошироката кампања
организирана од страна на Националниот младински совет на Македонија
(NYCM) во неколку градови низ земјата.
Десет млади луѓе од Свети Николе учеа како да се
соочат со предизвикот да работат на прашања кои се од младински интерес
и "Како да се направи кампања за застапување".
Во првиот дел од обуката беа разработени теми за
Активно младинско учество, Демократско учество и Што е кампања за
застапување? Во вториот дел од обуката се работеше на припрема на
предлог кампања за застапување. Обуките беа спреведени со интерактивни
методи и активно учество на сите присутни учесници . Обучувачи на оваа
обука беа Лендита Ајдини и Милош Ристовски.
Целта на овој проект е да ѓи поттикне и мотивира
младите луѓе да развијат и имплементираат свои проекти во согласност со
потребите на заедницата.