македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Развивање на доброволна работа меѓу деца и млади на териториите
на Западен Балкан и начи на подготовка на граѓанството во демократско општество
 

По завршување на огласот за пријавување на волонтери во средното општинско училиште “Кочо Рацин” се пријавија 56 волонтери, во основното училиште ”Гоце Делчев” 40 волонтери, во основното училиште ”Кирил и Методиј” 23 волонтери, а во основното училиште Даме Груевод село Ерџелија 23 волонтери. Во период од 6 до 14 Октомври 2008 година секој ментор организираше средба со родителите на децата - волонтери и обуки за самите волонтери. На средбите родителите беа информирани за активностите и целта на волонтерската работа и потпишаа согласност за волонтерска активност на нивните деца.

 

На обуката волонтерите беа запознаени со улогата и значењето на волонтерството, нивните обрски и одговорности. Во период од 17 Октомври до 30 Октомври 2008 година менторите со помош на класните и предметните наставници од училиштата регрутираа деца на кои им е најпотребна помош и се корисници на волонтерски услуги.

 

До 30 Октомври секој волонтер имаше дете корисник на волонтерски услуги и добија тетратки и пенкала за евидентирање на средбите и активностите. Волонтерите даваат услуги на деца кои имаат проблеми со совладување на материјата по предметите математика, англиски јазик , стручен предмет. Децата корисници се со македонско и ромско потекло и меѓу нив две деца се со оштетен слух и со физички и ментален хендикеп. Волонтерската работа се одвива во рамките на училиштата, во домашни услови и секој ментор врши мониторинг на своите волонтери.

 

Во рамките на проектот работниот тим се договори Организација на жените на општина Свети Николе да се вклучи во одбележување на Светскиот ден на волонтерската работа – 5 Декември . На 5 Декември 2008 година во салата на собрание на општина Свети Николе се одржа мала културно забавна програма. На почетокот на програмата излагање имаше Претседателката на Организација на жените на општина Свети Николе г-ѓа Вера Златева која ја истакна важноста на волонтерската работа и можностите кои таа ги нуди. Исто така учество зедоа директорите и волонтерите од основните училишта “Кирил и Методиј”, ”Гоце Делчев” од Свети Николе и “Даме Груев“ од Ерџелија, средноопштински училишен центар “Кочо Рацин” и детската градинка “Рахилка Гонева”. На сите волонтери им беа поделени маици и на крајот имаше мал скромен коктел.

 

Фросина Мишева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Ал.Бог.