МЛАДИ ВО АКЦИЈА - ВИСТИНА ИЛИ ПРЕДИЗВИК
“Организација на жените на Општина Свети Николе“ го
реализараше проектот „Млади во акција – вистина или предизвик”,
кој беше финансиски подржан од Агенција за млади и спорт на Република
Македонија.
Општа цел на проектот
Промоција на програмата Млади во акција на Европската
Комисија и стекнување на способности за начинот на аплицирање во оваа
програма.
Конкретна цел на Проектот
Дводневна обука одржана на 20 и 21 септември 2008
година со учество на 20 членови од 20 младински НВО и Организации
кои работат со млади (од разни делови на Република Македонија), преку
која ќе ги зајакнат сопствените капацитети и капацитетите на нивните НВО
за директно вклучување во програмата Млади во акција.
Активности
Семинарот се одржа на 20 и 21 Септември на кој
учествуваа 20 млади од повеќе градови во Македонија со различна верска,
социјална и полова припадност. На првиот ден од работата се започна со
презентирање на официјалниот видео спот на програмата Млади во акција, а
потоа следуваше работниот дел каде се презентираа програмите: Млади од
2000-2006 година и Младите за Европа од 1989-1999 година и целата
програма Млади во акција на Европската Комисија 2007-2013 која е
продолжение на претходните две програми. На оваа презентација беа
прикажани сите составни делови на програмата Млади во акција: цели,
приоритети, нејзини имплементатори, значајни карактеристики, структура
по акции и суб-акции и корисни линкови. Учесниците на семинарот беа
запознаени со улогата на
Националната Агенција за Европски Образовни
Програми и Мобилност.
На 21 Септември, претставници на една од
контакт точките на програмата Млади Во Акција за
Македонија - Creactive – Скопје, Драган Атанасов и Драган
Маркоски, имаа свое излагање пред учесниците, при што го објаснија
начинот на кој е организирано раководството на Програмата Млади во
акција, значењето и функцијата на контакт точките и активностите на
Creactive. И на крај имаше презентација на начинот за потполнување на
апликацијата за акцијата 3.1 од програмата Млади во акција, почнувајќи
од писмото за повик, изборот на партнерите, испраќање и примање на делот
парт III од апликацијата, како и потребната документација која треба да
се приложи со апликацијата.
Очекувани резултати
-
Стекнати
знаења, способности и ставови за соочување со големите предизвици на
Европското општество.
-
Воспоставување соработки кои водат до подобра комуникација и истакната
важност на културно збогатување засновано во различноста и размената
на искуствата.