1. Предмет на
јавниот повик е избор на 4 најдобри медумски производи на тема „Трговија
со луѓе“. Конкурсот го распишува Здружението за акција против
насилство и трговија со луѓе - Отворена Порта, како дел од кампањата
„Крени го гласот против трговијата со луѓе“ финансиски
поддржана од Европска Унија.
Средношколците може да аплицираат на конкурсот со мултимедијален
производ кој што користи компјутер и било која комбинација од три или
повеќе од следниве дигитални медиумски видови: текст, звук, видео,
графика и анимација.
Мултимедијалниот производ може да биде од забавен, едукативен или
информативен карактер, да ја обработува темата трговија со луѓе, да биде
иновативен и креативен.
2. Право на
учество имаат средношколци на возраст од 14 до 18 години од
Р.Македонија здружени во тимови или индивидуално, под менторство на
наставниците од своите училишта.
Учесниците
може да конкурираат со повеќе исти или различни медиумски производи.
Учесниците може да ги изработуваат производите во група со други
соученици или пријатели.
Форматот на видеото мора да биде компатибилен со YouTube.
3. Награди:
Сите
селектирани мултимедијални производи ќе бидат постирани на социјалната
мрежа facebook на Отворена Порта. Онлајн публиката ќе избере еден
најдобар медиумски производ со ставање на like кои ќе ја добие и
најголемата парична награда во вредност од 150 евра.
Другите три најдобри идеи ќе бидат селектирани од
стручно жири и ќе бидат наградени со парична награда од 100 евра.
4.Пријавување
Кандидатите треба изработениот продукт да го испратат на
е-адресата womsvetinikole@yahoo.com
најдоцна до 31ви декември 2014.
Доколку ви се потребни дополнителни информации,
контактирајте не на:
032 444620 или
womsvetinikole@yahoo.com
Контакт лица: Даниела Панева и Вера Златева
Овој
проект е финасиран