Обука за ментори во Словенија
Преставници на Организацијата на жените на општина
Свети Николе, Локалната самоуправа и наставен кадар од основните и
средното училиште од Свети Николе, во периодот од 21-24 Август 2008,
учествуваа на обука за ментори во организација на Словенска
филантропија од Љубљана.
Учесниците на обуката “Развивање на
доброволната работа со деца и млади на територии на Западен Балкан и
начин на подготовка на граѓанството во демократското општество”споделија
искуства од досегашната работа на полето на волонтерството во своите
држави, се запознаа со словенскиот модел на доброволна работа со
млади во училиштата и придобивки од доброволната работа за
младите. Обуката беше финансирана од Американските амбасади во
Р.Македонија, Албанија, Косово, Србија и Словенија. Обуката се одржа во
Ново Место, Р.Словенија.
На обуката покрај претставниците од Македонија
учествуваа и граѓански организации од Албанија, Косово, Србија и
Словенија.
На учесниците на обуката во Ново Место им се обрати
Првата Дама на Република Словенија Г-ѓа Барбара Миклиќ Тирк, а во
Љубљана имаа свечен прием во резиденцијата на Американскиот
амбасадор во Словенија.
Тимот ментори од Република Македонија ќе работи на
обука со 150 млади волонтери, кои во период од една година ќе работат
на волонтерството како модел на давање на социјални услуги на
деца и млади во општина Свети Николе.
Август 2008
година
Александар
БОГАТИНОВ
Организација
на жените на Општина Свети Николе