македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Здравствени работилници за жените во руралните средини

ОЖО Свети Николе во рамките на проектот Унапредување на здравјето на жените 2 финасиран од Kvinna till Kvinna во текот на Март - Април 2006 се одржаа 6 работилници за жените во с. Амзабегово и Лозово . Со одржаа по 3 работилници со следниве теми Менопауза, Покачен крвен притисок и Остеопороза. На овие предавања присуствува по 25 жени од секое село . Целна група беа жени на возраст над 35 години односно жени кои влегуваат во периодот на менопаузата.

Жените кој влегуваат во периодот на менопауза се среќаваат со одредени здравствени проблеми. Многу пати поради непознавање на причините за ваквата состојба не знаат како да се заштитат и каде да се обратат за совет. Кај жените во менопауза се влошува здравствената сосотојба, се јавува зголемен крвен притисок , остеопороза и појава на срцеви заболувања. Посебно е ризично за жените во руралните места кои се одалечени од здравствените установи и не можат да се јават навремено на лекар и да добијат совет за надминување на овие проблеми.

Целта на работилниците беше зголемување на информираноста кај жените за проблемите во менопаузата и начините за полесно надминување на овие проблеми.

Работилниците беа успешни и жените беа заинтересирани да слушаат за тоа како можат да си го зачуваат своето здравје. Работилниците беа интерактивни и секоја од присутните жени можеше да поставува прашања за своето здравје . Најголем дел од присутните се наоѓаат во периодот на климактериум и беа задоволни да добијат информации за тоа како можат полесно да ги пребродат сите последици и да научат како да си го подобрат своето здравје.

Работилниците беа водени од еукаторките д-р Гордана Митева и од психологот Емина Петкова.

 

 

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2006 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster А.Б.