english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
   

Скопје

27.10.2014

 

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта во соработка со Организација на жените на општина Свети Николе

објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор за најдобра новинарска статија на темата

ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Здружението на граѓани „Отворена Порта‘‘ распишува јавен повик за избор за најдобра новинарска статија на темата ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ како дел од кампањата „Крени го гласот против трговијата со луѓе“ финансиски поддржана од Европска Унија. Оваа награда има за цел да придонесе во борбата против трговијата со луѓе со посебен фокус на трудова експлоатација, да ја зголеми јавната свест во однос на овој проблем посебно помеѓу младите и да придонесе во подобрување на идентификацијата.

Сите заинтересирани новинари од печатените, електронските и интернет медиумите, најдоцна дo 16ти март 2015, имаат можност да аплицираат за наградата. Секој апликант може да поднесе една или повеќе статии објавени во периодот од 1 јануари 2014 до 28 февруари 2015 година

Новинарските статии треба:

• да ја обработуваат темата трговија со луѓе и да претставуваат автентично новинарско истражување спроведено од самиот автор;

• да претставуваат синтеза од повеќе проверени извори, а темата да биде обработена од различни агли;

• да имаат свое влијание врз јавностаи/или да предизвикале општествена акција

• да ги запазат етичките стандарди

За најдобрите новинарски статии ќе бидат доделени парични награди од:

- 1 награда 450 евра

- 2 награда 350 евра

- 3 награда 250 евра

Еден примерок во изворниот формат и 2 копии да се достават во Организација на жените на општина Свети Николе најдоцна до 16ти март 2015:

- По пошта: ул.Ленинова бр.1 Свети Николе 2220

- По електронска пошта: womsvetinikole@yahoo.com

- Или лично да се достават во канцеларијата на Организација на жените на општина Свети Николе.

Доколку ви се потребни дополнителни информации, контактирајте не на: 032444620 или womsvetinikole@yahoo.com

Контакт лица: Даниела Панева и Вера Златева

Овoј проект е финасиран од страна на Европската Унија

Оваа активност е дел од проектот Крени го гласот против трговијата со луѓе

(Raise your voice against human trafficking) кој што го спроведува Отворена Порта

 

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жените - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster