Документот
за јавни политики ги содржи резултатите добиени од истражувачкиот проект
„Истражување за застапеноста на судир на интереси и корупција во
јавната администрација во Општина Свети Николе, при распределба на
средствата од општинскиот буџет за здруженија на граѓани и ранливи
категории на граѓани“ во реализација на Организација на жените на
Општина Свети Николе, а кој е дел од проектот „Граѓанска мрежа за
спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“,
спроведуван од Институтот за демократија „Societas Civilis“ Скопје
(ИДСЦС), Охридскиот институт за економски стратегии и меѓународни
односи“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а финансиран од
Европската унија.
Организацијата на жените на Општина Свети Николе пред
реализацијата на истражувањето, како проблем го идентификува немањето на
доволно достапни информации за прибирање и трошење на средствата од
општинскиот буџет, особено за распределба на средствата за невладини
организации и ранливи категории на граѓани. Локалната самоуправа на
Општина Свети Николе настојува да биде транспарентна во својата работа
објавувајќи информации преку нејзината веб страница, локалните медиуми,
брошури и сл., но, сепак, информациите кои ги добиваат граѓаните
најчесто се за постигнатите позитивни резултати, но не и за конфликти на
интереси и корупција во јавната администрација при трошењето на парите
на граѓаните.
Целта на оваа анализа е да се даде јасна слика за
состојбите во делот на појавите на судир на интереси и корупција во
јавната администрација на локално ниво и нивото на транспарентност при
распределба на средствата од општинскиот буџет за здруженијата на
граѓани и ранлива та категорија на граѓани.
Овој документ дава појасна слика за распределба на
општинските пари до локалните здруженија на граѓани и ранливите
категории на граѓани, за соработката и поддршката во заеднички
иницијативи и активности, како и за позитивните но и негативните
практики.