english

or you can choose your language below
 

профил

активности инфо галерија контакт
 

 

Жените од регионот активни чинители во градењето на мирот

Во период од 1 Декември 2013 год. до 28 Февруари 2014 година Организација на жените на општина Свети Николе го реализираше проектот “Жените од регионот активни чинители во градењето на мирот” кој финансиски беше поддржан од Екуменска иницијатива на жени – Омиш, Република Хрватска. Предизвиците за изградбата на мирот и сигурноста иницираа воспоставување на позитивни промени во однос на постоечките негативни етнички ставови – предрасуди и стереотипи, како и зголемување на етничката интеракција и граѓанскиот активизам преку воспоставување на дијалог, разрешување на конфликти, градење на мир.

За таа цел Организација на жените на општина Свети Николе и НВО Центар за промоција и едукација QPEA од Косово со спроведувањето на проектните активности дадоа придонес во зголемувањето на интеракцијата помеѓу жените во заедниците и нивните пошироки врски со другите засегнати страни со намера за   превенција на конфликти, воспоставување на дијалог, поголемо учество на жените во процесите на донесување на одлуки и заедничко делување кон етничко помирување и градење на мирот во заедницата.

 
     
 

Во рамките на проектот беа реализирани 2 работилници- една во Свети Николе, Р.Македонија и една работилница во Ферезај, Косово. Во работилниците беа вклучени 41 жена и целта беше да се создаде сигурен простор за различностите, да се стекнат знаења за разработка на конфликти и техники на ненасилната комуникација. Тимската работа и моделите на работа кои се одвиваа на самата работилница им овозможи на учесничките да го зголемат меѓусебното почитување, чувството на заедништво, толеранција, солидарност и други вредности кај целната група.

 
     

Исто така во рамките на проектот од 30 јануари до 2 февруари 2014 година се одржа и четири дневен семинар во Битола. На него учествуваа вкупно 20 учеснички - 11 учеснички од Македонија и 9 учеснички до Косово.

 
     
 

На семинарот беа опфатени следниве теми:

-Стереотипи и предрасуди

-Интер - етнички дијалог и толеранција

-Разрешување на конфликти, мир и соживот

-Резолуцијата 1325 на Обединетите нации(жени, мир и сигурност)

-Националниот акционен план за Резолуцијата 1325

-Зошто жените во донесувањето во процесот на донесување на одлуки

-Механизам за родово и етничко вклучување

 
     
 
     
 

Од овој семинар како препораки и заклучоци произлезе дека Организацијата секогаш прави напори да ја истакне улогата на жените како активни чинители во градењето на мирот преку имплементација на Резолуцијата на ОН 1325 – жени мир и сигурност. Затоа многу е важно да се одржуваат и други активности, да се организираат работилници, тренизи и дебати околу ова прашање се со цел да имаме понатмошно подобрување на улогата на жените во процесите на донесување на одлуки и креирање на локални политики, одржување на мир и соживот во локалните заедници. Една од најважните алатки за постигнување на горенаведените заклучоци е јакнење на капацитетите на жената и нивната улога во општеството, како и нивно активно учество во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.

Организација на жените на општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2014 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster АлБог