македонски

english

профил

активности инфо галерија контакт
 

Работилници за Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените

Организацијата на жените на општина Свети Николе од почетокот на 2008 година реализира 6 работилници за Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените (CEDAW). Во периодот Април - Мај 2008 се одржаа 4 работилници во Кочани, Пробиштип, Македонска Каменица и Куманово, а во Септември во Свети Николе и Штип. Работилниците се реализираат во рамките на проектот Креирање на услови за поправедно општество финансирано од Шведската фондација Квинна Тилл Квинна. На работилниците присуствуваа 115 учеснички (Кочани 21, Пробиштип 20, Куманово 15, Македонска Кеменица 20, Штип 15, Свети Николе 24) претставници од државните институции и локалните НВО.

Целта на овие работилници беше зголемување на информираноста за CEDAW конвенцијата и начинот на заштита на женските права согласно меѓународните правни инструменти. Македонија е потписничка на овој документ, па согласно на тоа има обврски одредбите од Конвенцијата да ги инкорпорира во домашното законодавство.

 

Текот на едукативните работилници беше поделен на два дела. Во првиот дел се дискутираше за дискриминацијата и разните форми на насилство врз жените. Се забележа дека учесничките може да се препознаат разните форми на дискриминација врз жените. Исто така следеше презентација на историјатот и содржината на Конвенцијата. Во вториот дел присутните се запознаа со работата на CEDAW комитетот кои ги разгледува извештаи на земјите за положбата на жените кои се поднесени од страна на Владите на државите. Беше опишана постапката за поднесување на извештај од страна на Владата на секоја држава која е должна да го поднесе до Комитетот во определен временски период. Посебно внимание се обрна на можноста и НВО-и да подготват свои Извештаи во сенка и истите да ги достават на разгледување до комитетот. На крајот беше дискутирано за поднесениот извештај од Владата на РМ во 2006 и Извештајот во сенка поднесен од ЕСЕ. Се забележа дека е потребно да се работи многу на исполнување на препораките кои се добиени од CEDAW комитетот, а кои треба да придонесат за подобрување на положбата на жените во Македонија.

 

Работилниците траеја по 3 часа (2 дела по 90 минути). Работилницата беа организирана од локалните партнер организации : ОЖ Кочани, ОЖ Пробиштип, ОЖ Македонска Каменица, ОЖ Кумановка, Нов живот - Штип и ОЖО Свети Николе. До крајот на годината ќе се одржат уште 7 работилници во Дебар, Гевгелија, Прилеп, Битола, Крива Паланка, Струмица и Скопје. На учесничките им беше дистрибуирана и брошурата CEDAW.

Радмила Сандева
Организација на жените на Општина Свети Николе

 
 

прва страна | профил | активности | инфо | галерија | контакт
© 2003-2008 Организација на жени - Свети Николе.
Сите права се задржани Webmaster Александар Богатинов