КРЕИРАЊЕ НА УСЛОВИ ЗА ПОПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО
Организацијата на жените на Општина Свети Николе како
дел од проектот ,,КРЕИРАЊЕ НА УСЛОВИ ЗА ПОПРАВЕДНО ОПШТЕСТВО,,
финансиран од Шведската фондација KVINNA TILL KVINNA , а во рамки
на меѓународната кампања „16 дена активизам против семејното насилство
врз жените” која трае од 25 Ноември до 10 Декември ги реализираше
активности :
1-изработка
на постер ,,Стоп на семејното насилство,,
Сликата на постерот е преземена од првонаградениот цртеж на ученикот
Никола Костовски
добитник-пријавен на конкурсот за најдобар цртеж на тема ,,Стоп на
семејното насилство,, а проектна активност на Организацијата во
партнерство со НВО Ауерола од Струга.
2-изработка на виолетови машнички
Виолетовите машнички кои преставуваат симбол на борба против семејното
насилство беа изработени од страна на членките на Организацијата на
жените на Општина Свети Николе.
3-
дистрибуција на постерите низ градот и делење на виолетовите машнички на
жените од општина Свети Николе
Членки на
Организацијата на жените на Општина Свети Николе во текот на 16 дена
борба против семејното насилство низ градот , дистрибуираа постери со
наслов ,,Стоп на семејното насилство,, и закачуваа виолетови машнички на
жените од општина Свети Николе
4-реализација на ТВ емисија на локалната ТВ Свет
На 5ти
декември 2008 година беше реализирана едночасовна ТВ емисија на
локалната ТВ Свет под наслов ,, 16 дена активизам против семејното
насилство врз жените,, На ТВ емисијата гости беа : претседателката г-ѓа
Вера Златева и правничката г-ѓа Даниела Панева - преставнички од
Организацијата на жените на Општина Свети Николе , од Министерството за
Труд и Социјална Политика гостуваше г-ѓа Ирена Казаковска , од Центарот
за Социјална работа на Оптшина Скопје г-ѓа Благица Качанска и
преставничка од Центарот за Социјална работа на Општина Свети Николе
г-ѓа Даница Наскова. Вовед за гостувањето на емисијата даде
претседателката на Организацијата Г-ѓа Вера Златева која воедно
даде и краток осврт на текот на кампањата за борба против семејното
насилство и реализираните активности од страна на Организацијата како
проектна активност , а финансирана од повеќегодишниот донатор Шведската
фондација КВИННА ТИЛЛ КВИННА .
|
|
|
Г-ѓа Даниела Панева правничка од
Организацијата на жените на Општина Свети Николе зборуваше за работата
во канцеларијата за бесплатна правна помош која континуирано работи веќе
две години.Во текот на 2008 година се регистрирани 73 случаи за правна
помош од кои 5 тужби се за извршено семејно насилство (4 од брачен
другар и 1 од вонбрачен другар), 13 тужби се за развод на брак поради
извршено семејно насилство и 6 анонимни телефонски јавувања за стручен
совет поради претрпено насилство.
Ѓ-ѓа Благица Качанска - социјален работник од
Центарот за Социјална работа на Општина Скопје говореше за зголемувањето
на бројката на жртви од семејно насилство , преземените мерки од страна
на центарот и за потребата од работење и со насилникот не само со
жртвата на семејно насилство бидејки е потребно ресоцијализација за
двете страна .
Г-ѓа Ирена Казаковска раководител на оделение
за семејно насилство како преставничка од Министерството за Труд и
Социјална Политика ја презентираше националната стратегија за борба
против семејното насилство , преземените мерки од страна на државата и
позитивното искуство од соработката на владините институции со
невладиниот сектор во борбата против семејното насилство .
Од
Меѓуопштински Центар за Социјална работа на Општина Свети Николе
присуствуваше директорката Г-ѓа Даница Наскова која изјави дека
во текот на годинава во Центарот има поднесено 8 пријави за извршено
семејно насилство од кои и еден случај маж -жртва на насилство и дека со
нив работи стручен тим .Во продолжение директорката истакна дека постои
голема потреба за да се работи и со насилниците., а не само со жртвите
на семејно насилство.
На крај од
емисијата беа упатени пораки до јавноста дека семејното насилство не
треба да се сокрива треба да се пријави и надлежните институции да
преземаат мерки за заштита на човековите права.
Даниела Панева
Организација на жените на Општина Свети Николе