Сите за подобро утре
Организација на жените на општина Свети Николе во
период од 1 ноември 2008 година до 31 јануари 2009 година
реализира активности од проектот “Сите за подобро утре“кој
финансиски е подржан од Екуменска иницијатива жена – Р.Хрватска.
Целта на проектот е запознавање на традицијата, културата и обичаите
на различните верски заедници и правење чекор напред во градењето на
мегуверската толеранција , надминување на предрасудите и стереотипите во
средини каде што живее мултиетничко население. Во рамките на
проектот целодневни едукативните работилници беа одржани во Кичево
на 15.11.2008 година во Битола на 16.11.2008, на 30.11.2008 во
Куманово и на 06.12.2008 во Струмица.
На едукативни работилници присуствуваа по 20 жени на
возраст над 20 години од различна националност (Македонки, Албанки,
Србинки, Турчинки, Влаинки и Ромки) со различна верска определба
(Православна, Католичка, Протестантска и Муслиманска). Во секоја целна
група една од учесничките беше теолоѓиња или историчар на религија.
На
едукативните работилници се работеше на четири теми
§ Комуникација
§ Идентитет
§ Меѓурелигиски дијалог
§ Надминување на страв од разлики
Проектот допринесе учесничките во проектните
активности преку интерактивна работа и преку комуникација да разменат
ставови и мислења , подобро да се запознаат и развијат дијалог. Преку
дијалогот претставничките на верските заедници имаа можност да
разговараат и да ги надминат предрасудите и стереотипите кои постојат
кај нив.
Учесничките отворено поразговараа за традицијата и
обичаите кај различни верски заедници , по што една верска заедница се
разликува од друга , а со тоа да допринесат кон зајакнување на
меѓусебната соработка и подобар соживот во средината во која живеат.
Фросина Мишева
Организација на жените на Општина Свети Николе